Showing posts with label "ОУ Дмитар Миладинов". Show all posts
Showing posts with label "ОУ Дмитар Миладинов". Show all posts

Sunday, September 8, 2024

Тој што го сфаќа новото и го негува старото, може да биде учител. (Конфучиј)

 


Почеток на имплементација на проектот

„Развивање и тестирање наставна програма за медиумска писменост“

 

    По успешно завршениот камп за медиумска писменост „Справување со дезинформации преку образование“ TechCamp Охрид 2023, тим од наставници од  пет основни училишта од Република Македонија по добиениот грант започнаа со реализирање на проектот „Развивање и тестирање наставна програма за медиумска писменост“ кој го имплементира Центарот за иновации и дигитална едукација заедно со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија и тимот на TechCamp на Стејт Департментот на САД од Вашингтон.

Носители на овој проект се училиштата:

ООУ„Блаже Конески“ – Прилеп;

ООУ„Петар Поп Арсов“ – Карпош, Скопје;

ООУ„Марко Цепенков“ – Зелениково, Скопје;

ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“ – Ранковце и

ООУ„Димитар Миладинов“ – Центар, Скопје.

          Програмата за медиумска писменост во основното образование е дизајнирана да ги надгради вештините на учениците за критичко размислување и анализа на медиумските содржини, со цел да се создадат информирани и одговорни дигитални граѓани. Освен што се фокусира на разбирањето на медиумската пристрасност и техниките на убедување, програмата исто така ги поттикнува учениците да размислуваат критички за етичките аспекти на медиумската продукција и новинарството. Учениците ќе учат како да ги препознаваат и проверуваат фактите, да го разберат влијанието на медиумите врз јавното мислење и политиката, и да се изразуваат креативно преку дигитално раскажување приказни.

          Програмата вклучува практични активности како создавање на мултимедијални проекти, видеа и подкасти, кои им овозможуваат на учениците да ги применат своите знаења во реални сценарија. Исто така, се охрабруваат дебати и дискусии за слободата на изразување и правото на пристап до информации, како и за рамнотежата помеѓу слободата на говорот и одговорната употреба на медиумите. Со учество во кампањи за дигитален активизам и истражување на онлајн заедници, учениците стануваат дел од поголемата дигитална заедница и учат како да придонесат кон социјалните промени.

          Како крајни исходи, програмата тежи кон создавање на свесни и критички мислители кои ќе бидат способни да ги препознаат и да се справат со предизвиците на дигиталната ера, да ги заштитат своите лични податоци и да учествуваат активно во дигиталното општество. Учениците ќе бидат подготвени да ги препознаат и да се справат со мисинформациите и дезинформациите, да ги разберат и да се борат против сајбер насилството и да градат позитивна слика на телото и разновидност во медиумите. Оваа програма има за цел да ги охрабри учениците да станат активни учесници и креатори на медиумски содржини, а не само пасивни потрошувачи.

          Во текот на спроведувањето на активностите ќе биде отворена и веб страна на проектот – www.nasmedium.edu.mk, каде ќе бидат поставени ресурси и добри практики за имплементација на програмата во основните училишта.

Проектот е составен од клучни 5 теми, а секоја е разработена во повеќе подтеми.

Теми:
1. Запознавање со концептите на медиумска писменост.

2. Разбирање на медиумската пристрасност.

3. Разбирање на рекламирањето и влијанието на медиумите.

4. Медиумска писменот и политика.

5. Медиумска писменост и дигитален активизам .

   Пополека ќе навлеземе во дигитално раскажување приказни digital storytelling: Елементи и техники Storyboarding  и планирање на дигитален медиумски проект.
Ќе спроведеме мини истражувачки проекти за актуелен настан како што е: Медиумска писменост во ерата на социјалните медиуми; Идентификување на мисинформации и дезинформации; Истражување на стратегии за борба (справување) со лажните вести fake news и друго.



