Saturday, June 15, 2019

Меѓународно признание за македонските просветари


           Од 30 мај до 2 јуни во Будва, Црна Гора се одржа втора конференција 
„Светот на образованието ги брише границите“ организирана од Асоцијацијата Best Teacher-Ex Yugoslavia.
На неа присуствуваа околу 260 наставници од 6 држави.
Од Македонија учествуваа околу 50 наставници од сите нивоа на образованието, вклучително и од предучилишно образование, како и претставниците од Министерството за образование и наука на  Македонија и Бирото за развој на образованието.

На првиот конференциски ден се одржа  работилницаСигурен наставнички дом”.
   На вториот ден  се реализира  панел дискусија  Да го запознаеме образованието во Црна Гора и заврши со постер презентации.

      По презентирањето сите учесници поделени во групи го истражуваа градот, се изработи дневник на впечатоци и се презентираа сопствени трудови.

    Третиот ден во хотелот Будва се оддржаа мотивациони говори на тема "Да го реформираме образованието”. 

Конференцијата беше поддржана од Министерство на Црна Гора, а во име на Заводот за школство на присутните им се обрати Видосава  Кашќелан, која е назначена како амбасадор на Црна Гора во Асоцијација на најдобрите наставници од просторите на бивша Југославија.
Во завршниот дел од конференцијата се доделија признанија на најдобрите наставници во регионот меѓу кои беа и десетина од Македонија.
Критериумите за зачленување во  ANN EX YU за наставниците се јасно дефинирани и се однесуваат на повеќе области: подобрување на наставен процес, конференции, предавања, тркалезни маси, проекти, работилници, награди, звања, објавени трудови, акредитација на стручни програми, професионален развој, семинари, авторство на учебници, соработка со локална средина и др.
Целите и задачите на ANN EX YU наставниците се поврзување на најдобрите од некогашните југословенски држави за да можат поедноставно да соработуваат, разменуваат идеи, искуства, образовни ресурси и друго.
Идејата е целите да се реализираат преку организирани активности како што се стручни собири, вебинари, јавно претставување, промовирање и афирмација на сите активности со кои е засегнато образованието и воспитуванието.
Асоцијацијата  ANN EX YU е формирана од квалитетни образовни лидери кои се пласирани како едни од  50 најдобри наставници во светот  - Весела Богдановиќ  и Жељана Радојчиќ Лукиќ , а со цел да соберат ентузијасти од сите земји на некогашна Југославија кои се подготвени да вложат заеднички напор и да го променат образованието. Кога сме повеќе, можеме повеќе. Се здруживме зошто немаме јазични бариери, секој работи, твори и се бори за подобро образование на сопствен јазик.

     На конференцијата Аида Петровска, наставник по физика од ООУ Димитар МиладиновОпштина Центар - Скопје, освои една од шесте награди за најдобра  постер презентација.
Презентациите беа селектирани неколку пати.  Од 120 пријавени постери, беа избрани 38, каде на крај  да се избраа 6 најдобри.

      На втората конференција како и на првата се доделуваа признанија на најдобрите наставници од земјите на поранешната Југославија.
Титулата  најдобаер наставник во земјите од поранешна  Југославија, Аида Петровска  ја доби во март 2019 год. на првата конференција во Скопје.
На втората конференција  се стекна и со сертификат за активно учество на конференцијата и со посебна  диплома за придонес за афирмирање на наставничката професија преку низа активности, меѓу кои и постер презентација на  актуелна тема Енергетска ефикасност“ реализирана во редовната настава со ученици од осмо и деветто одделение.


     Инаку, Аида Петровска  2018. година беше прогласена за Просветен работник на годината на Општина Центар за учебната 2017/2018 , исто така и на Град Скопје за учебната 2017/18 година од страна на Здружението на просветни работници на Град Скопје. 


Плакетата и признанието ги доби за постигнати високи резултати во остварувањето на целите и задачите на воспитно-образовната дејност низ тековните години во наставата и воннаставните активности.


Потоа се редеа награди на државно и на меѓународно ниво.


Пријавен формулар за најдобар наставник од земјите на поранешна Југославија:

Најдобри наставници прогласени на првата конференција во Скопје 1-2 март 2019:


Уште малку спомени од настанот во Будва:
Не постојат пречки на патот, постојат само предизвици и мотивација. Ако не се предавате, секогаш онаа што е ваше, ќе го најде патот да ви дојде.






1 comment:

  1. містер Бенджамін Лі був ключовим партнером у нашому успіху та безцінним активом для зростання та майбутнього нашої компанії, містер Бенджамін та його позикова компанія інвестували у мій бізнес із позикою 1000000 доларів у розмірі 2 натомість, і це було дуже приємно працювати з ним, тому що я не знаю, що б я зробив без допомоги пана Бенджаміна та його позикової компанії, пана Бенджаміна контактна електронна адреса: 247officedept@gmail.com та whatsapp: + 1-989-394-3740

    ReplyDelete