Friday, January 6, 2012

Полугодишен тест по хемија за 7 одделение

ОУ „Димитар Миладинов“ Општина Центар Скопје
Полугодишен тест по хемија за 7 одделение 
предметен наставник Аида Петровска
ученик: ___________________________________ одд.: _____
освоени бодови: ___ оцена: ____________


УПАТСТВО ЗА РАБОТА
Тестот содржи 40 прашања од наставен материјал по хемија што го изучивте во првото полугодие. 
На секое прашање треба внимателно и уредно да одговориш. Прво внеси ги општите податоци што ти се бараат. 
Одговори ги оние прашања за кои си сигурен, а потоа врати се на потешките.
Евентуални поправки во одговорите нема да се признаваат.
Работи со пенкало.
Не смееш да користиш коректор.
Тестот трае 40 минути.

ВНИМАВАЈ,
ИЗБЕРИ ГО ТОЧНИОТ ОД ПОНУДЕНИТЕ ОДГОВОРИ И ЗАОКРУЖИ ЈА БУКВАТА ПРЕД ОДГОВОРОТ.

НАЧИН НА БРЕДНУВАЊЕ:
За секој точен одговор се добива по 2 поени.
За секој неточен одговор се одзема 0,5 поени.
За да се избегне негативен вкупен резултат на крајот се додаваат 20 поени, така да вкупниот можен број на освоени поени е 100.
од 0 до 59,5 поени – недоволен 1;
од 60 до 70,5 поени – доволен 2;
од 70 до 87,5 поени – добар 3;
од 88 до 93,5 поени – многу добар 4;
0д 94 до 100 поени – одличен 5.


1. Природни науки се:
а) физика, географија, биологија;
б) биологија, математика, хемија;
в) физика, историја, биологија;
г) астрономија, математика, биологија.


2. Кои од наведените тврдења се точни:
Хемијата има важна улога:
1. во искористување на отпадоците 2. во битката за храна
3. во меѓучовечките односи, 4. во сечењето на дрвјата.
а) точно тврдење е 1 и 3;
б) точно тврдење е 2 и 3;
в) точно тврдење е 1 и 4;
г) точно тврдење е 1 и 2;


3. Истражувањето започнува со:
а) мерење;
б) набљудување;
в) донесување заклучоци;
г) експериментирање.


4. Во хемијата најчесто се врши мерење на:
а) должината, масата, брзината, густината, тежината;
б) температурата, ширината, тежината, времето, густината;
в) густината, волуменот, масата, времето, температурата;
г) масата, должината, тежината, времето, висината.


5. Како замена на реалната слика на објектот или поимот се користат:
а) атоми, б) модели, в) молекули, г) постери


6. Својствата на супстанците се делат на:
а) биолошки и физички;
б) физички и географски;
в) хемиски и физички;
г) хемиски и биолошки.


7. Со сетила за мирис се откриваат:
а) физички својства;
б) биолошки својства;
в) хемиски својства;
г) хигиенски својства.


8. Во физичките својства спаѓаат:
а) горење;
б) спроведување на топлина;
в) гниење;
г) оксидирање.


9. Способноста на бензинот да гори спаѓа во:
а) хемиски својства;
б) географски својства;
в) физички својства;
г) биолошки својства


10. Супстанците можат да бидат:
а) чисти и валкани;
б) смеси и чисти;
в) смеси и смешани;
г) смешани и несмешани.


11. Кои од наведените процеси се физички, а кои се хемиски?
1. топење на восок при добивање на свеќи; 
2. пржење јајца;
3. сушење на влажна коса; 4. киселење на млеко.
а) физички: 2 и 3, а хемиски 1 и 4;
б) физички: ниту еден, а хемиски: сите;
в) физички: 1 и 3, а хемиски 2 и 4;
г) физички: 1 и 4, а хемиски 2 и 3.


12. На разликите во кое физичко својство се базира одвојување на супстанците од смеса со дестилација?
а) испарливост; 
б) температура на вриење 
в) кондензација;  
г) растворливост.


13. Кои од наведените супстанци се чисти супстанци, а кои смеси?
  1. бензин; 2. графит; 3. сребро; 4. вино; 5. сулфур.
а) чисти супстанци: 2, 3, 4, 5, а смеси:1;
б) чисти супстанци: 3, 4, 5, а смеси: 1 и 2;
в) чисти супстанци: 2, 3, 5, а смеси 1 и 4.
в) чисти супстанци: 2, 3, 4, а смеси 1 и 5.