Sunday, May 13, 2012

СВЕТЛИНСКИ ПОЈАВИ


Прашања и задачи собрани од наставните ливчиња:
  1. Искажи го законот за рефлексија: ..............
  2. Ако аголот што го зафаќа упадниот зрак со нормалата изнесува 40°, колку изнесува аголот на одбивање што го зафаќа одбиениот зрак со нормалата? Што ќе се случи со одбиениот агол ако упадниот агол се зголеми за 5°?
  3. Горан стои на 5 m пред рамно огледало. Колку е оддалечен неговиот лик од огледалото? Потоа приоѓа 2 m поблизу до огледалото. Колкаво е сега растојанието од ликот до огледалото?
  4. Дополни: Сферните огледала можат да бидат:
    а) _____ или ______ кога огледалната површина е _...
    б) _____ или ______ кога огледалната површина е _...
    Карактеристични зраци на сферно огледало се:
    а)...... кој по одбивањето .......
    б)......кој по одбивањето ......
    в).... кој по одбивањето.....
    г) ...... кој по одбивањето....
  5. Пресметај го растојанието на ликот, чиј предмет се наоѓа на оддалеченост 4m од конкавното огледало со f = 20 сm.
  6. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа помеѓу темето и фокусот на едно конкавно сферно огледало.
  7. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа на растојание 3 cm од едно конвексно сферно огледало.
  8. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа помеѓу фокусот и оптичкиот центар на едно конкавно сферно огледало.
  9. Одговори на поставените прашања:
    а) Што се подразбира под поимот прекршување на светлината?
    б) Кога светлинскиот зрак може да премине од една оптичка средина во друга, без да го промени правецот на простирањето?
    в) Што е дисперзија на светлината?
    г) Што е фатаморгана?
  10. Одговори на следните прашања:
    a) Што е леќа?
    б) Какви видови леќи познаваш?
    в) Што се нарекува главна оптичка оска, оптички центар и фокус на една леќа?
    г) Како се определува јачината на леќата?
    д) Како гласи равенката за леќата и кои величини ги поврзува?
    ѓ) Кои карактеристични зраци се користат за геометриското конструирање на ликови при леќите?
  11. Дополни:
    а) Апаратите кај кои со помош на оптички леќи, призми и огледала може да се набљудуваат или регистрираат ситни и оддалечени предмети се нарекуваат _____ .
    б) За набљудување на многу ситни предмети се користат   ______ и ______, а за оддалечени предмети ........
    в) За набљудување на многу оддалечени тела, како што се небеските, се користи _____ .
    г) За корекција на недостатоците на човечкото око се користат ........и тоа:
    - кај кратковидоста - _______________,
    - кај далекувидоста - _______________ .
  12. Светлински зрак паѓа нормално на рамно огледало. Колкав ќе биде аголот меѓу одбиениот и упадниот зрак, ако огледалото се завр ти за 30º.
  13. Сончевите зраци паѓаат под агол од 60º. Под кој агол треба да се постави рамно огледало за да зраците се одбиваат вертикално?
  14. Пред рамно огледало на растојание од 25 cm е поставен предмет. За колку ќе се зголеми растојанието меѓу предметот и неговиот лик, ако предметот се оддалечи од огледалото за 15 cm?
  15. Пред сферно вдлабнато огледало на растојание 0,8 m е поставена запалена свеќа. На кое растојание од огледалото ќе се добие нејзиниот лик, ако радиусот на огледалото е 0,6 m?
  16. На растојание од 80 cm од темето на сферно вдлабнато огледало се наоѓа светол предмет. Неговиот лик е 4 пати помал од предметот. Најди го растојанието на ликот и фокусното растојание на огледалото.
  17. Предмет висок 4 cm поставен е на растојание 12 cm од темето на сферно вдлабнато огледало со радиус на кривината од 18 cm. Определи ја положбата и големината на ликот.
  18. Колку време треба да патува светлината од Сонцето до Земјата, ако растојанието меѓу нив е приближно 1000000000 km?
  19. На кое растојание од Сонцето се наоѓа "планетата" Плутон, ако светлината го минува тоа растојание за 5,5 часа?
  20. Пред двојно испакната леќа на растојание 45 cm е поставен предмет. Неговиот лик се добива на растојание 15 cm. Колкаво е фокусното растојание на леќата?
  21. На кое растојание од собирна леќа со фокусно растојание 10 cm треба да се постави предмет, за да биде неговиот лик 2 пати поголем од предметот?
  22. Определи ја оптичката јачина на собирна леќа со фокусно растојание 20 cm.
  23. Оптичка јачина на леќа е + 4 диоптри. Колкаво е нејзиното фокусно растојание? За каква леќа станува збор?
  24. Пресметај ја фокусната далечина на леќа со јачина 1,5D.
  25. На оптичка оска на вдлабнато (конкавно) огледало чиј радиус на кривината е 50 cm на растојание од 2,5 m се наоѓа предмет АВ. На кое растојание ќе се добие јасно неговиот лик?
  26. На растојание од 60 cm од темето на сферно вдлабнато огледало се наоѓа светол предмет. Неговиот лик е 4 пати помал од предметот. Најди го растојанието на ликот и фокусното растојание на огледалото.
  27. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа помеѓу оптичкиот центар и фокусот на собирна леќа со фокусно растојание од 3 cm. Што заклучуваш?
  28. Конструирај лик во конвексно (испакнато) сферно огледало. Големините на предметот и огледалото нека бидат по твоја желба. Каков е добиениот лик?
  29. На собирна леќа чија фокусна далечина е 100 mm пресметај ја нејзината јачина.
  30. Колкаво е фокусното растојание на вдлабнато сферно огледало, ако предметот поставен на растојание од 0,4 m дава лик на растијание од 20 cm?
  31. Пред собирна леќа со јачина од 4 D се наоѓа предмет на растојание од 50 cm. На кое растојание од леќата се наоѓа неговиот лик?
  32. Конструирај го ликот на предметот што се наоѓа помеѓу фокусот и оптичкиот центар на едно конкавно (вдлабнато) огледало чиј радиус на сферата е 6 cm. Што заклучуваш?
  33. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа помеѓу оптичкиот центар и фокусот на собирната леѓа со фокусно растојание од 3 cm. Што заклучуваш?

