ОУ “Димитар Миладинов” Општина Центар Скопје
ИНТЕРНА ОБУКА
( РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ПОМЕЃУ ОДДЕЛЕНСКИТЕ
И ПРЕДМЕТНИТЕ НАСТАВНИЦИ - 29.05.2012 )
"Подобрување на оценувањето на ученицитe"
СУМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ
- Сумативно наспроти формативно оценување
(Цели:
- Да се сфати разликата меѓу формативното и
сумативното оценување.
- Да се согледа дека меѓу формативното и
сумативното оценување не постои остра граница
– споделуваат методи и влијаат едно на друго ) - Видови сумативно оценување
( Цели:
- Да се направи разлика меѓу наметнато, вградено
и барано оценување.
- Да се направи разлика меѓу
нормативно,критериумско и развојно оценување
и да се согледаат нивните предности и слабости ) - Фактори кои влијаат на оценките
( Цели:
- Да се увиди дека оценките не се еднозначни и
дека вклучуваат извесна доза на субјективност и
релативност.
- Да се согледаат факторите кои ја намалуваат
ефективноста на оценките.
- Да се увиди потребата од посебно оценување наоднесувањето на ученикот, издвоено од неговата
оценка по предметот ) - Тестови на знаење( Цели:- Да се направи разлика меѓу различните видовиобјективни прашања.
- Да се согледаат вообичаените грешките што се
прават при составување на објективни прашања.- Да се направи разлика меѓу објективните и
есејските тестови) - Нивоата на знаење и оценките
( Цели:- Да се прави разлика меѓу три вида на знаење и
во рамките на секој од нив, на три нивоа на
знаење што се проверуваат со три типа на задачи- Да се согледа врската меѓу оценките и нивоата
на знаење – како се става оценка базирана на
нивото на знаење на дадена тема) - Нивоата на знаење и методите на оценување
( Цели:- Да се согледаат можностите и ограничувањата
на објективните и есејските тестови во мерењето
на усвоеноста на различните нивоа и различните
ви дови знаење.- Да се сфати потребата и начинот на користење
на другите методи на оценување како
дополнувањa и/или како алтернатива на
тестовите ) - Изведување оценка за една тема
( Цели:- Да се сфати важноста од соодветна застапеност
на различните видови знаења и во рамки на нив,
на различните нивоа на знаење, при
изведувањето на оценките.- Да се увиди како може да се користат различнитеметоди на оценување при изведување оценка на
дадена тема од конкретен предмет) - Изведување сумарна оценка
( Цели:- Да се согледа дека сумарната оценка треба да
биде одраз на тоа што ученикот научил по однос
на сите теми што се покриени со оценката.- Да се увиди дека сумарната оценка не може да сепресметува како прост просек од оценките
добиени за одделните теми .- Да се сфати дека ученикот има право да покаже
дека дополнително ја научил и темата што
претходно била оценета )
No comments:
Post a Comment