Математика, хемија, физика,
биологија сеуште се дел од предметите
кои најчесто им создаваат главоболка и одбивност на учениците, а дополнително
се намалува и бројот на ученици кои овие предмети ги избираат за полагање на
државна матура или понатамошно студирање на факултет. И во Европа се намалува
интересот меѓу учениците да природните науки бидат нивниот иден професионален
избор. Целта на Scientix е да биде место за наставниците од цела Европа на кое ќе се развива
соработката, размената на идеи, освојување на современи методи во образовниот
процес, надградување на професионалните знаења и предавања со современи техники
и вештини за да се доближат природните науки до учениците.
Scientix е проект
инициран од Европската комисија за истражување и иновации и е под FP7
програмата за истражување и технолошки развој.Со Scientix менаџира EUN (European
Schoolnet Academy;www.eun.org) формирана 1997 година со седиште во
Брисел,Белгија. EUN е мрежа од 31 Министерствo за образование во Европа и
претставува една од клучните организации за иновации во наставата и учењето кои
силно ја подржуваат европската соработка помеѓу училиштата и наставниците.
Scientix дава пристап до наставни материјали, резултати
од истражувања и документи од различни европски проекти за образование и наука
финансирани од Европската комисија и разни национални иницијативи.
Оваа платформа овозможува редовно
ширење и размена на информации и најдобри пракси во образованието ширум Европа.
Во овој проект можат да
учествуваат наставници од основно и средно образование кои предаваат биологија, хемија, физика информатика, географија, математика, инженерство и технологија и истражувачи. На онлајн порталот (www.scientix.eu) корисниците се регистрираат со свое корисничко
име и лозинка. Потоа преку главните
мениа имаат можност да пребаруваат низ порталот и да искористат најразлични едукативни материјали.Ова е проект-платформа, во која
се сублимирани голем број на европски проекти. Проектите се пребаруваат според
земја носител, земји учеснички, теми на интерес и сл. Освен вклучување во
европски проекти овозможува нашите наставници подеднакво како и европските, да
се стекнат со (само)едукација преку учество во курсеви за професионален развој,
учество во онлајн обуки, вебинари, конференции, работилници и натпревари, превземање ресурси за ИКТ и
дигитална технологија во училница, делење на извори и ресурси на подучување, размена
на техники,вештини и методи во наставата
Новини:
- превод на барање на ресурси и на македонски јазик
- редовни вебинари од еминентни наставници од цела Европа и можност за
креирање на вебинари
- континуирани бесплатни сертифицирани курсеви овозможени од European
Schoolnet Academy
- пишување и објавување на блогови
- Scientix 8-ма работилница за наставници во “училницата на иднината“ во
Брисел
Филозофијата
на Scientix платформата е: Барај, Најди, Вклучи се;
Логирајте
се на страната на Scientix и бидете дел
од едно европско едукативно семејство со нови можности.
Силвана
Ристевска
наставник
по биологија и хемија
зам.
амбасадор за Scientix во Македонија
email:
ristevskas@yahoo.com