Ако ти и јас имаме по едно јаболко и ги размениме тие јаболка, тогаш и ти и јас ќе имаме по едно јаболко. Но, ако ти и јас имаме по една идеја и ги размениме тие идеи, тогаш и ти и јас ќе имаме по две идеи. - Џорџ Бернард Шо
Showing posts with label ОУ Дмитар Миладинов. Show all posts
Showing posts with label ОУ Дмитар Миладинов. Show all posts
Thursday, January 31, 2013
Sunday, October 7, 2012
Поинаков час
![]() | ||
| 25.09.2012 - Вештини за живеење - Стојка Даскаловска |
![]() |
|
Филип Поповски VII в одделение
|
Секој е одговорен за своето здравје
“Секој е господар на
своето здравје.” Оваа максима ме води да размислувам за здравата храна, за
исхраната како егзистенцијален фактор, општо за сопственото здравје, дали и
како треба да го подобриме истото.
Секојдневно слушаме што е здрава храна, како да ги
внесеме потребните материи за добар и здрав начин на живот. Храната што ја
внесуваме во организмот треба да биде во доволна количина за снабдување со
енергија во текот на целиот ден. За таа цел, јадам во умерена количина, три
оброци во денот со разновидна храна, со доволна количина потребни масти,
белковини, јаглени хидрати и протеини. Овошјето и зеленчугот се составен дел од
мојата исхрана. Минимум пет овошја и зеленчуци се потребни за сечиј правилен
раст и развиток. Месните и млечните производи се неизоставен дел од мојата
исхрана, бидејќи по препорака на многу нутриционисти е препорачливо во текот на
растот да се внесува доволно количина на месо и белковини.
Заклучно, сметам дека здравата, умерена и разновидна
исхрана е неопходен услов за секојдневно функционирање, за полнење на нашето
срце, ум и тело со високо квалитетни материи во балансирани квантитативни
количества и за воспоставување и овозможување на континуиран здрав однос на
здрав дух во здраво тело на секоја индивидуа.
Subscribe to:
Posts (Atom)





















