Ако ти и јас имаме по едно јаболко и ги размениме тие јаболка, тогаш и ти и јас ќе имаме по едно јаболко. Но, ако ти и јас имаме по една идеја и ги размениме тие идеи, тогаш и ти и јас ќе имаме по две идеи. - Џорџ Бернард Шо
Sunday, June 12, 2016
Saturday, February 20, 2016
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2015/2016
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2016
20 февруари 2016
8 одделение
Задача 1. Ведран се лизга по
подлога без триење како што е прикажано на Сликата
1. Во точката А е Ведран и нема почетна брзина. Колкава е брзината на Ведран во
точката B и во точката C? Земјиното забрзување да се земе g= 9,81 m/s2. Отпорот на воздухот да се занемари.
Задача 2. На тело му дејствува сила во хоризонтална насока со големина од 40 mN при што му соопштува брзина од 12cm/s за време од 1min. Пресметајте ја масата на телото земајќи во предвид дека во почетниот
момент тоа мирувало.
Задача 3.Тело од состојба на мирување
почнува да се движи рамномерно забрзано праволиниски со забрзување 0,5 m/s2 . Да се пресмета брзината на телото во моментот кога ќе
помине пат0,1 km .
Задача 4. Движењето на едно тело е претставено графички на
Слика 2. Со s е означен патот кој го поминува телото, додека со t е означено времето на
движење. Со помош на податоците од графикот пополни ја Табелата 1. Колкаво е
забрзувањето со кое се движи телото?
Задача 5. Сад со форма на коцка со страна 12 cm e целосно исполнет со мед чијашто густина изнесува 1400 kg/m3 . Друг сад во форма
на квадар чии страни се 0,1 m, 1,2 dm и 18 cm e целосно исполнет со вода чијашто густина изнесува 1000 kg/m3 . Да се пресмета односот на масите на медот и водата во
садовите.
Секоја од задачите носи по 20 бодови
Времето за решавање на задачите е 120 min
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА 2016
20 февруари 2016
9
одделение
Задача 1. Молњата настанува кога доаѓа до
проток на електрони помеѓу облакот и Земјата. Претпоставувајќи дека јачината на
струјата во молњата изнесува 20 kC/s и дека времетраењето
на молњата изнесува 0,1 ms , да се одреди бројот на електрони кои од облакот ќе преминат
на Земјата. Електричниот полнеж на електронот да се земеe = 1,6x10-19C
Задача 2. Во колото дадено на Сликата 1 се врзани два отпорника. За
отпорниците се знае дека отпорот R1 е два пати поголем од
отпорот R2 . Ако волтметарот покажува напон од 24V , а амперметарот А јачина на струја од 3 А, пресметај колкава
струја ќе покажуваат амперметрите А1 и А2? Внатрешниот
отпор на изворот да се занемари.
Задача 3. Колкав е еквивалентниот капацитет помеѓу точките А и B на кондензаторската батерија прикажана на Слика 2.
Задача 4. На Слика 3 се прикажани три идентични соленоиди (означени
со 1, 2 и 3) кои се приклучени на извор на постојан напон. Колкав е односот на
јaчината на магнетните полиња
внатре во секој соленоид. Објасни!
Задача 5. Колкава струја тече низ примарната навивка на трансформаторот (Слика 4) кој го трансформира наизменичниот напон од 220 V на 110 V, ако отпорот во
секундарната навивка е 50 Ω.
Subscribe to:
Posts (Atom)