14. Во природата супстанците најчесто се јавуваат во вид на:
а) чисти супстанци;    б) смеси    в) поле;   г) минерали.


15. Раствори се:
а) течности;   б) чисти супстанци;   в) смеси;   г) гасови


16. Својства на смесите се:
а) променливи;  б) непроменливи;  в) постојани;  г) цврсти.


17. Со мешање на чисти супстанци се добиваат:
а) смеси;    б) атоми;    в) талог;    г) остануваат чисти.


18. Растворливата супстанца и растворувачот во растворот:
а) ги губат својствата;
б) ги задржуваат својства;
в) добиваат нови својства;
г) се неутрализираат.

19. Според количеството растворена супстанца, растворот може да биде:
а) сладок;     б) заситен;     в) солен;     г) течен.


20. Раствор со мало количество на растворена супстанца го нарекуваме:
а) концентриран раствор; 
б) разреден раствор;
в) заситен раствор; 
г) течен раствор.

21. Кое од дадените тврдења е точно:
  1. Основна честичка од која можеме да сметаме дека се изградени супстанците се нарекува атом.
  2. Молекулите се посложени честички од атомите.
  3. Молекулите можат да бидат изградени од атоми од ист вид или од различни атоми.
  4. Атомите се посложени од молекули.
  5. Молекулите се изградени од јадро и електронските обвивки.
а) точни тврдења се 1, 2 и 5.
б) точни тврдења се 2, 3 и 4.
в) точни тврдења се 1, 2 и 3.
г) точни тврдења се 1, 3 и 5.

22. Кое од дадените тврдења е точно:
1. Прости супстанци се делат на метали, неметали, полуметали.
2. Повеќето метали се во тврда агрегатна состојба.
3. Повеќето неметали се во тврда агрегатна состојба.
4 Неметали се наречени семиметали.
а) точни тврдења се 1 и 3;
б) точни тврдења се 3 и 4;
в) точни тврдења се 1 и 2.
г) точни тврдења се 2 и 4.

23. Кое од дадените тврдења е точно:
  1. Во природата има околу 110 соединенија;
  2. Соединенијата немаат постојан состав;
  3. Соединенијата имаат постојан состав.
  4. Молекулите на соединенијата се составени од најмалку два различни атоми;
  5. Соединенијата се составени од најмалку два различни елементи.
а) точни тврдења се 1, 2 и 3;
б) точни тврдења се 2, 4 и 5;
в) точни тврдења се 3, 4 и 5;
г) точни тврдења се 1, 3 и 5.

24. Кое од дадените тврдења е точно:
1. Својствата на соединенијата се различни од својствата на прости супстанци на кои се разложуваат.
2. Својствата на соединенијата се исти со својствата на простите супстанци на кои се разложуваат.
3. Соединенијата можат да се разложат на прости супстанци од кои се составени.
4. Соединенијата не можат да се разложат на прости супстанци од кои се составени.
а) точни тврдења се 1 и 3;
б) точни тврдења се 1 и 4;
в) точни тврдења се 2 и 4;
г) точни тврдења се 2 и 3.

25. Кое од дадените тврдења е точно:
1. Еднородни атоми имаат еднаков број протони и електрони;
2. Еднородни атоми имаат различен број на протони и електрони;
3. Еднородни атоми имаат исти карактеристики;
4. Еднородни атоми немаат исти карактеристики.
а) точни тврдења се 2 и 4;    б) точни тврдења се 1 и 4;
в) точни тврдења се 1 и 3;    г) точни тврдења се 2 и 3.

26. Кое од дадените тврдења е точно:
а) На собна температура сите неметали се во гасовита агрегатна состојба;
б) Во семиметали спаѓа железо и бакар;
в) Металите се добри спроводници на топлина;
г) Металите се добри изолатори.

27. Кое од дадените тврдења е точно:
а) Кристализација е преминувње на супстанците од цврста во гасовита агрегатна состојба;
б) Ако растворот од две или повеќе течности, состојките се одделуваат со фракциона дестилација;
в) Ако растворот е составен од две или повеќе течности, состојките се одделуват со декантација,
г) Декантација е преминување на супстанците од гасовита во цврста агрегатна состојба.