Saturday, May 12, 2012

ПРИТИСОК

ПРИТИСОК
Прашања:
  1. Што е притисок?
  2. Што е хидростатички притисок?

  3. Што е атмосферски притисок?

  4. Како гласи Архимедов закон?
  5. Како се пренесува притисокот кај гасовите?

  6. Од кои величини зависи хидростатичкиот притисок на дното од садот?
  7. Две еднакви дрвени призми, едната е ставена во вода, другата во масло. Дали призмите пропаднале до иста длабочина?
  8. Зошто со зголемување на висината атмосферскиот притисок е се помал?
  9. Што треба да се направи да се намали притисокот што го врши една сила врз подлогата?

  10. Објасни го хидростатичкиот парадокс?
  11. Што е причината што гасот во балонот со качување во висина го зголемува својот волумен?

  12. Кои услови треба да бидат исполнети за да телото во течноста тоне?
  13. Зошто празна конзерва плива по површината на водата, додека наполнета со вода пропаѓа (тоне)?
  14. Што треба да се направи да се зголеми притисокот што го врши една иста сила врз подлогата?
  15. Како се пренесува притисокот кај тврдите тела?

  16. Како гласи Паскалов закон?
  17. Зошто балонот исполнет со топол воздух се крева во атмосферата?

    ЗАДАЧИ:
  18. Претвори:
    а) 200000 Ра во mmHg;
    б) 150000 Ра во mmHg;
    в) 600 mmHg во Ра;
    г) 600 mmHg во Ра;
    ако густината на живата е 13600 kg/m³.

  19. Површината на поголемиот клип на хидраулична преса е 400 сm². Колкава треба да биде површината на малиот клип за да можеме дејствувајќи врз него со сила од 200 N да пресуваме со сила од 4000 N?
  20. На подлогата стои стаклена чаша. Колкава е масата на чашата ако допирната површина е 27 сm², а притисокот што го врши на подлогата 908 Ра?
  21. Брод кој со машините и друга опрема има маса 2000 t , кога ќе се натовари истиснува 6000 m³ вода. Со колкав товар е натоварен бродот во овој случај?
  22. Притисокот во градската мрежа е 409,5 Ра. До кој кат на некоја зграда може да се искачи водата под дејдтво на тој притисок, ако висината на едниот кат е 3 m?

  23. Лизгач со маса 48 kg се лизга на лизгалки кај кои ширината на острицата е 3 mm, а должината на острицата е 30 сm. Колкав притисок врши лизгачот ако стои на двете лизгалки?
  24. Висината на нафтата мерена од дното на голем резервоар во една рафинерија е 15 m. Со колкава сила дејствува нафтата врз дното на резервоарот ако површината на дното е 200 m²? ( φ = 800 kg/m³)

  25. Површината на поголемиот клип на хидраулична преса е 100 сm², а на помалиот 5 сm². Со колкава сила треба да притиснеме на помалиот клип за да добиеме сила од 8000 N m² кај поголемиот клип?
  26. Едно тело е потопено во вода и е полесно отколку во воздух за 2 N. Пресметај го волуменот на телото?

