Здружение на просветни работници
Ако ти и јас имаме по едно јаболко и ги размениме тие јаболка, тогаш и ти и јас ќе имаме по едно јаболко. Но, ако ти и јас имаме по една идеја и ги размениме тие идеи, тогаш и ти и јас ќе имаме по две идеи. - Џорџ Бернард Шо
Saturday, April 18, 2026
Sunday, September 8, 2024
Тој што го сфаќа новото и го негува старото, може да биде учител. (Конфучиј)
Почеток на имплементација на проектот
„Развивање
и тестирање наставна програма за медиумска писменост“
По успешно завршениот камп за
медиумска писменост „Справување со дезинформации преку образование“ TechCamp
Охрид 2023, тим од наставници од пет основни
училишта од Република Македонија по добиениот грант започнаа со реализирање на
проектот „Развивање и тестирање наставна програма за медиумска писменост“ кој
го имплементира Центарот за иновации и дигитална едукација заедно со Амбасадата
на Соединетите Американски Држави во Македонија и тимот на TechCamp на Стејт
Департментот на САД од Вашингтон.
Носители на овој проект се училиштата:
ООУ„Блаже Конески“ – Прилеп;
ООУ„Петар Поп Арсов“ – Карпош, Скопје;
ООУ„Марко Цепенков“ – Зелениково, Скопје;
ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“ – Ранковце и
ООУ„Димитар Миладинов“ – Центар, Скопје.
Програмата
за медиумска писменост во основното образование е дизајнирана да ги надгради
вештините на учениците за критичко размислување и анализа на медиумските содржини,
со цел да се создадат информирани и одговорни дигитални граѓани. Освен што се
фокусира на разбирањето на медиумската пристрасност и техниките на убедување,
програмата исто така ги поттикнува учениците да размислуваат критички за
етичките аспекти на медиумската продукција и новинарството. Учениците ќе учат
како да ги препознаваат и проверуваат фактите, да го разберат влијанието на
медиумите врз јавното мислење и политиката, и да се изразуваат креативно преку
дигитално раскажување приказни.
Програмата вклучува практични активности како
создавање на мултимедијални проекти, видеа и подкасти, кои им овозможуваат на
учениците да ги применат своите знаења во реални сценарија. Исто така, се
охрабруваат дебати и дискусии за слободата на изразување и правото на пристап
до информации, како и за рамнотежата помеѓу слободата на говорот и одговорната
употреба на медиумите. Со учество во кампањи за дигитален активизам и
истражување на онлајн заедници, учениците стануваат дел од поголемата дигитална
заедница и учат како да придонесат кон социјалните промени.
Како крајни
исходи, програмата тежи кон создавање на свесни и критички мислители кои ќе
бидат способни да ги препознаат и да се справат со предизвиците на дигиталната
ера, да ги заштитат своите лични податоци и да учествуваат активно во
дигиталното општество. Учениците ќе бидат подготвени да ги препознаат и да се
справат со мисинформациите и дезинформациите, да ги разберат и да се борат
против сајбер насилството и да градат позитивна слика на телото и разновидност
во медиумите. Оваа програма има за цел да ги охрабри учениците да станат
активни учесници и креатори на медиумски содржини, а не само пасивни
потрошувачи.
Во текот на
спроведувањето на активностите ќе биде отворена и веб страна на проектот –
www.nasmedium.edu.mk, каде ќе бидат поставени ресурси и добри практики за
имплементација на програмата во основните училишта.
Проектот е составен од
клучни 5 теми, а секоја е разработена во повеќе подтеми.
Теми:
1. Запознавање со концептите на медиумска писменост.
2. Разбирање на
медиумската пристрасност.
3. Разбирање на рекламирањето и влијанието на медиумите.
4. Медиумска
писменот и политика.
5. Медиумска писменост и дигитален активизам .
Пополека ќе навлеземе во дигитално
раскажување приказни digital storytelling: Елементи и техники
Storyboarding и планирање на дигитален
медиумски проект.
Ќе спроведеме мини истражувачки проекти за актуелен настан како што е: Медиумска
писменост во ерата на социјалните медиуми; Идентификување на мисинформации и
дезинформации; Истражување на стратегии за борба (справување) со лажните вести
fake news и друго.