28. Како се чита хемискиот систем Si?
а) с – и      б) си – и        в) ес – и        г) ис – и

29. Кои од следниве формули се формули на елементарни супстанци, а кои на соединенија?
1. P4       2. H2SO4       3. S8         4. NO         5. O3
а) елементарни супстанци: 3 и 5, а соединенија: 1, 2 и 4;
б) елементарни супстанци: 3, 4 и 5, а соединенија: 1 и 2;
в) елементарни супстанци: 1, 3 и 5, а соединенија: 2 и 4;
в) елементарни супстанци: 2 и 4, а соединенија: 1, 3 и 5;

30. Симболот О2 означува:
а) еден атом кислород;
б) една молекула кислород;
в) две молекули кислород;
г) озон.

31. Симболички запис 3N2 означува:
а) три атоми азот; 
б) три молекули азот 
в) 6 молекули азот; 
г) 5 атоми азот.

32. Знаејќи ја валентноста на елементите, одреди која од формулите е точно напишана:
         IV                                VII                                      I                                     IV
а) SnO3         б) Cl2O7          в) Ag2O            г) SO

33. Знаејќи ја валентноста на елементите, одреди која од формулите е точно напишана:

        III                                    I                                  II                             III
а) NH2        б) HCl          в) H2S2             г) AlO3

34. Во кое соединение точно е определена валентноста на азотот:
          I                                 V                                   II                                    II
а) NH2           б) N2O            в) N2O             г) NH3

35. Кај секое соединение кое е изградено од два елементи, производот од индексот и валентноста на едниот елемент мора да е еднаков со производот од индексот и валентноста другиот елемент. Овој заклучок можеме да го запишеме како:
а) x · m = y · n б) x + m = y + n в) x : m = y : n г) x · m =y : n

36. Кое од дадените тврдења е точно:
а) Хемиска промена, хемиски процес и хемиска реакција имаат различно значење.
б) Хемиска промена, хемиски процес и хемиска реакција имаат исто значење.
в) Со различно значење се поимите хемиска промена и хемиска реакција.
г) Со различно значење се поимите хемиска промена и хемиски процес.

37. Кое од дадените тврдења е точно:
а) Супстанците кои се присутни на почетокот на хемијската реакција се нарекуваат продукти;
б) Супстанците кои се присутни на крајот на хемискста реакција се нарекуваат реактанти.
в) Супстанци кои се присутни на почетокот на хемиската реакција се нарекуваат реактанти.
г) Супстанците кои се присутни на почетокот на хемијската реакција се нарекуваат смеси;

38. Која од наведените равенки е израмнета:
а) 2Fe + O2 = Fe2O3
б) Al + 3HCl = AlCl3 +H2
в) 2SO2 +O2 = 2SO3
г) 2Fe + Cl2 = 2 FeCl3

39. Цинк + хлороводородна киселина = цинк хлорид + водород
Дадената реакција со хемиски симболи и формули ја претставуваме на следниов начин:
а) Zn + H2SO4 = ZnSO4 +H2
б) Zn + H2S = ZnS + H2
в) Zn + 2HCl = ZnCl2 + H2
г) Zn + 4 HNO3 = Zn(NO3)2 + 2NO2 + 2H2O

40. железо + хлор = железо (III) хлорид
Дадената реакција со хемиски симболи и формули ја претставуваме на следниов начин:
а) Fe + Cl3 = FeCl3
б) 2Fe + Cl2 = 2 FeCl3
в) 2Fe + 3Cl2 = 2FeCl3
г) Fe2 + C2 = 2FeCl3

ПРИМЕНА НА ИКТ ВО НАСТАВАТА

            План за час со интеграција на ИКТ

Вовед во физиката - материја 

Одделение: 7 ( може и во петто- природни науки)
Предвидено време: трите фази 80 min/ две фази по 40 min
Предмет: физика/ основи на природните науки
Цели на наставната програма (БРО)
- Откривајќи го цртежот на природните појави со помош на MS Paint да дадат соодветен опис на природните појави:
испарување и кондензација во Word, Потоа да подготват презентација во Power Point.
- Да ја повторат научената лекција, логички да размислуваат, самостојно да се изразуваат.

Образовни задачи:
- Да црта,повторува, запомнува и да ги користи стекнатите знаења,
- Да ги препознава природните појави,
- Да ги разликува природните појави: кондензација и испарување,
- Да знае како настануваат,
- Од каква важност се за животот на Земјата,
- Да ги споредува и објаснува донесените заклучоци за дадената појава,  
- Да толкува, проценува и е активен учесник при конкретизација на поставената цел.

МЗТО стандарди
- Ученикот да покажува легално и етичко однесување при користење на информации и технологии.
- Селектира и користи соодветни алатки и технолошки ресурси за да ги изврши задачите и реши проблемите.