  27. Колкав е притисокот под прстите на балерината која изведува фигура на една нога . Балерината има маса 48 kg, а површината на прстите 5 сm²?
  28. Колку би требало да биде висока цевката на живиниот барометар ако при притисок на воздухот од 750 mm живин столб, место жива во цевката се стави вода? (φ = 13600 kg/m³)
  29. Колкава е тежината на сидрото во воздух ако неговата тежина во морската вода е 111,8 N. Волуменот на сидрото е 3,5 dm³? (φ = 1030 kg/m³)

  30. Предмет тежок 800 N плива по површината на водата. Делот од предметот над површината на водата има волумен од 6 dm³. Колку изнесува волуменот на предметот? 
  31. Коцка со раб 10 сm потполно е потопена во вода. Колкава сила на потисок дејствува на коцката? 
  32. Куче тешко 120 N кога стои врши притисок на површината од 37,5 kРа. Пресметај ја допирната површина на едната нога од кучето. 
  33. Плоштините на клиповите на хидраулична дигалка се ѕ1 = 10 сm² и ѕ2 = 50 сm². На помалиот клип дејствува сила од 500 N. Колкава сила дејствува на поголемиот клип?                        

Внатрешна енергија и топлина


Внатрешна енергија и топлина
Прашања:
  1. Кое движење е наречено топлинско движење?
  2. Што е внатрешна енергија на телото?
  3. Што е апсолутна температура?
  4. Што е целзиусов степен?
  5. Кој целзиусов степен се зема за апсолутна нула?
  1. На кои начини може да се промени внатрешната енергија на телата?
  2. Што се подразбира под поимот топлина?
  3. Што е количество топлина?
  4. Што е специфичен топлински капацитет?
  1. Од што зависи количество топлина што ја испушта (прима) телото при ладење или загревање?
  1. Напиши ја равенката за топлинската рамнотежа меѓу две тела?
  1. Со што е определен топлинскиот капацитет на едно тело?
  2. Зошто со промената на температурата, телата го менуваат својот волумен?
  3. Што е коефициент на линеарното ширење на некоја супстанца?
  4. Напиши ја равенката за линеарното ширење на телата.
  5. Поради што е значајна аномалијата на водата за животот на Земјата? (објасни)
  6. Како се менува волуменот на гасовите со промена на температурата при константен притисок? (напиши ја равенката на овој закон)
  7. Како се менува притисокот на гасот со промена на температурата при постојан волумен? (искажи го овој закон и со равенка)
  8. Каква е разликата меѓу специфичен топлински капацитет и топлински капацитет на едно тело?
  9. Во пустините дење е многу жешко, а ноќе многу ладно. На каков заклучок не наведува тоа?
  10. Зошто при централните греења се користи водата, а не било која друга течност?
  11. Ошто течностите и гасовите многу слабо ја спроведуваат топлината кога се загреваат од згора?
  12. Зошто земјата кога е покриена со снег не замрзнува?
  1. Зошто ветерот преку ноќта дува од копното кон морето, а преку ден од морето кон копното?
  2. Зошто заболекарите не препорачуваат да се јаде многу жешка храна или после жешка храна да се пие студена вода?
  3. Зошто цистерните за бензин не смее да се полнат до горе?
  1. Топче не плива во топла вода, а плива во ладна. Што го условува ваквото однесување на топчето?
  1. Објаснете зошто во студена зима водата во езерата не замрзнува до дно?
  2. Зошто загреани медицинските чаши се прилепуваат кон телото на човекот?
  3. Во која агрегатна состојба материјата нема определена форма и волумен?
  1. Дали водата на 0ºС се шири при загревање? Објасни!
  2. Дали им се менува густината на телата при нивното загревање? Објасни!
  3. Какво својство има водата на 4ºС кога е во топла или ладна вода?
  4. Што е дифузија?
ЗАДАЧИ:
  1. Железна прачка при 0ºС е долга 20 m. Колкава е должината на прачката на 30ºС. (α = 0,000012 1/ºС)
  2. Прачка од платина на 10ºС е долга 995 mm. При која температура прачката ќе биде долга 1 m? (α = 0,000009 1/ºС)
  1. Должината на бакарен проводник од далноводот меѓу два столба е 200 m при 0ºС. За колку ќе се издолжи овој проводник на температура од 35 ºС? (α = 0,000017 1/ºС)

