Лично видување за филозофија и целите на наставата поврзани со филозофијата на ПЕП или со целите на компонентите на ПЕП
Промени во областа на науката и техниката условуваат промени во воспитно – образовниот систем. Образовниот систем се прилагодува кон новите иновации, а вработените во образованието (особено наставниците) превземаат нови одговорни улоги и задачи. Создавањето на нови улоги и задачи наметнуваат потреба за професионален развој, процес за постојано унапредување на знаења, вештини, способности и развивање на наставнички компетенции. Стручното усовршување се одвива континуирано, а во последните години се случува преку семинари организирани од УСАИД (проект за основно образование – ПЕП). Овој начин на неформално образование,ги поттикнува наставниците на индивидуално учење,стекнување на различни знаења, вештини, ставови, вредности и активности кои се комплементарни на формалното образование. Денес наставникот не е само извор на знаење, туку и организатор на работа, мотиватор и иницијатор на ученичките активности, а тој самиот треба да е мотивиран, одговорен, комуникативен, подготвен и отворен за постојано усовршување и професионално напредување. ПЕП, денешната настава ја претвори во голем предизвик, не само за ученикот, туку и за наставникот.
No comments:
Post a Comment