ИТ - специфични вештини:
- Со користење на влезни уреди да умее да ги реши поставените задачи,
- Да црта,
- Да го уреди нацртаното,
- Да креира,
- Да бои,
- Да раскажува,
- Да презентира.

Портебен софтвер: Paint; Word; Power Point

Извори и материјали: 
- Софтверот: Paint, Word, Power Point,
- Печатар.

Тек на активности на часот

Наставникот:
- Изготвува функционален картон во кој се дадени упатства за работа.
- Дава инструкции за работа.
- Помага во работата.

 Ученикот:
- Ги следи упатствата и работи, мисли, препознава, донесува заклучоци, раскажува со свои зборови, се консултира за исправноста на заклучоците идр.

Оценување на учениците:
- Секоја етапа се бодира поодделно.

Оценувачка рубрика:
Учениците сами ја анализираат работата и ги споделуваат направените грешки. 

ФУНКЦИОНАЛЕН КАРТОН

I - ФАЗА - ИЗРАБОТКА НА СЛИКА

Упатство за изработка на слика во Paint:
СЛЕДИ ГИ УПАТСТВАТА ДА ДОЈДЕШ ДО ПОСТАВЕНАТА ЦЕЛ!
1. Стартувај го графичкиот уредувач Paint (со  командите: Start, All Programs, Accessories, Paint) кој е составен од стандардно мени, лента со алатки (Toolbar)
Полето со својствата за избраната алатка, палетата со бои, статусна линија и работна површина.
2. Од лентата со алатки ќе ги употребиш оние што ти се потребни да ги исполниш барањата од  задачата.
а) Кликни врз алатката правоаголник, потоа во долниот дел од работната површина влечи го покажувачот од левокон десно или обратно, да добиеш правоаголник долг колку што е долга работната површина и широк околу 2 cm.
б) Обој го правоаголникот со зелена боја така што ќе го селектираш и ќе кликнеш на кантичката со боја и ќе ја одбереш зелената.
в) Во лентата со алатки кликни врз алатката елипса и влечи го покажувачот по горниот дел од работната површина. Исцртај барем 3 елипси со големина по твојата желба. Обој ги елипсите во разни нијанси на сина боја.
г) На работната површина вертикално нареди од левата и од десната страна најмалку 20 кругови со дијаметар 2 - 3 mm и нив обој ги со сина боја.
(Цртежот треба да изгледа така - доколку не си го постигнал тоа, коригирај:
1. Правоаголникот да е поставен хоризонтално најдолу на работната површина.
2. Елиптичните кругови поставени во горниот дел од работната површина.
3. Од левата и десната страна на работната површина се  наредени вертикално кругчињата ( по десетина).
д) Дади му го името на цртежот ( на што те асоцира) и впиши го во средината на работната површина. Кликни на алатката со која се пишува текст (икина обележана со "А") одбери кириличен фонт со големина и стил по твоја желба. (Ако текстуалната лента со алатки не е видлива во менито "Viev", кликни врз "Tekst Toolbar")
ѓ) Доколку сметаш дека треба нешто да додадеш на цртежот додади, а на крај објасни зошто си го сторил тоа.
е) Сними го цртежот, така што ќе кликнеш на "File" кое се наоѓа на горниот дел на екранот и одбери "Save as" и ќе ти се појави прозор во кој ќе треба да ја именуваш сликата и да ја зачуваш во твојот компјутер.
ш) Откако ќе завршиш со цртежот, испечати го, така што ќе кликнеш на "File" кое се наоѓа на горниот дел на екранот и одбери "Print" или со кратенката "Ctrl + P" и кликни "ok"
    • II - ФАЗА - КУС РАСКАЗ
      Доколку си ја одгатнал зададената природна појава премини во вториот дел од задачата: Напиши се што знаеш за дадената појава следејќи го наведеното упатство.

      УПАТСТВО ЗА РАБОТА ВО MS WORD, ОД ПАКЕТОТ НА "MICROSOFT OFFICE"

      1. Програмот се стартува со кликнување на иконата Microsoft Word”, по стандардна инсталација на програмот, икони се создаваат на работната површина и во стартното мени (кликнуваш “START” од левата долна страна на екранот, откако ќе се појави менито кликнуваш на PROGRAMS , Miscrosoft Office” и во папката на OFFICE”кликни на MS WORD”)
      2. Одбери фонт по желба (исклучиво кирилица) со големина во 14. 
      3. Напиши се што знаеш за кружното движење на водата во природата. 
      4. Сними го текстот (Како во претходната задача).Сликата од претходната задача и текстот од оваа задача спој ги во еден документ (Во напишаниот текст ќе ја вметнеш сликата, цртежот што го нацрта во  PAINT” (Во горното мени ќе побараш PICTURE” во кое ќе ти се појави мени на кој начин сликата сакаш да ја внесеш. Значи ти треба постоечки документ, кликнуваш FROM FILE”, ја бараш таму каде си ја зачувал сликата, ја бележиш со левото копче и кликнуваш INSERT во даденото прозорче. 
      5. Испечати го документот.