  1. Притисокот на гасот е 25000 Ра, а волуменот 1m³. Колку ќе изнесува притисокот на гасот ако волуменот се намали на ½ и ¼ . Нацртај табела и графикон.
  2. Во метален сад затворени се 10 l водород при температура 27ºС и има притисок од 100000 Ра. Колкав ќе биде притисокот во садот ако тој се загрее на температура од 327ºС, ширењето на садот се занемарува.
  3. Кислород чиј волумен е 200 l и притисок 100 kРа збиен е во метален сад со волумен 20 l. Колкав е притисокот на кислородот во садот ако при тоа температурата останала непроменета?
  4. Када долга 2 m, широка 0,75 m исполнета со вода до длабочина од 0,5 m. Колку топлина ќе се ослободи кога водата ќе се излади од 20ºС на 18ºС?
  5. Бакарна топка со маса 1,5 kg треба да се загрее од 15ºС на 100ºС. Колку топлина е потребно за загревањето? (с = 328 Ј/kgºС)
  6. Колку топлина е потребно да се загрее од 0ºС до 15ºС соба долга 4 m, широка 3,5 m и висока 2,5 m? (с = 328 Ј/kgºС)
  7. Во еден сад е налеано 420 g вода чија температура е 20ºС и 900 g вода на 70ºС. Колкава е температурата на водата по мешањето?
  8. Колкаво количество (маса) на вода ќе може да се загрее од 25ºС до 65ºС кога ќе се потроши 6720 kЈ топлина?
  9. Еден сад треба да се наполни со 120 l вода чија температура да биде 35ºС. Ако располагаме со вода загреана на 75ºС и вода на 15ºС, колку треба да се земе од едната, а колку ов другата вода?
  1. Тело тешко 8 N паѓа на земјата со брзина од 40 m/ѕ. Колкаво количество топлина ќе се развие при судирањето (претпоставка: целото количество механичка енергија се претвора во топлина)
  2. Оловно топче со маса 3 kg паѓа на земјата од висина 24 m. За колку ќе се зголеми температурата на топчето ако тоа прима 50 % од количеството на топлина што се развива при судирањето. (с = 120 Ј/kgºС)

Saturday, April 14, 2012

Тест по физика за VIII одделение


ЗАОКРУЖИ ЈА БУКВАТА КОЈА СТОИ ПРЕД ТОЧНИОТ ОДГОВОР:
  1. Електричниот потенцијал претставува:
    а) сила со која наелектризираното тело му дејствува на единечен полнеж,
    б) потенцијална енергија што припаѓа на наелектризираното тело,
    в) потенцијална енергија што припаѓа на единечен позитивен полнеж во дадена точка на полето,
    г) сила со која меѓусебно дејствуаат две наелектризирани тела.
  2. Законот за линеарното ширење на тврдите тела се изразува со равенката:
    а) l + (1 +αt)
    б) l (1 +αt)
    в) l - (1 +αt)
    г) l (1 -αt)
  3. Со трансформаторот се вршат промени на:
    а) напонот и јачината на еднонасочната струја,
    б) напонот и јачината на наизменичната струја,
    в) напонот и јачината на еднонасочната и наизменичната струја,
    г) отпорот во стрјниот круг.
  4. Најголем лик на предмет кај вдлабнато сферно огледало се добива ако предметот се наоѓа:
    а) во близина на оптичкиот центар,
    б) во близина на фокусот,
    в) на средината меѓу оптичкиот центар и фокусот,
    г) во близина на огледалото.
  5. Џуловиот закон ја дава претворбата на електричната енергија во:
    а) механичка,
    б) топлинска,
    в) светлинска,
    г) хемиска.
  6. До физичката величина допиши го бројот на единица мерка со која таа се мери:
    а) специфична топлина на топење .....1. А (ампер)
    б) јачина на електрична струја .....2. Ωm (омметар)
    в) специфичен отпор .....3. D (диоптер)
    г) јачина на леќите .....4. kJ/kg (килоџул на килограм)
    ВО СЛЕДНИТЕ РЕЧЕНИЦИ СЕ ИЗОСТАВЕНИ НЕКОИ ЗБОРОВИ. ТВОЈА ЗАДАЧА Е ДА ГИ ОТКРИЕШ И НАПШЕШ.
  7. Волуменот на определено количество гас при ____ е правопропорционален со _________ .
  8. Телата кои се тријат се наелектризираат со _____ .
  9. Електричниот отпор на даден проводник завси правопропорционално од ______, а обратнопропорционално од ______ .
  10. Моќноста на струјата е определена со прозводот од ____ и _____, а се изазува со рвенката: _______
  11. Магнетно поле се појавува околу _______ кога низ него тече ________________ .
  12. Напонот на краевите од намотката на трансформаторот се однесуваат како _________ , однсот се изразва со равенката ____________ .
    НА СЛЕДНИТЕ ПРАШАЊА ОДГОВОРИ КРАТКО:
  13. Од што зависи брзината на ветреењето?
  14. Што е електрична силова линија?
  15. Што претставува електрична струја во дадениот метален рроводник и лектролит?
  16. Како гласи Ленцовото правило?
  17. Од што зависи фокусното растојание кај собирните леќи?
    РЕШИ ГИ СЛЕНИТЕ НУМЕРИЧКИ ЗАДАЧИ:
  18. Електрична греалка содржи два еднакви греачи со отпори R1 = R2 = 48,4 Ω. Да се определи моќноста на греалката при паралелното сврзување на греачите, ако таа биде вклучена на напон од 220 V.
  19. На примарната намотка на трансформаторот кој има 250 навивки тече струја со јачина од 6 ампери. Колкава е јачината на струјата во секундарната намотка, ако таа има 3000 навивки?
  20. Фокусното растојание кај собирна леќа е 30 cm, а оддалеченоста на предметот од леќата е 60 cm. Да се определи оддалеченоста на ликот и неговото зголемување.

