Ако ти и јас имаме по едно јаболко и ги размениме тие јаболка, тогаш и ти и јас ќе имаме по едно јаболко. Но, ако ти и јас имаме по една идеја и ги размениме тие идеи, тогаш и ти и јас ќе имаме по две идеи. - Џорџ Бернард Шо
Showing posts with label Македонија. Show all posts
Showing posts with label Македонија. Show all posts
Saturday, April 18, 2026
Saturday, November 17, 2012
Да го споделиме знаењето!
Одржана
Осмата меѓународна конференција е-Општество.Мк 2012
Заврши
осмата меѓународна конференција Е-Општество.Мк на тема „Отворено образование за отворено општество –
Да го споделиме знаењето!“. На конференцијата присуствуваа околу 250 учесници
од земјата и од странство. Учесниците беа од образовниот сектор, од основните и
средните училишта, од високообразовните државни и приватни институции,
деловниот и граѓанскиот сектор. Конференцијата траеше два работни дена (14 и
15.11.2012). Во осум сесии се
дискутираше на осум теми со особен нагласок на отворените образовни ресурси. 36
говорници од Македонија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора,
Словенија, Хрватска, Албанија и Америка,
со своите говори предизвикуваа интересни дебати. Во сите земји образованието се
сретнува со слични или исти проблеми. Кога се во прашање отворените образовни
ресурси, сите сме на слично ниво.
По
милионитти пат се уверив: „Кој
сака да направи нешто, бара начин, а кој не сака ништо да направи, бара
оправдување.“ (Пикасо)
Ознаке:
Аида Петровска,
Македонија,
Метаморфозис
Makedonija
Macedonia (FYROM)
Subscribe to:
Posts (Atom)