      КУС РАСКАЗ:

      Кружно движење на водата во природата
      Водата е во постојано движење. Таа испарува од езерата, морињата, реките, почвата, се искачува во облаците и повторно се враќа како дожд. Оваа се нарекува воден циклус. Животните и растенијата би изумреле без овој циклус, а почвата би се претворила во прав.
       

      III - ФАЗА 


      ИЗРАБОТИ ПРЕЗЕНТАЦИЈА ОД СРАБОТЕНОТО

      Упатство за работа во POWER POINT”од пакетот на “Microsoft Office”
      1. Програмотсе стартува со кликнување на иконата “POWER POINT”, кликни “START”од левата страна на екранот, откако ќе се појави менито кликнуваш на “PROGRAMS” , “Miscrosoft Office” и во папката на “OFFICE” кликни на  “POWER POINT”.
      2. Отвори нова презентација со кликнување на  ”NEW”со [то ќе се создаде нов образец
      “Template”.
      3.  Од десната страна на екранот празна презентација - “Blank Prezentation” т.е. изгледот на слајдот.
      4. Избери наслов на слајдот “Title Slide” и на местото насловот, впиши "Кружно движење на водата во природата"
      5. Вметни новслајд од менито Insert”, избери ја опцијата New Slide”(CTRL+M ), внеси го твоето име и презиме и училиште.
      6. Како наведеното во точка 5, внеси нов слајд и во него, внеси го цртежот што го нацрта во
      “PAINT” (Во горното мени ке кликнеш на “INSERT” и во него ќе побараш “PICTURE” во кое ќе ти се појави мени на кој начин сликата сакаш да ја внесеш, значи ти треба од постоечки документ, кликнуваш “FROM FILE”, ја бараш таму каде што си ја зачувал сликата, ја бележиш со лево кликнување и кликнуваш “INSERT
      ” во даденото прозорче.
      7.  Како во претходната точка избираш нов слајд. Во него внеси го напишаниот текст (Кружно движење на водата во природата) како во точка 6 ќе внесеш текст наместо слика, значи , во горното мени ќе кликнеш на “INSERT” и во него ќе побараш “Slides from Outlines”, во кое ќе треба да најдеш претходно создадениот текст документ, откако че го одбележиш со лево кликнување, кликнуваш на
      “INSERT
      ” во даденото прозорче.
      Втора опција е да ископираш текст во веќе напишан документ. Отвори го пишаниот документ и одбери дел од текстот, десен клик на копчето од глувчето врз обележаниот текст, кликни COPY” да го копираш. За да го вметнеш на друг празен лист повторно притисни десно копче и кликни PASTE”.

Monday, January 2, 2012

СЛЕДЕЊЕ НА НАСТАВЕН ЧАС

СЛЕДЕЊЕ НА НАСТАВЕН ЧАС

Основно училиште ___________________________ место________________
Година________паралелка________ насока/струка_____________________________
Наставен предмет____________________________ Наставник___________________
дата на следење_____________________________

I. УПОТРЕБА НА ФОРМИТЕ НА НАСТАВНА РАБОТА
  1. Фронтална форма на наставна работа,
  2. Индивидуална форма на работа,
  3. Работа во парови,
  4. Работа во групи.

II. УПОТРЕБА НА МЕТОДИТЕ НА НАСТАВНА РАБОТА
  1. Метода на разговор (дијалошка),
  2. Метод на усно излагање (монолошка),
  3. Метод на работа со помош на текст (текстуална),
  4. Илустративен метод,
  5. Практични и лабораториски вежби,
  6. Метод на демонстрација,
  7. Метод на решавање на проблеми (проблем-ситуации),
  8. Метод на игри, тимови и натпревари.