Тест по физика за VII одделение


ЗАОКРУЖИ ЈА БУКВАТА КОЈА СТОИ ПРЕД ТОЧНИОТ ОДГОВОР:
  1. При нерамномерното праволиниско движење за еднакви временски интервали телото изминува:
    а) еднакви патишта,
    б) нееднакви патишта,
    в) зголемени патишта,
    г) намалени патишта.
  2. Масата на телата се определува:
    а) по формата што ја имаат телата,
    б) по големината на телата,
    в) по забрзувањето што го добиваат телата при заемнто дејство,
    г) по видот на движењето што го вршат телата.
  3. Моментот на силата се пресметува со помош на равенката:
    а) M = F + r²
    б) M = F · r
    в) M = F + r
    г) M = F – r²
  4. Коефициентот на триењето претставува однос меѓу:
    а) силата на триењето и допирната површина,
    б) силата на триењето и силата на движењето,
    в) силата на триењето и тежината,
    г) тежината на телото и допирната површина.
  5. Хидростатичкиот притисок претставува:
    а) притисок што го врши течноста поради нејзиното движење,
    б) притисок што се јавува во мирна течност поради дејството на нејзината тежина,
    в) притисокот што се должи на дејството на надворешни сили врз површината на течноста,
    г) притисокот што се должи на меѓумолекуларните сили во течноста.
  6. До физичката величина допиши го бројот од единицата мерка со која таа се мери:
    а) сила -                          1. Pa (паскал)
    б) притисок -                    2. Hz (херц)
    в) моќност -                     3. N (њутн)
    г) фреквенција -               4. W (ват)
    ВО СЛЕДНИТЕ РЕЧЕНИЦИ СЕ ИЗОСТАВЕНИ НЕКОИ ЗБОРОВИ. ТВОЈА ЗАДАЧА Е ДА ГИ ОТКРИЕШ И НАПИШЕШ.
  7. Силата е ______ величина и се изразува со равенката ________.
  8. Телото се наоѓа о стабилна рамнотежа ако е _____________, во лабилна ако е _________________ и индиферентна ако е ________________________.
  9. Мханичката работа претставува ____________________ и се мери со единицата __________________ .
  10. Во дадна точка од течноста хидростатичкиот притисок дејствува ___________________________ .
  11. Барометрите се инстрменти за мерење на ___________ , а манометрите за мрење на ______________________ .
  12. Тлото плива ако е _____________, лебди ако е _________, и тоне ако е __________________ .
    НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА ОДГОВОРИ КРАТКО:
  13. Што е тежиште на телото?
  14. Што е бестежинска сотојба на телата?
  15. Од што зависи тежината на телото?
  16. На што е еднаква резултантата на две сили со ист правец и спротивни насоки?
  17. Што е кинетичка енергија?
    РЕШИ ГИ СЛЕДНИВЕ НУМЕРИЧКИ ЗАДАЧИ:
  18. Тело слободно пааѓа за време од 12 секунди. Најди ја висината од која е пуштено телото да паѓа и пресметај го патот во последната скунда од паѓањето.
  19. Силите F1 = 6N и F2 = 4N (земи 1N = 1 cm) дејствуваат во иста нападна точка под агол од 120º. Наји ја графички нивната резултанта.
  20. Плоча од мермер со димензии 50 cm, 30 cm и 2 cm е подигната на висина од 14 m. Колкава работа е извршена при подигнувањето, ако густината на мермерот изнесува 2700 kg/m³?

