Saturday, September 8, 2012

СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ

СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ
 
Работата на училиштето содржи во себе и вклученост на самите родители. Ефикасната соработка помеѓу родителите и училиштето подразбира постоење на односи на заемно помагање и почитување помеѓу предметниот наставник и родителите. Дома, родителите им помагаат на своите деца преку надгледување, на пример, на работата на зададената домашна задача. Но, исто така родителите се информираат за напредокот, постигнувањата и развојот на нивните деца во училиште. Од родителите училиштето добива информации што понатаму ќе ги користи за планирање, реализација и следење на воспитно-образовната работа.
Соработката со родителите се планира заедно со нив, имајќи ги во предвид можностите и интересите на самите родители како и потребите на воспитно-образовниот процес во училиштето.
Формите за соработка со родителите се разновидни:
  • Разговори (индивидуални, во мали групи) – според потребите,
  • Состаноци (родителски средби)
  • Информирање на родителите(усно и писмено со белешки, тетратки, наставни ливчиња или друг материјал)
  • Планирање на воспитно - образовната работа.
  • Учество во реализацијата на одредени активности во одделението,во училиштето или во вo пошироката средина
ЕДИНСТВЕНО ШТО НИ НЕДОСТАСУВА СЕ:
  • Заеднички проекти, излети, екскурзии, театарски претстави и сл. на што работиме оваа година, со цел во иднина да биде задолжително.
ГЛАВНА ЦЕЛ НА СОРАБОТКАТА СО РОДИТЕЛИТЕ:
  • Со активна вклученост на родителите преку нивната подршка на училишните активнисти и помошта во самата училница се постигнува поголема контрола на самото дете и подобри резултати во воспитно-образовната работа.
ПОСЕБНИ ЦЕЛИ НА СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ:
Преку индивидуалните средби родителот се информира директно за своето дете, добивајќи јасна слика за постигнатите резултати во секојдневната работа.Родителот може:
  • Да воочи колку неговото дете се пронаоѓа во дадената средина и колку може да бара и добива поддршка од другите.
  • Колку умее правилно и културно да се однесува во различни ситуации во одделението, училиштето или надвор од училиште.
  • Колку неговото дете е самодисциплинирано и подготвено за превземање одговорност за своите постапки.
  • Колку кај детето се развиени одредени способностите и вредностите: самостојност, толерантност, иницијативност, упорност, истрајност, доследност, другарство, заемно помагање, уредност.
  • Колку детето е способно да соработува со наставниците, соучениците .
  • Да помогне во решавање на полесни социјални прашања.
Преку групни родителски средби родителите добиваат информации за целиот воспитно-образовен процес во одделението.
  • Родителите се запознаваат со планот и програмата која ќе се реализира во текот на годината(кои учебници ќе се користат,наставни помагала,наставен прибор и др.).
  • Родителите добиваат информации за сите новини кои ќе следат во таа учебна година
  • Родителите земаат учество на одредени активности во одделението и во локалната средина
  • Вклучување на родители на кој професијата им е соодветна во најразлични активности
  • Родителите имаат секојдневен увид во портфолиото на учениците
  • Родителите земаат учество во изборот на членовите на училишниот одбор
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ: Со добра соработка на релација родител – училиште се очекува поголема ефикасност во воспитно-образовната работа и реализација на поставените цели според планот и програмата за осмо одделение.

                                                            За учебната 2011 / 2012 год. 
                                            Одделенски раководител - А. П.

No comments:

Post a Comment