III.УПОТРЕБА НА НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА
  1. Графоскоп,
  2. ТВ и проекција на филмови,
  3. Аудио ленти , CD и сл.(аудио рекордер и плеер),
  4. Презентации и филмски прикази на ДВД,
  5. Компјутер,
  6. Power Point презентации,
  7. Табла,
  8. Креда,
  9. Цртежи, слики и илустрации,
  10. Фотографии,
  11. Скици и модели,
  12. Макети и апликации,
  13. Наставни ливчиња,
  14. Флип чартови,
  15. Работни листови.

IV.МЕТОДСКА АРТИКУЛАЦИЈА , ПОСТАВЕНОСТ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДЕЛОВИТЕ НА ЧАСОТ

Воведен дел на часот
  1. АКТИВНОСТИ НА НАСТАВНИКОТ:
  • Класично се надоврзува на новиот наставен час (предава пред класот),
  • Демонстрира и презентира пред целиот клас,
  • Ги води дискусиите на учениците, но ја има главната улога на часот,
  • Учениците ја имаат главната улога на часот, а наставникот само ги насочува во нивните размислувања и активности,
  • Ја набљува дискусијата на учениците во групи,
  • Ја следи и контролира индивидуалната работа на секој ученик,
  • Им помага на учениците во нивните експерименти, проекти и работни активности.

Главен дел на часот
  1. АКТИВНОСТИ НА НАСТАВНИКОТ:
  • Класично предава (екс катедра),
  • Демонстрира пред целиот клас,
  • Ја има главната улога како водач на часот, но ги насочува и слуша дискусиите на учениците,
  • Ја набљудува работата на учениците во групи,
  • Ја контролира и набљудува индивидуалната работа на учениците,
  • Учениците се главни „актери“на часот, а наставникот само ја контролира нивната работа,
  • Им помага на учениците во нивните групни работи (менторира на експерименти, проекти и други работни активности).

  1. АКТИВНОСТИ НА УЧЕНИЦИТЕ:
  • Слушаат и забележуваат на часот.
  • Набљудуваат демонстрации.
  • Се ангажираат и дискутираат во текот на часот.
  • Учествуваат во групните дискусии со наставникот.
  • Извршуваат лабораториски работи или работи на терен (експериментални или рачни работи).
  • Читаат во себе.
  • Читаат и раскажуваат на глас.
  • Пишуваат есеи или извештаи.
  • Прават презентации пред класот.
  • Работат на домашни задачи.
  • Образложуваат сопствени проекти.
  • Работат писмени вежби поврзани со темата.
  • Класично ги изложуваат или повторуваат наставните единици.
  • Работат и размислуваат на проблем-ситуации.
  • Идеите ги искажуваат преку групни дискусии или дебати.
  • Решаваат тестови назнаење или играат квиз-натпревари на наставниот материјал.
  • Употребуваат само готови податоци или понудени алтернативни решенија.

Завршен дел од часот
  1. АКТИВНОСТИ НА НАСТАВНИКОТ:
  • Класично предава или повторува пред класот
  • Демонстрира пред целиот клас.
  • Ги води дискусиите на учениците, при што ја има главната улога на часот.
  • Ги слуша, насочува или контролира учениците кои се главни „актери“ во овој дел од часот.
  • Ја набљудува работата на учениците во групи.
  • Ја контролира индивидуалната работа на секој ученик посебно.
  • Им помага на учениците во нивните индивидуални трудови, проекти и други работни активности.

НАСТАВНИКОТ НА ЧАСОТ:
  • Има оперативен план за час (дневно планирање за наставата).
  • Дневната подготовка е во согласност со тематското планирање на наставата, односно со наставниот план и програма.
  • Работи според наставен план и програма.
  • Предава на висок стил и тешко разбирлив начин.
  • Предава на разбирлив и јасен начин.
  • Има добра комуникација со учениците.
  • Има слаба комуникација.
  • Работи само со неколку ученици од класот.
  • Работи и ги активира сите ученици од класот.
  • Нема никаква комуникација и соработка со учениците.
  • Им помага и дава поддршка во текот на часот.
  • Често подвикнува, ги плаши или укорува учениците.
  • Често ги мотивира и поттикнува на работа.
  • Создава позитивна клима за работа.
  • Има строго професионален однос кон учениците.
  • Има пријателски, но коректен однос кон учениците.
  • Има работна клима и дисциплина во текот на часот.
  • Часот го започнува на време.
  • Временски се реализирани сите делови на часот и целосно е запазена методската поставеност и содржинската артикулација во текот на часот.


Евалуација на часот и констатации од реализираниот час:
___________________________________
___________________________________
___________________________________
___________________________________


Стручен соработник,                                     Директор,