Friday, January 6, 2012

Полугодишен тест по хемија за 7 одделение

ОУ „Димитар Миладинов“ Општина Центар Скопје
Полугодишен тест по хемија за 7 одделение 
предметен наставник Аида Петровска
ученик: ___________________________________ одд.: _____
освоени бодови: ___ оцена: ____________


УПАТСТВО ЗА РАБОТА
Тестот содржи 40 прашања од наставен материјал по хемија што го изучивте во првото полугодие. 
На секое прашање треба внимателно и уредно да одговориш. Прво внеси ги општите податоци што ти се бараат. 
Одговори ги оние прашања за кои си сигурен, а потоа врати се на потешките.
Евентуални поправки во одговорите нема да се признаваат.
Работи со пенкало.
Не смееш да користиш коректор.
Тестот трае 40 минути.

ВНИМАВАЈ,
ИЗБЕРИ ГО ТОЧНИОТ ОД ПОНУДЕНИТЕ ОДГОВОРИ И ЗАОКРУЖИ ЈА БУКВАТА ПРЕД ОДГОВОРОТ.

НАЧИН НА БРЕДНУВАЊЕ:
За секој точен одговор се добива по 2 поени.
За секој неточен одговор се одзема 0,5 поени.
За да се избегне негативен вкупен резултат на крајот се додаваат 20 поени, така да вкупниот можен број на освоени поени е 100.
од 0 до 59,5 поени – недоволен 1;
од 60 до 70,5 поени – доволен 2;
од 70 до 87,5 поени – добар 3;
од 88 до 93,5 поени – многу добар 4;
0д 94 до 100 поени – одличен 5.


1. Природни науки се:
а) физика, географија, биологија;
б) биологија, математика, хемија;
в) физика, историја, биологија;
г) астрономија, математика, биологија.


2. Кои од наведените тврдења се точни:
Хемијата има важна улога:
1. во искористување на отпадоците 2. во битката за храна
3. во меѓучовечките односи, 4. во сечењето на дрвјата.
а) точно тврдење е 1 и 3;
б) точно тврдење е 2 и 3;
в) точно тврдење е 1 и 4;
г) точно тврдење е 1 и 2;


3. Истражувањето започнува со:
а) мерење;
б) набљудување;
в) донесување заклучоци;
г) експериментирање.


4. Во хемијата најчесто се врши мерење на:
а) должината, масата, брзината, густината, тежината;
б) температурата, ширината, тежината, времето, густината;
в) густината, волуменот, масата, времето, температурата;
г) масата, должината, тежината, времето, висината.


5. Како замена на реалната слика на објектот или поимот се користат:
а) атоми, б) модели, в) молекули, г) постери


6. Својствата на супстанците се делат на:
а) биолошки и физички;
б) физички и географски;
в) хемиски и физички;
г) хемиски и биолошки.


7. Со сетила за мирис се откриваат:
а) физички својства;
б) биолошки својства;
в) хемиски својства;
г) хигиенски својства.


8. Во физичките својства спаѓаат:
а) горење;
б) спроведување на топлина;
в) гниење;
г) оксидирање.


9. Способноста на бензинот да гори спаѓа во:
а) хемиски својства;
б) географски својства;
в) физички својства;
г) биолошки својства


10. Супстанците можат да бидат:
а) чисти и валкани;
б) смеси и чисти;
в) смеси и смешани;
г) смешани и несмешани.


11. Кои од наведените процеси се физички, а кои се хемиски?
1. топење на восок при добивање на свеќи; 
2. пржење јајца;
3. сушење на влажна коса; 4. киселење на млеко.
а) физички: 2 и 3, а хемиски 1 и 4;
б) физички: ниту еден, а хемиски: сите;
в) физички: 1 и 3, а хемиски 2 и 4;
г) физички: 1 и 4, а хемиски 2 и 3.


12. На разликите во кое физичко својство се базира одвојување на супстанците од смеса со дестилација?
а) испарливост; 
б) температура на вриење 
в) кондензација;  
г) растворливост.


13. Кои од наведените супстанци се чисти супстанци, а кои смеси?
  1. бензин; 2. графит; 3. сребро; 4. вино; 5. сулфур.
а) чисти супстанци: 2, 3, 4, 5, а смеси:1;
б) чисти супстанци: 3, 4, 5, а смеси: 1 и 2;
в) чисти супстанци: 2, 3, 5, а смеси 1 и 4.
в) чисти супстанци: 2, 3, 4, а смеси 1 и 5.


14. Во природата супстанците најчесто се јавуваат во вид на:
а) чисти супстанци;    б) смеси    в) поле;   г) минерали.


15. Раствори се:
а) течности;   б) чисти супстанци;   в) смеси;   г) гасови


16. Својства на смесите се:
а) променливи;  б) непроменливи;  в) постојани;  г) цврсти.


17. Со мешање на чисти супстанци се добиваат:
а) смеси;    б) атоми;    в) талог;    г) остануваат чисти.


