ПРИТИСОК
Прашања:
- Што е притисок?
- Што е хидростатички притисок?
- Што е атмосферски притисок?
- Како гласи Архимедов закон?
- Како се пренесува притисокот кај гасовите?
- Од кои величини зависи хидростатичкиот притисок на дното од садот?
- Две еднакви дрвени призми, едната е ставена во вода, другата во масло. Дали призмите пропаднале до иста длабочина?
- Зошто со зголемување на висината атмосферскиот притисок е се помал?
- Што треба да се направи да се намали притисокот што го врши една сила врз подлогата?
- Објасни го хидростатичкиот парадокс?
- Што е причината што гасот во балонот со качување во висина го зголемува својот волумен?
- Кои услови треба да бидат исполнети за да телото во течноста тоне?
- Зошто празна конзерва плива по површината на водата, додека наполнета со вода пропаѓа (тоне)?
- Што треба да се направи да се зголеми притисокот што го врши една иста сила врз подлогата?
- Како се пренесува притисокот кај тврдите тела?
- Како гласи Паскалов закон?
- Зошто балонот исполнет со топол воздух се крева во атмосферата?
ЗАДАЧИ: - Претвори:а) 200000 Ра во mmHg;б) 150000 Ра во mmHg;в) 600 mmHg во Ра;г) 600 mmHg во Ра;ако густината на живата е 13600 kg/m³.
- Површината на поголемиот клип на хидраулична преса е 400 сm². Колкава треба да биде површината на малиот клип за да можеме дејствувајќи врз него со сила од 200 N да пресуваме со сила од 4000 N?
- На подлогата стои стаклена чаша. Колкава е масата на чашата ако допирната површина е 27 сm², а притисокот што го врши на подлогата 908 Ра?
- Брод кој со машините и друга опрема има маса 2000 t , кога ќе се натовари истиснува 6000 m³ вода. Со колкав товар е натоварен бродот во овој случај?
- Притисокот во градската мрежа е 409,5 Ра. До кој кат на некоја зграда може да се искачи водата под дејдтво на тој притисок, ако висината на едниот кат е 3 m?
- Лизгач со маса 48 kg се лизга на лизгалки кај кои ширината на острицата е 3 mm, а должината на острицата е 30 сm. Колкав притисок врши лизгачот ако стои на двете лизгалки?
- Висината на нафтата мерена од дното на голем резервоар во една рафинерија е 15 m. Со колкава сила дејствува нафтата врз дното на резервоарот ако површината на дното е 200 m²? ( φ = 800 kg/m³)
- Површината на поголемиот клип на хидраулична преса е 100 сm², а на помалиот 5 сm². Со колкава сила треба да притиснеме на помалиот клип за да добиеме сила од 8000 N m² кај поголемиот клип?
- Едно тело е потопено во вода и е полесно отколку во воздух за 2 N. Пресметај го волуменот на телото?
- Колкав е притисокот под прстите на балерината која изведува фигура на една нога . Балерината има маса 48 kg, а површината на прстите 5 сm²?
- Колку би требало да биде висока цевката на живиниот барометар ако при притисок на воздухот од 750 mm живин столб, место жива во цевката се стави вода? (φ = 13600 kg/m³)
- Колкава е тежината на сидрото во воздух ако неговата тежина во морската вода е 111,8 N. Волуменот на сидрото е 3,5 dm³? (φ = 1030 kg/m³)
- Предмет тежок 800 N плива по површината на водата. Делот од предметот над површината на водата има волумен од 6 dm³. Колку изнесува волуменот на предметот?
Коцка со раб 10 сm потполно е потопена во вода. Колкава сила на потисок дејствува на коцката? - Куче тешко 120 N кога стои врши притисок на површината од 37,5 kРа. Пресметај ја допирната површина на едната нога од кучето.
- Плоштините на клиповите на хидраулична дигалка се ѕ1 = 10 сm² и ѕ2 = 50 сm². На помалиот клип дејствува сила од 500 N. Колкава сила дејствува на поголемиот клип?
No comments:
Post a Comment