Идејата за одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право потекнува од Каталонија, каде на 23-ти април на денот на католичкиот празник „Св.Јурја", традиционално се подарува роза за секоја подарена книга, традиција која трае скоро 100 години. Се смета дека овој датум е избран бидејќи на 23 април имаат починато великаните на светската книжевност Мигуел Де Сервантес и Вилијам Шекспир.
Со осмоодделенците овој ден го посветивме на печатените изданија на книги со нагласок на литература од областа на природните науки. Го посетивме “Просветно дело” и училишната библиотека за да провериме што можат да ни понудат на оваа тема и позитивно се изненадивме. Имаа голем избор на книги, енциклопедии, списанија и сликовници на теми од природните науки.
ООУ "Димитар Миладинов"
Општина Центар, Скопје,
Македонија
No comments:
Post a Comment