Saturday, July 17, 2021
Воннаставни активности по физика (Охрид, јули 2021)
Никогаш не постои остра граница помеѓу наставни и воннаставни активности. Честопати се преклопуваат и надополнуваат. Тие се одлична можност за имплементирање на новитети кои ако добро поминат и се прифатат од учениците, можат да преминат во наставните активности. На пример самооценување и оценување од соучениците каде чениците се вклучени во оценувањето и е создадена позитивна клима за реално вреднување на сопствените постигнувања.
Со работа на само еден eTwinning проект, почитувајќи ги ситефази од неговото планирање , ќе имаме материјали запополнување на сите барања од формуларот завоннаставните активности. Со комбинирање на наложенитезадолженија и работа која ни претставува задоволство -добиваме одличен продукт.
Што
е учење преку eTwining проекти?
- Учениците
од различни држави работат на ист проблем и
притоа
комуницираат меѓу себе.
- Критички
осврт кон сопствената работа(рефлексија).
- Метод
на оценување и самооценување.
(пополнвање
на рубрики за оценување),осврт на севкупната
работа
и следење сопственото учење.
- Преку
eTwining проектите ученикот доаѓа до откритија.
Овој
начин на работа овозможва:
- Поголема
мотивираност на учениците,
- Континуиран
процес ,
- Учениците
учествуваат во планирањето на активностите,
- Тимска
работа,
- Директни
искуства,
- Развивање
на вештини преку активности,
- Љубопитност,
интерес, уживање и задоволство кај сите
учесници.
Што е учење преку eTwining проекти?
- Учениците од различни држави работат на ист проблем и
притоа комуницираат меѓу себе.
- Критички осврт кон сопствената работа(рефлексија).
- Метод на оценување и самооценување.
(пополнвање на рубрики за оценување),осврт на севкупната
работа и следење сопственото учење.
- Преку eTwining проектите ученикот доаѓа до откритија.
Овој начин на работа овозможва:
- Поголема мотивираност на учениците,
- Континуиран процес ,
- Учениците учествуваат во планирањето на активностите,
- Тимска работа,
- Директни искуства,
- Развивање на вештини преку активности,
- Љубопитност, интерес, уживање и задоволство кај сите
учесници.
Оваа година го рестартираме
и стариот проект GLOBE.
2008 вака запишав: "Нашето училиште ООУ "Димитар
Миладинов", Скопје,
Македонија, стана членка на GLOBE
семејството во 1998 година
по иницијатива и координација на
МЖСПП.
Учениците од ООУ
"Димитар Миладинов"веќе 10 години ја
мерат температурата на
воздухот (минимална,
максималнамоментална),
температурата на почвата, влажноста
на воздухот, атмосферскиот
притисок, количество на врнежи и
облачност.
Собраните податоци преку
Интернет ги внесуваат во
единствената Светска база
на податоци. Поради својата својата
исполнителност се уште
сме училиште со најголем најголем бroј
ро на испратени податоци податоци, поради што често сме
пофалувани. "
Стани член на проектот кој
одлично ќе се вклопува во
воннаставните активности.
Оваа година го рестартираме
и стариот проект GLOBE.
2008 вака запишав: "Нашето училиште ООУ "Димитар
Миладинов", Скопје,
Македонија, стана членка на GLOBE
семејството во 1998 година
по иницијатива и координација на
МЖСПП.
Учениците од ООУ
"Димитар Миладинов"веќе 10 години ја
мерат температурата на
воздухот (минимална,
максималнамоментална),
температурата на почвата, влажноста
на воздухот, атмосферскиот
притисок, количество на врнежи и
облачност.
Собраните податоци преку
Интернет ги внесуваат во
единствената Светска база
на податоци. Поради својата својата
исполнителност се уште
сме училиште со најголем најголем бroј
ро на испратени податоци податоци, поради што често сме
пофалувани. "
Стани член на проектот кој
одлично ќе се вклопува во
воннаставните активности.
Saturday, June 15, 2019
Меѓународно признание за македонските просветари
Од 30 мај до 2 јуни во Будва, Црна Гора се одржа втора конференција
„Светот на образованието ги брише границите“ организирана од Асоцијацијата Best Teacher-Ex Yugoslavia.
Плакетата и признанието ги доби за постигнати високи резултати во остварувањето на целите и задачите на воспитно-образовната дејност низ тековните години во наставата и воннаставните активности.









































