ФИЗИКА
Промоција на најуспешните наставници по физика во Република Македонија
“Како критериум за избор во најуспешни наставници се вреднуваат
постигнувањата на активностите организирани од ДФРМ и други активности,
организирани од други институции и организации, било во Република
Македонија или во странство. Во смисла на активности се подразбира
активност како натпревар, олимпијада, школа, промоција или
популаризација поврзана со физика или физика и другите природни науки,
активности кои имат натпреварувачки карактер помеѓу ученици.”
Согласно конкурсот за избор и промоција на
најуспешни наставници по физика – ментори на ученици во основните
училишта во Република Македонија, објавен на 28.4.2016 година на
интернет страната на ДФРМ, од пријавените кандидати комисијата ги избра
наставниците по физика:
1. Ѓорѓи Дунгевски, ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово
2. Ѓорѓи Илиевски, ООУ „Невена Георгиева Дуња“ – Кисела Вода
3. Пантелемон Миташевски, ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово
4. Веселинка Наунчевска, ООУ „Димо Хаџи Димов“ – Карпош
5. Мире Евгенијевска, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Аеродром
6. Танка Хаџи – Тоневска, ООУ „Војдан Чернодрински“ – Карпош
7. Александра Ѓоргиева, ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија
8. Аида Петровска, ООУ „Димитар Миладинов“ – Центар
9. Соња Николовска Кузманова, ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола
10. Валентина Степановска – Андонова, ООУ „Даме Груев“ – Битола
11. Александар Котевски, ООУ „Гоце Делчев“ – Ресен
12. Ратка Стојановска, ООУ „Браќа Миладиновци“ – Пробиштип
13. Вера Зороска, ООУ „Христо Узунов“ – Охрид
14. Славица Јолакоска Таштаноска, ООУ „Григор Прличев“ – Охрид
15. Добрила Јовановска – Ѓоргон, ООУ Љубен Лапе“ – Аеродром
16. Галина Малезаноска, ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид
„Ноември – месец на науката“, во рамките на кој ќе се одржи и XLI Школа „Млади физичари“.
Настанот е во организација на Друштвото
на физичарите на Р. Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на
Македонија, Друштво на биолози на Р. Македонија, Македонско астрономско
друштво, Македонско географско друштво, Скопско астрономско друштво,
Природно – математички факултет и Skopje City Mall.
Настанот
е наменет за сите ученици од основните и средните училишта во Р.
Македонија (одделенска настава, предметна настава и ученици од средните
училишта, гимназиско и средно стручно образование) и наставниците што
предаваат природни науки (одделенска и предметна настава), физика,
хемија, биологија и географија (било во основно или средно училиште).
Настанот ќе се одржува на две места, Природно-математички факултет во Скопје и Skopje City Mall.
Некои активности во Skopje City Mall, како Изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експерименти се наменети и за граѓани, добронамерници, посетители, родители, студенти, Ваши роднини и пријатели…
Настанот ќе се одржи во текот на месец ноември 2016 година, согласно програмата (pdf документ).
No comments:
Post a Comment