Saturday, July 17, 2021

Воннаставни активности по физика (Охрид, јули 2021)

     Никогаш не постои остра граница помеѓу наставни и воннаставни активности. Честопати се преклопуваат и надополнуваат. Тие се одлична можност за имплементирање на новитети кои ако добро поминат и се прифатат од учениците, можат да преминат во наставните активности. На пример самооценување и оценување од соучениците каде чениците се вклучени во оценувањето и е создадена позитивна клима за реално вреднување на сопствените постигнувања.



Со работа на само еден eTwinning проект, почитувајќи ги сите
фази од неговото планирање , ќе имаме материјали за
пополнување на сите барања од формуларот за
воннаставните активности. Со комбинирање на наложените
задолженија и работа која ни претставува задоволство -
добиваме одличен продукт.


Што е учење преку eTwining проекти?
 
- Учениците од различни држави работат на ист проблем и
притоа комуницираат меѓу себе.
- Критички осврт кон сопствената работа(рефлексија).
- Метод на оценување и самооценување.
(пополнвање на рубрики за оценување),осврт на севкупната
работа и следење сопственото учење.
- Преку eTwining проектите ученикот доаѓа до откритија.
Овој начин на работа овозможва: 
- Поголема мотивираност на учениците,
- Континуиран процес ,
- Учениците учествуваат во планирањето на активностите,
- Тимска работа,
- Директни искуства,
- Развивање на вештини преку активности,
- Љубопитност, интерес, уживање и задоволство кај сите
учесници.



Оваа година го рестартираме и стариот проект GLOBE.

 2008 вака запишав:  "Нашето училиште ООУ  "Димитар

Миладинов", Скопје, Македонија, стана членка на GLOBE

семејството во 1998 година по иницијатива и координација на

МЖСПП.

 

Учениците од  ООУ  "Димитар Миладинов"веќе 10 години ја

мерат температурата на воздухот (минимална,

максималнамоментална), температурата на почвата, влажноста

на воздухот, атмосферскиот притисок, количество на врнежи и

облачност.

Собраните податоци преку Интернет  ги внесуваат во

единствената Светска база на податоци.  Поради својата својата

исполнителност се уште сме  училиште со најголем најголем бroј

ро на испратени  податоци податоци, поради што често сме

пофалувани. "

 

Стани член на проектот кој одлично ќе се вклопува во

воннаставните активности.