Friday, January 6, 2012

ПРИМЕНА НА ИКТ ВО НАСТАВАТА

            План за час со интеграција на ИКТ

Вовед во физиката - материја 

Одделение: 7 ( може и во петто- природни науки)
Предвидено време: трите фази 80 min/ две фази по 40 min
Предмет: физика/ основи на природните науки
Цели на наставната програма (БРО)
- Откривајќи го цртежот на природните појави со помош на MS Paint да дадат соодветен опис на природните појави:
испарување и кондензација во Word, Потоа да подготват презентација во Power Point.
- Да ја повторат научената лекција, логички да размислуваат, самостојно да се изразуваат.

Образовни задачи:
- Да црта,повторува, запомнува и да ги користи стекнатите знаења,
- Да ги препознава природните појави,
- Да ги разликува природните појави: кондензација и испарување,
- Да знае како настануваат,
- Од каква важност се за животот на Земјата,
- Да ги споредува и објаснува донесените заклучоци за дадената појава,  
- Да толкува, проценува и е активен учесник при конкретизација на поставената цел.

МЗТО стандарди
- Ученикот да покажува легално и етичко однесување при користење на информации и технологии.
- Селектира и користи соодветни алатки и технолошки ресурси за да ги изврши задачите и реши проблемите.

ИТ - специфични вештини:
- Со користење на влезни уреди да умее да ги реши поставените задачи,
- Да црта,
- Да го уреди нацртаното,
- Да креира,
- Да бои,
- Да раскажува,
- Да презентира.

Портебен софтвер: Paint; Word; Power Point

Извори и материјали: 
- Софтверот: Paint, Word, Power Point,
- Печатар.

Тек на активности на часот

Наставникот:
- Изготвува функционален картон во кој се дадени упатства за работа.
- Дава инструкции за работа.
- Помага во работата.

 Ученикот:
- Ги следи упатствата и работи, мисли, препознава, донесува заклучоци, раскажува со свои зборови, се консултира за исправноста на заклучоците идр.

Оценување на учениците:
- Секоја етапа се бодира поодделно.

Оценувачка рубрика:
Учениците сами ја анализираат работата и ги споделуваат направените грешки. 

ФУНКЦИОНАЛЕН КАРТОН

I - ФАЗА - ИЗРАБОТКА НА СЛИКА

Упатство за изработка на слика во Paint:
СЛЕДИ ГИ УПАТСТВАТА ДА ДОЈДЕШ ДО ПОСТАВЕНАТА ЦЕЛ!
1. Стартувај го графичкиот уредувач Paint (со  командите: Start, All Programs, Accessories, Paint) кој е составен од стандардно мени, лента со алатки (Toolbar)
Полето со својствата за избраната алатка, палетата со бои, статусна линија и работна површина.
2. Од лентата со алатки ќе ги употребиш оние што ти се потребни да ги исполниш барањата од  задачата.
а) Кликни врз алатката правоаголник, потоа во долниот дел од работната површина влечи го покажувачот од левокон десно или обратно, да добиеш правоаголник долг колку што е долга работната површина и широк околу 2 cm.
б) Обој го правоаголникот со зелена боја така што ќе го селектираш и ќе кликнеш на кантичката со боја и ќе ја одбереш зелената.
в) Во лентата со алатки кликни врз алатката елипса и влечи го покажувачот по горниот дел од работната површина. Исцртај барем 3 елипси со големина по твојата желба. Обој ги елипсите во разни нијанси на сина боја.
г) На работната површина вертикално нареди од левата и од десната страна најмалку 20 кругови со дијаметар 2 - 3 mm и нив обој ги со сина боја.
(Цртежот треба да изгледа така - доколку не си го постигнал тоа, коригирај:
1. Правоаголникот да е поставен хоризонтално најдолу на работната површина.
2. Елиптичните кругови поставени во горниот дел од работната површина.
3. Од левата и десната страна на работната површина се  наредени вертикално кругчињата ( по десетина).
д) Дади му го името на цртежот ( на што те асоцира) и впиши го во средината на работната површина. Кликни на алатката со која се пишува текст (икина обележана со "А") одбери кириличен фонт со големина и стил по твоја желба. (Ако текстуалната лента со алатки не е видлива во менито "Viev", кликни врз "Tekst Toolbar")
ѓ) Доколку сметаш дека треба нешто да додадеш на цртежот додади, а на крај објасни зошто си го сторил тоа.
е) Сними го цртежот, така што ќе кликнеш на "File" кое се наоѓа на горниот дел на екранот и одбери "Save as" и ќе ти се појави прозор во кој ќе треба да ја именуваш сликата и да ја зачуваш во твојот компјутер.
ш) Откако ќе завршиш со цртежот, испечати го, така што ќе кликнеш на "File" кое се наоѓа на горниот дел на екранот и одбери "Print" или со кратенката "Ctrl + P" и кликни "ok"
    • II - ФАЗА - КУС РАСКАЗ
      Доколку си ја одгатнал зададената природна појава премини во вториот дел од задачата: Напиши се што знаеш за дадената појава следејќи го наведеното упатство.

