Thursday, November 13, 2014

Љубица Јовановска - "Среќна сум што научив во животот како да сакам и како да простувам.”

 Разговор со Љубица Јовановска, своевиден неимар, воспитубач, едукатор и љубител на детето - ученик и почитувач на неговата личност. 
Од овој инспиративен и мошне поучен разговор, заклучив дека големите луѓе се во состојба да простат, но не и да заборават.
Љубица вели вака:Во мојот работен век се сретнав со секакви луѓе. Луѓе кои ме радувале и луѓе кои ме повредувале, но не ме промениле. Останав своја на своето. Ми остана вербата и љубовта во луѓето. Нанесените неправди ми помогнаа да се искалам, да станам посилна, помудра, поиздржлива и истрајна на сите животни искушенија, а признанијата, пофалбите, разбирањето и споделените радости и љубов ме мотивираа за нови предизвици и успеси. Среќна сум што научив во животот како да сакам и како да простувам.”
Охрид, 1963 година,
почеток на работниот век и педагошки опус:  
- По скопскиот катастрофален земјотрес, во организација на Црвениот крст и Сојуз на СММ во својство на воспитувачка со 132 деца оди во Охрид. Иако млада пленува со својата добрина, човечност, истрајност и организаторски способности во однос на грижата и воспитувањето на децата останати без родители и свој дом.  
- Следува работа во скопското село Булачани. Активен учесник и реализатор на севкупниот општествено – политички живот во селото: изградбана асвалтен пат и електрификација на селото, доизградба на училишната зграда, опремување на кабинети и изработка на нагледни средства. Работа со селската младина. Во несоодветни услови изведува курсови за описменување на возрасни. Предава: историја, географија, хемија, општество. Организатор на културни манифестации, квизови на знаења, спортски натпревари, ...
Осврт на  педагошкиот опус  низ фотографии и збор:
Својата животна одредница колешката  Јовановска ја создава полека, со голем труд, напор и самопрегор како:
-                      Долгогодишен соработник, консултант и ментор на студенти  на ПА Св. Климент Охридскиво Скопје – група македонски јазик – одделенска настава.
-                      Поборник, изведувач и креатор на: - целодневнанастава со посебен осврт на функцијата на одделенскиот наставник и методо- дидактичката основа на часовите по самостојна работа на учениците, настава во природа, активна настава – интерактивно учење, екскурзии од научен и забавен карактер, посета на фабрики, музеи, археолошки наоѓалишта, електроцентрали,..., историски часови на самото место на настаните;
-                      Соработник и активен учесник во истражувачката работа за иновации во наставата организирана од Педагошки завод во Скопје, многу бројни семинари, јавни трибини, советувања, проекти,...;
-                      Почитувач на убавиот македонски пишан збор;
-                      Уредник на училишниот весник Поттик, промотор на млади литерати, библиотекари, средби на учениците со современи македонски писатели и поети, литературни читања;
-                      Едукатор и координатор на работата на учениците - членови на новинарската секција во ПРЕС – центарот кој го формира по повод XXI  Средби на училиштата што го носат името Браќа Рибарво тогашна СФРЈ;
-                      Повеќегодишен стручен соработник на Редакција Детска радост при НИПРО Нова Македонија – издавач за списанија и литература за деца во Република Македонија – со конструктивни идеи и иницијативи укажува и насочува за подобрување на педагошките аспекти на текстовите наменети за учениците, збогатување на содржините и практично доближување на списанијата до најмладите читатели;
-                      Учесник на Карванот:”По духовните патишта на македонскиот народ– традиционално поклонение на браќата Миладиновци во Истамбул, Република Турција, 33 Меѓународен саем на книгата во Белград со ученици наградени од списанието Наш свет”.
Љубица Цветкова Јовановска со своето работење дава значаен придонес во шест деценицкото постоење, развиток, растеж и афирмација своевремено на ОУ Браќа Рибар, а од 1994 година ООУ Димитар Миладинов во Скопје, Република Македонија.
ПРЕС - центар, формиран по повод XXI средба на училиштата што го носат името "Браќа Рибар"
Поетски колаж од песните на Константин Миладинов.
Босфорско сонцељубие.
"Т*га за југ" -  на македонски и турски јазик
Бардакот со вода од Охридското езеро во Босфорските води.
Промоција на млади литерати, средба со современи македонски поети и писатели.
Историски час

Некогашните Титови пионери пред бистата на Браќа Рибар.

"Јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство"

Носи ја со себе секогаш својата куќа, ако не можеш на грб, носи ја во твоето срце и кога си блиску и кога си далеку од неа.

“Прошетај, погледај, слушни, виденото со поглед го гушни! Ајде да патуваме, сегде да свратуваме, места да извидиме.”

Порака до колегите, сегашни и идни:
Љубовта кон детето, почитта на учениковата личност и професионализмот се предуслов за добри резултати во реализација на образовно-воспитниот процес, за здрава детска личност, за добро едуцирана и подготвена генерација на ученици, студенти и идни академски граѓани на нашата татковина Република Македонија.