Sunday, May 13, 2012

СВЕТЛИНСКИ ПОЈАВИ


Прашања и задачи собрани од наставните ливчиња:
  1. Искажи го законот за рефлексија: ..............
  2. Ако аголот што го зафаќа упадниот зрак со нормалата изнесува 40°, колку изнесува аголот на одбивање што го зафаќа одбиениот зрак со нормалата? Што ќе се случи со одбиениот агол ако упадниот агол се зголеми за 5°?
  3. Горан стои на 5 m пред рамно огледало. Колку е оддалечен неговиот лик од огледалото? Потоа приоѓа 2 m поблизу до огледалото. Колкаво е сега растојанието од ликот до огледалото?
  4. Дополни: Сферните огледала можат да бидат:
    а) _____ или ______ кога огледалната површина е _...
    б) _____ или ______ кога огледалната површина е _...
    Карактеристични зраци на сферно огледало се:
    а)...... кој по одбивањето .......
    б)......кој по одбивањето ......
    в).... кој по одбивањето.....
    г) ...... кој по одбивањето....
  5. Пресметај го растојанието на ликот, чиј предмет се наоѓа на оддалеченост 4m од конкавното огледало со f = 20 сm.
  6. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа помеѓу темето и фокусот на едно конкавно сферно огледало.
  7. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа на растојание 3 cm од едно конвексно сферно огледало.
  8. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа помеѓу фокусот и оптичкиот центар на едно конкавно сферно огледало.
  9. Одговори на поставените прашања:
    а) Што се подразбира под поимот прекршување на светлината?
    б) Кога светлинскиот зрак може да премине од една оптичка средина во друга, без да го промени правецот на простирањето?
    в) Што е дисперзија на светлината?
    г) Што е фатаморгана?
  10. Одговори на следните прашања:
    a) Што е леќа?
    б) Какви видови леќи познаваш?
    в) Што се нарекува главна оптичка оска, оптички центар и фокус на една леќа?
    г) Како се определува јачината на леќата?
    д) Како гласи равенката за леќата и кои величини ги поврзува?
    ѓ) Кои карактеристични зраци се користат за геометриското конструирање на ликови при леќите?
  11. Дополни:
    а) Апаратите кај кои со помош на оптички леќи, призми и огледала може да се набљудуваат или регистрираат ситни и оддалечени предмети се нарекуваат _____ .
    б) За набљудување на многу ситни предмети се користат   ______ и ______, а за оддалечени предмети ........
    в) За набљудување на многу оддалечени тела, како што се небеските, се користи _____ .
    г) За корекција на недостатоците на човечкото око се користат ........и тоа:
    - кај кратковидоста - _______________,
    - кај далекувидоста - _______________ .
  12. Светлински зрак паѓа нормално на рамно огледало. Колкав ќе биде аголот меѓу одбиениот и упадниот зрак, ако огледалото се завр ти за 30º.
  13. Сончевите зраци паѓаат под агол од 60º. Под кој агол треба да се постави рамно огледало за да зраците се одбиваат вертикално?
  14. Пред рамно огледало на растојание од 25 cm е поставен предмет. За колку ќе се зголеми растојанието меѓу предметот и неговиот лик, ако предметот се оддалечи од огледалото за 15 cm?
  15. Пред сферно вдлабнато огледало на растојание 0,8 m е поставена запалена свеќа. На кое растојание од огледалото ќе се добие нејзиниот лик, ако радиусот на огледалото е 0,6 m?
  16. На растојание од 80 cm од темето на сферно вдлабнато огледало се наоѓа светол предмет. Неговиот лик е 4 пати помал од предметот. Најди го растојанието на ликот и фокусното растојание на огледалото.
  17. Предмет висок 4 cm поставен е на растојание 12 cm од темето на сферно вдлабнато огледало со радиус на кривината од 18 cm. Определи ја положбата и големината на ликот.
  18. Колку време треба да патува светлината од Сонцето до Земјата, ако растојанието меѓу нив е приближно 1000000000 km?
  19. На кое растојание од Сонцето се наоѓа "планетата" Плутон, ако светлината го минува тоа растојание за 5,5 часа?
  20. Пред двојно испакната леќа на растојание 45 cm е поставен предмет. Неговиот лик се добива на растојание 15 cm. Колкаво е фокусното растојание на леќата?
  21. На кое растојание од собирна леќа со фокусно растојание 10 cm треба да се постави предмет, за да биде неговиот лик 2 пати поголем од предметот?
  22. Определи ја оптичката јачина на собирна леќа со фокусно растојание 20 cm.
  23. Оптичка јачина на леќа е + 4 диоптри. Колкаво е нејзиното фокусно растојание? За каква леќа станува збор?
  24. Пресметај ја фокусната далечина на леќа со јачина 1,5D.
  25. На оптичка оска на вдлабнато (конкавно) огледало чиј радиус на кривината е 50 cm на растојание од 2,5 m се наоѓа предмет АВ. На кое растојание ќе се добие јасно неговиот лик?
  26. На растојание од 60 cm од темето на сферно вдлабнато огледало се наоѓа светол предмет. Неговиот лик е 4 пати помал од предметот. Најди го растојанието на ликот и фокусното растојание на огледалото.
  27. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа помеѓу оптичкиот центар и фокусот на собирна леќа со фокусно растојание од 3 cm. Што заклучуваш?
  28. Конструирај лик во конвексно (испакнато) сферно огледало. Големините на предметот и огледалото нека бидат по твоја желба. Каков е добиениот лик?
  29. На собирна леќа чија фокусна далечина е 100 mm пресметај ја нејзината јачина.
  30. Колкаво е фокусното растојание на вдлабнато сферно огледало, ако предметот поставен на растојание од 0,4 m дава лик на растијание од 20 cm?
  31. Пред собирна леќа со јачина од 4 D се наоѓа предмет на растојание од 50 cm. На кое растојание од леќата се наоѓа неговиот лик?
  32. Конструирај го ликот на предметот што се наоѓа помеѓу фокусот и оптичкиот центар на едно конкавно (вдлабнато) огледало чиј радиус на сферата е 6 cm. Што заклучуваш?
  33. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа помеѓу оптичкиот центар и фокусот на собирната леѓа со фокусно растојание од 3 cm. Што заклучуваш?

No comments:

Post a Comment