СЛЕДЕЊЕ НА НАСТАВЕН ЧАС
Основно училиште ___________________________ место________________
Година________паралелка________ насока/струка_____________________________
Наставен предмет____________________________ Наставник___________________
дата на следење_____________________________
I. УПОТРЕБА НА ФОРМИТЕ НА НАСТАВНА РАБОТА
- Фронтална форма на наставна работа,
- Индивидуална форма на работа,
- Работа во парови,
- Работа во групи.
II. УПОТРЕБА НА МЕТОДИТЕ НА НАСТАВНА РАБОТА
- Метода на разговор (дијалошка),
- Метод на усно излагање (монолошка),
- Метод на работа со помош на текст (текстуална),
- Илустративен метод,
- Практични и лабораториски вежби,
- Метод на демонстрација,
- Метод на решавање на проблеми (проблем-ситуации),
- Метод на игри, тимови и натпревари.
III.УПОТРЕБА НА НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА
- Графоскоп,
- ТВ и проекција на филмови,
- Аудио ленти , CD и сл.(аудио рекордер и плеер),
- Презентации и филмски прикази на ДВД,
- Компјутер,
- Power Point презентации,
- Табла,
- Креда,
- Цртежи, слики и илустрации,
- Фотографии,
- Скици и модели,
- Макети и апликации,
- Наставни ливчиња,
- Флип чартови,
- Работни листови.
IV.МЕТОДСКА АРТИКУЛАЦИЈА , ПОСТАВЕНОСТ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДЕЛОВИТЕ НА ЧАСОТ
Воведен дел на часот
- АКТИВНОСТИ НА НАСТАВНИКОТ:
- Класично се надоврзува на новиот наставен час (предава пред класот),
- Демонстрира и презентира пред целиот клас,
- Ги води дискусиите на учениците, но ја има главната улога на часот,
- Учениците ја имаат главната улога на часот, а наставникот само ги насочува во нивните размислувања и активности,
- Ја набљува дискусијата на учениците во групи,
- Ја следи и контролира индивидуалната работа на секој ученик,
- Им помага на учениците во нивните експерименти, проекти и работни активности.
Главен дел на часот
- АКТИВНОСТИ НА НАСТАВНИКОТ:
- Класично предава (екс катедра),
- Демонстрира пред целиот клас,
- Ја има главната улога како водач на часот, но ги насочува и слуша дискусиите на учениците,
- Ја набљудува работата на учениците во групи,
- Ја контролира и набљудува индивидуалната работа на учениците,
- Учениците се главни „актери“на часот, а наставникот само ја контролира нивната работа,
- Им помага на учениците во нивните групни работи (менторира на експерименти, проекти и други работни активности).
- АКТИВНОСТИ НА УЧЕНИЦИТЕ:
- Слушаат и забележуваат на часот.
- Набљудуваат демонстрации.
- Се ангажираат и дискутираат во текот на часот.
- Учествуваат во групните дискусии со наставникот.
- Извршуваат лабораториски работи или работи на терен (експериментални или рачни работи).
- Читаат во себе.
- Читаат и раскажуваат на глас.
- Пишуваат есеи или извештаи.
- Прават презентации пред класот.
- Работат на домашни задачи.
- Образложуваат сопствени проекти.
- Работат писмени вежби поврзани со темата.
- Класично ги изложуваат или повторуваат наставните единици.
- Работат и размислуваат на проблем-ситуации.
- Идеите ги искажуваат преку групни дискусии или дебати.
- Решаваат тестови назнаење или играат квиз-натпревари на наставниот материјал.
- Употребуваат само готови податоци или понудени алтернативни решенија.
Завршен дел од часот
- АКТИВНОСТИ НА НАСТАВНИКОТ:
- Класично предава или повторува пред класот
- Демонстрира пред целиот клас.
- Ги води дискусиите на учениците, при што ја има главната улога на часот.
- Ги слуша, насочува или контролира учениците кои се главни „актери“ во овој дел од часот.
- Ја набљудува работата на учениците во групи.
- Ја контролира индивидуалната работа на секој ученик посебно.
- Им помага на учениците во нивните индивидуални трудови, проекти и други работни активности.
НАСТАВНИКОТ НА ЧАСОТ:
- Има оперативен план за час (дневно планирање за наставата).
- Дневната подготовка е во согласност со тематското планирање на наставата, односно со наставниот план и програма.
- Работи според наставен план и програма.
- Предава на висок стил и тешко разбирлив начин.
- Предава на разбирлив и јасен начин.
- Има добра комуникација со учениците.
- Има слаба комуникација.
- Работи само со неколку ученици од класот.
- Работи и ги активира сите ученици од класот.
- Нема никаква комуникација и соработка со учениците.
- Им помага и дава поддршка во текот на часот.
- Често подвикнува, ги плаши или укорува учениците.
- Често ги мотивира и поттикнува на работа.
- Создава позитивна клима за работа.
- Има строго професионален однос кон учениците.
- Има пријателски, но коректен однос кон учениците.
- Има работна клима и дисциплина во текот на часот.
- Часот го започнува на време.
- Временски се реализирани сите делови на часот и целосно е запазена методската поставеност и содржинската артикулација во текот на часот.
Евалуација на часот и констатации од реализираниот час:
___________________________________
___________________________________
___________________________________
___________________________________
Стручен соработник, Директор,
Почитивани,
ReplyDeleteдали овој образец може да послужи како извештај за наставна пракса?
Однапред Ви благодарам.
За сегашно време е застарен, но со мало освежување ( додавање на техники, примена на ИКТ во наставата, инплементација на екологијата во наставата,...) би можел да послужи како извештај за наставна пракса.
ReplyDelete