24 Мај - Денот на сесловенските просветители и учители или Денот на светите солунски браќа Свети Кирил и Методиј
Ако ти и јас имаме по едно јаболко и ги размениме тие јаболка, тогаш и ти и јас ќе имаме по едно јаболко. Но, ако ти и јас имаме по една идеја и ги размениме тие идеи, тогаш и ти и јас ќе имаме по две идеи. - Џорџ Бернард Шо
Showing posts with label Aida Petrovska. Show all posts
Showing posts with label Aida Petrovska. Show all posts
Sunday, June 17, 2018
Monday, August 12, 2013
СИНА ПЛАНЕТА
![]() |
| Денот на водите 2010 |
Астронаутите
од вселената планетата Земја ја гледаат сино обоена. Тоа е поради
водата со која се покриени три четвртини од земјината површина. Иако ја има во
изобилство само 1 % од водата на планетата Земја се користи за пиење, капење и
перење.
Во
водата е создаден животот и без неа би го снемало и животот на планетата Земја.
Потребна му е на човекот, на животните и на растенијата.
Поточињата,
реките, езерата содржат големи количества питка вода, која од ден на ден се
повеќе ја загадуваме и ја правиме неупотребива за пиење . Природата и човекот
се натпреваруваат, кој е побрз, природата во обновувањето на питките извори
вода,а човекот во загадувањето на водата. Кога сончевите зраци ја загреваат водната површина, растенијата,
почвата, водата од нив испарува и се претвора во пареа која се крева во
погорните слоеви од атмосферата. Сета вода
од Сината планета се движи во затворен циклус. Таму се среќава со студениот воздух кој
ја лади, таа се кондензира и се создаваат облаци. Ситните капки на
кондензираната вода се соединуваат во поголеми капки кои повторно паѓаат и се
враќаат на површината на Земјата во форма на дожд, снег или град.
Кога ќе
се врати на Земјата еден дел повторно испарува, еден дел се впива во почвата, а
еден дел оди во реките, езерата и морињата. Оваа нејзино кружење се случува
непрестано и овозможува да се одржува рамнотежа на количествата на вода на
површината на Земјата и во нејзината атмосфера. Растенијата од почвата ја
зимаат водата во која се растворени минералните материи и создаваат храна.
Растенијата се фабрики на храна за сите живи суштества на планетата Земја. Само
од вода и јаглероден диоксид произведуваат храна и овозможуваат живот за сите.
Што
правиме ние, едни од најмладите суштества, создадени на оваа планета?
Сината
убавица постои многу порано пред да се појави првиот човек. Тој човек е
единствениот што во толку кус временски период успеал да влијае на изгледот и
на природните циклуси на оваа наша единствена планета.
Свесно
ја загадува водата, почвата, воздухот , нанесувајќи огромни штети и неизлечиви
рани, надевајќи се дека Сината планета ќе се самоизлечи. Но
не бидува така. Нејзините сили се при крај.
Ако не
се освестиме и почнеме да работиме да ја отстраниме направената штета, ќе не
снема. Ќе ја снема Сината убавица, а со тоа ќе не снема и нас, оти и ние сме
нејзиниот дел.
Што
треба да правиме?
1. Да
пошумуваме. Дрвјата се филтри за прочистување на воздухот и на водата. Тие се извор
на храна и дом за многу животни. Ако не садиме дрвја, а постоечките ги сечеме
ќе нема кој да ги впива обилните дождови и често ќе имаме поплави
и штети, ќе бидеме гладни и без домови.
2. Да не
ги фрламе отпадоците на улица, плажа, планина, клозетска шоља. Сите тие
отпадоци , когаш – тогаш доаѓаат до рeчните корита, а преку нив до морињата.
Реката ќе го однесе отпадот до морето и таму ќе се собира во огромна депонија,
зошто морето не тече и нема на кого да го предаде. Често водните животни го
голтат отпадоците мислејќи дака се храна и се задушуваат. На таков начин
завршиле многу морски желки кои денес се многу ретки и изумираат.
Како
водата влијае на нашето здравје?
Знаеме
дека без вода нема живот.
Среќни
сме што имаме чиста и здрава вода во изобилство. Но до кога?
Во
Африка и Азија три четвртини од населението немаат чиста вода за пиење. Околу
5000000 луѓе умираат секоја година од болести што се пренесуват со загадена
вода.
Околу
80 % од сите болести се случуваат поради нечиста
вода за пиење. Мораме да ги сочуваме нашите извори, зарад и нашето здравје и
заради идните поколенија.
Што
сторивме досега?
Штедиме
вода, садиме растенија, рециклираме, употребуваме повторно. Се трудиме на разни
начини да влијаеме на помладите и на повозрасните истото да го прават (
организираме кампањи, изработуваме брошури, соработуваме со медиумите и многу
др.
Како го
одбележиме Денот на водите?
Сите
членови на клубот Млади истражувачи поднесоа кусо известување за тоа што
сториле од септември 2009 год. до денес.
Своите
активности ги претставија преку презентации, постери и брошури.
Балетската
група изведе неколку музички точки од
најновиот репертоар.
Организираме
трка на еко - автомобили, а победниците ги наградивме со највкусните ресенски
јаболки.
Изведовме
акција во собирањето на пластичните шишиња и собравме повеќе џамбо кеси. Сите
активности ги документиравме.
ОУ
“Димитар Миладинов”
Општина
Центар - Скопје МакедонијаFriday, December 14, 2012
ОБУКА - ЕДИТИРАЊЕ НА СОДРЖИНИ ВО CONTENT MANAGEMENT СОФТВЕРОТ “PAYAK”
|
ЕДИТИРАЊЕ НА СОДРЖИНИ ВО CONTENT MANAGEMENT СОФТВЕРОТ
“PAYAK”
Semos
Multimedia
|
Што научивме:
- Како да се
логирам?
- Како
да уредувам содржини?
- Едитирање
на HTML содржини,
- Едитирање
на Новости,
- Едитирање
на Наставен Кадар,
- Едитирање
на Актуелности,
- Едитирање
на Потсетник,
- Едитирање
на За Нас,
- Едитирање
на YouTube видеа,
- Едитирање
на Photo Gallery,
- Едитирање
на Video Gallery,
- Едитирање
на Банери,
- Едитирање
на Newsletter.
Две важни
информации кои ќе ви помогнат при користењето на CMS Payak:
- CMS Payak е најдобро да се користи со Internet Explorer пребарувачот.
- Доколку сте логирани на Payak-от, а повеќе од 15 мин. не сте извршиле
никаква зачувана промена, системот ќе побара од вас повторно да се логирате.
Затоа почесто зачувувајте го она што го работите ( со кликање на копчето SAVE,
во менито горе десно), особено ако подолго време работите на еден текст. Со тоа
ќе се осигирате дека промените што ги правите
ќе бидат сигурно зачувано.
Ознаке:
Aida Petrovska,
Semos
Makedonija
Macedonia (FYROM)
Subscribe to:
Posts (Atom)