      УПАТСТВО ЗА РАБОТА ВО MS WORD, ОД ПАКЕТОТ НА "MICROSOFT OFFICE"

      1. Програмот се стартува со кликнување на иконата Microsoft Word”, по стандардна инсталација на програмот, икони се создаваат на работната површина и во стартното мени (кликнуваш “START” од левата долна страна на екранот, откако ќе се појави менито кликнуваш на PROGRAMS , Miscrosoft Office” и во папката на OFFICE”кликни на MS WORD”)
      2. Одбери фонт по желба (исклучиво кирилица) со големина во 14. 
      3. Напиши се што знаеш за кружното движење на водата во природата. 
      4. Сними го текстот (Како во претходната задача).Сликата од претходната задача и текстот од оваа задача спој ги во еден документ (Во напишаниот текст ќе ја вметнеш сликата, цртежот што го нацрта во  PAINT” (Во горното мени ќе побараш PICTURE” во кое ќе ти се појави мени на кој начин сликата сакаш да ја внесеш. Значи ти треба постоечки документ, кликнуваш FROM FILE”, ја бараш таму каде си ја зачувал сликата, ја бележиш со левото копче и кликнуваш INSERT во даденото прозорче. 
      5. Испечати го документот.

      КУС РАСКАЗ:

      Кружно движење на водата во природата
      Водата е во постојано движење. Таа испарува од езерата, морињата, реките, почвата, се искачува во облаците и повторно се враќа како дожд. Оваа се нарекува воден циклус. Животните и растенијата би изумреле без овој циклус, а почвата би се претворила во прав.
       

      III - ФАЗА 


      ИЗРАБОТИ ПРЕЗЕНТАЦИЈА ОД СРАБОТЕНОТО

      Упатство за работа во POWER POINT”од пакетот на “Microsoft Office”
      1. Програмотсе стартува со кликнување на иконата “POWER POINT”, кликни “START”од левата страна на екранот, откако ќе се појави менито кликнуваш на “PROGRAMS” , “Miscrosoft Office” и во папката на “OFFICE” кликни на  “POWER POINT”.
      2. Отвори нова презентација со кликнување на  ”NEW”со [то ќе се создаде нов образец
      “Template”.
      3.  Од десната страна на екранот празна презентација - “Blank Prezentation” т.е. изгледот на слајдот.
      4. Избери наслов на слајдот “Title Slide” и на местото насловот, впиши "Кружно движење на водата во природата"
      5. Вметни новслајд од менито Insert”, избери ја опцијата New Slide”(CTRL+M ), внеси го твоето име и презиме и училиште.
      6. Како наведеното во точка 5, внеси нов слајд и во него, внеси го цртежот што го нацрта во
      “PAINT” (Во горното мени ке кликнеш на “INSERT” и во него ќе побараш “PICTURE” во кое ќе ти се појави мени на кој начин сликата сакаш да ја внесеш, значи ти треба од постоечки документ, кликнуваш “FROM FILE”, ја бараш таму каде што си ја зачувал сликата, ја бележиш со лево кликнување и кликнуваш “INSERT
      ” во даденото прозорче.
      7.  Како во претходната точка избираш нов слајд. Во него внеси го напишаниот текст (Кружно движење на водата во природата) како во точка 6 ќе внесеш текст наместо слика, значи , во горното мени ќе кликнеш на “INSERT” и во него ќе побараш “Slides from Outlines”, во кое ќе треба да најдеш претходно создадениот текст документ, откако че го одбележиш со лево кликнување, кликнуваш на
      “INSERT
      ” во даденото прозорче.
      Втора опција е да ископираш текст во веќе напишан документ. Отвори го пишаниот документ и одбери дел од текстот, десен клик на копчето од глувчето врз обележаниот текст, кликни COPY” да го копираш. За да го вметнеш на друг празен лист повторно притисни десно копче и кликни PASTE”.

1 comment: