Tuesday, October 21, 2014

Од дневникот на една учителка

 ООУ "Димитар Миладинов" Општина Центар - Скопје

Портрет на одделенски наставник 

Љубица Јовановска


Охрид, 1963 година,
почеток на работниот век и педагошки опус:  
- По скопскиот катастрофален земјотрес, во организација на Црвениот крст и Сојуз на СММ во својство на воспитувачка со 132 деца оди во Охрид. Иако млада пленува со својата добрина, човечност, истрајност и организаторски способности во однос на грижата и воспитувањето на децата останати без родители и свој дом.  
- Следува работа во скопското село Булачани. Активен учесник и реализатор на севкупниот општествено – политички живот во селото: изградбана асвалтен пат и електрификација на селото, доизградба на училишната зграда, опремување на кабинети и изработка на нагледни средства. Работа со селската младина. Во несоодветни услови изведува курсови за описменување на возрасни. Предава: историја, географија, хемија, општество. Организатор на културни манифестации, квизови на знаења, спортски натпревари, .....

Осврт на  педагошкиот опус низ фотографии и збор:

Својата животна одредница колешката  Јовановска ја создава полека, со голем труд, напор и самопрегор како:   
- Долгогодишен соработник, консултант и ментор на студенти  на ПА Св. Климент Охридскиво Скопје – група македонски јазик – одделенска настава.  

- Поборник, изведувач и креатор на: - целодневнанастава со посебен осврт на функцијата на одделенскиот наставник и методо- дидактичката основа на часовите по самостојна работа на учениците, настава во природа, активна настава – интерактивно учење, екскурзии од научен и забавен карактер, посета на фабрики, музеи, археолошки наоѓалишта, електроцентрали,..., историски часови на самото место на настаните;  

- Соработник и активен учесник во истражувачката работа за иновации во наставата организирана од Педагошки завод во Скопје, многу бројни семинари, јавни трибини, советувања, проекти,...;  

- Почитувач на убавиот македонски пишан збор;  

- Уредник на училишниот весник Поттик, промотор на млади литерати, библиотекари, средби на учениците со современи македонски писатели и поети, литературни читања;  

- Едукатор и координатор на работата на учениците - членови на новинарската секција во ПРЕС – центарот кој го формира по повод XXI  Средби на училиштата што го носат името Браќа Рибарво тогашна СФРЈ;  

- Повеќегодишен стручен соработник на Редакција Детска радост при НИПРО Нова Македонија издавач за списанија и литература за деца во Република Македонија – со конструктивни идеи и иницијативи укажува и насочува за подобрување на педагошките аспекти на текстовите наменети за учениците, збогатување на содржините и практично доближување на списанијата до најмладите читатели;  

- Учесник на Карванот:”По духовните патишта на македонскиот народ– традиционално поклонение на браќата Миладиновци во Истамбул, Република Турција, 33 Меѓународен саем на книгата во Белград со ученици наградени од списанието Наш свет”.

Љубица Цветкова Јовановска со своето работење дава значаен придонес во шест деценицкото постоење, развиток, растеж и афирмација своевремено на ОУ Браќа Рибар, а од 1994 година ООУ Димитар Миладинов во Скопје, Република Македонија.

Животно мото: 
 Натпревар со самата себе 
– денес да сум подобра од вчера.
"Учениците и училиштето ми беа и остана оаза во мојот живот."

Своевиден неимар, воспитубач, едукатор и љубител на детето - ученик и почитувач на неговата личност.
Неизмерна љубов кон професијата и перманентно лично усовршување.


ПРЕС - центар, формиран по повод XXI средба на училиштата што го носат името "Браќа Рибар"

"Јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство"


Промоција на млади литерати, средба со современи македонски поети и писатели.
Бардакот со вода од Охридското езеро во Босфорските води.
"Т*га за југ" -  на македонски и турски јазик.
Поетски колаж од песните на Константин Миладинов.
Босфорско сонцељубие.
Прекуокеанска соработка 
 Носи ја со себе секогаш својата куќа, ако не можеш на грб, носи ја во твоето срце и кога си блиску и кога си далеку од неа.

РОДИТЕЛСКО-УЧИЛИШНА СОРАБОТКА

Историски час

Екскурзии од научен и забавен карактер.


“Прошетај, погледај, слушни, виденото со поглед го гушни! Ајде да патуваме, сегде да свратуваме, места да извидиме.”
 Настава во природа.
Со ученици
Порака до колегите, сегашни и идни:
Љубовта кон детето, почитта на учениковата личност и професионализмот се предуслов за добри резултати во реализација на образовно-воспитниот процес, за здрава детска личност, за добро едуцирана и подготвена генерација на ученици, студенти и идни академски граѓани на нашата татковина Република Македонија.

За доајените - благодарност и почит.


Од овој инспиративен и мошне поучен разговор, заклучив дека големите луѓе се во состојба да простат, но не и да заборават.
Љубица вели вака:Во мојот работен век се сретнав со секакви луѓе. Луѓе кои ме радувале и луѓе кои ме повредувале, но не ме промениле. Останав своја на своето. Ми остана вербата и љубовта во луѓето. Нанесените неправди ми помогнаа да се искалам, да станам посилна, помудра, поиздржлива и истрајна на сите животни искушенија, а признанијата, пофалбите, разбирањето и споделените радости и љубов ме мотивираа за нови предизвици и успеси. Среќна сум што научив во животот како да сакам и како да простувам.”




2 comments:

  1. Професорка, наставничка и учителка, но најмногу од се човек со големо срце во кое имало и има место за генерации и генерации деца, младинци, ученици, денешни нејзини потомци на кои им ја дала не само писменоста, туку со целата нејзина креативност, професионалност, огромна љубов кон животот поставила и оставила темели за комплетни личности. Сликите го кажуваат сето ова, само сликите; а лично да ја познавате, како јас, ќе бидете горди и среќни што ви се насмевнала, ви ја стиснала раката, ве помилувала по косата и ви посветила време, внимание, искреност за се што носи во нејзините мисли, сеќавања, кариера, љуобв, живот.
    Бубе, ти благодарам што те имам!

    ReplyDelete
  2. Читајќи го овој текст и разгледувајќи ги сликите од работниот век на колешката/ учителката Љубица Јовановска, како за миг да ѕирнав во животите на милиони учители од светот, кои за мали плати несебично го даваат секојдневно своето знаење на децата. А знаењето е единствената вредност, која колку и да ја даваш, пак останува и кај тебе... И станувам горд на својата професија, зашто дел од мене ќе остане засекогаш во срцата на илјадници деца. Ако детството е најубавиот период од животот на човекот, а спомените од детството остануваат најдлабоко врежани во меморијата на луѓето, Љубица Јовановска има со што да се гордее. Нејзиното име ќе остане засекогаш запишано во спомените од детството на илјадници некогашни деца.

    ReplyDelete