18. Растворливата супстанца и растворувачот во растворот:
а) ги губат својствата;
б) ги задржуваат својства;
в) добиваат нови својства;
г) се неутрализираат.

19. Според количеството растворена супстанца, растворот може да биде:
а) сладок;     б) заситен;     в) солен;     г) течен.


20. Раствор со мало количество на растворена супстанца го нарекуваме:
а) концентриран раствор; 
б) разреден раствор;
в) заситен раствор; 
г) течен раствор.

21. Кое од дадените тврдења е точно:
  1. Основна честичка од која можеме да сметаме дека се изградени супстанците се нарекува атом.
  2. Молекулите се посложени честички од атомите.
  3. Молекулите можат да бидат изградени од атоми од ист вид или од различни атоми.
  4. Атомите се посложени од молекули.
  5. Молекулите се изградени од јадро и електронските обвивки.
а) точни тврдења се 1, 2 и 5.
б) точни тврдења се 2, 3 и 4.
в) точни тврдења се 1, 2 и 3.
г) точни тврдења се 1, 3 и 5.

22. Кое од дадените тврдења е точно:
1. Прости супстанци се делат на метали, неметали, полуметали.
2. Повеќето метали се во тврда агрегатна состојба.
3. Повеќето неметали се во тврда агрегатна состојба.
4 Неметали се наречени семиметали.
а) точни тврдења се 1 и 3;
б) точни тврдења се 3 и 4;
в) точни тврдења се 1 и 2.
г) точни тврдења се 2 и 4.

23. Кое од дадените тврдења е точно:
  1. Во природата има околу 110 соединенија;
  2. Соединенијата немаат постојан состав;
  3. Соединенијата имаат постојан состав.
  4. Молекулите на соединенијата се составени од најмалку два различни атоми;
  5. Соединенијата се составени од најмалку два различни елементи.
а) точни тврдења се 1, 2 и 3;
б) точни тврдења се 2, 4 и 5;
в) точни тврдења се 3, 4 и 5;
г) точни тврдења се 1, 3 и 5.

24. Кое од дадените тврдења е точно:
1. Својствата на соединенијата се различни од својствата на прости супстанци на кои се разложуваат.
2. Својствата на соединенијата се исти со својствата на простите супстанци на кои се разложуваат.
3. Соединенијата можат да се разложат на прости супстанци од кои се составени.
4. Соединенијата не можат да се разложат на прости супстанци од кои се составени.
а) точни тврдења се 1 и 3;
б) точни тврдења се 1 и 4;
в) точни тврдења се 2 и 4;
г) точни тврдења се 2 и 3.

25. Кое од дадените тврдења е точно:
1. Еднородни атоми имаат еднаков број протони и електрони;
2. Еднородни атоми имаат различен број на протони и електрони;
3. Еднородни атоми имаат исти карактеристики;
4. Еднородни атоми немаат исти карактеристики.
а) точни тврдења се 2 и 4;    б) точни тврдења се 1 и 4;
в) точни тврдења се 1 и 3;    г) точни тврдења се 2 и 3.

26. Кое од дадените тврдења е точно:
а) На собна температура сите неметали се во гасовита агрегатна состојба;
б) Во семиметали спаѓа железо и бакар;
в) Металите се добри спроводници на топлина;
г) Металите се добри изолатори.

27. Кое од дадените тврдења е точно:
а) Кристализација е преминувње на супстанците од цврста во гасовита агрегатна состојба;
б) Ако растворот од две или повеќе течности, состојките се одделуваат со фракциона дестилација;
в) Ако растворот е составен од две или повеќе течности, состојките се одделуват со декантација,
г) Декантација е преминување на супстанците од гасовита во цврста агрегатна состојба.

28. Како се чита хемискиот систем Si?
а) с – и      б) си – и        в) ес – и        г) ис – и

29. Кои од следниве формули се формули на елементарни супстанци, а кои на соединенија?
1. P4       2. H2SO4       3. S8         4. NO         5. O3
а) елементарни супстанци: 3 и 5, а соединенија: 1, 2 и 4;
б) елементарни супстанци: 3, 4 и 5, а соединенија: 1 и 2;
в) елементарни супстанци: 1, 3 и 5, а соединенија: 2 и 4;
в) елементарни супстанци: 2 и 4, а соединенија: 1, 3 и 5;

30. Симболот О2 означува:
а) еден атом кислород;
б) една молекула кислород;
в) две молекули кислород;
г) озон.

31. Симболички запис 3N2 означува:
а) три атоми азот; 
б) три молекули азот 
в) 6 молекули азот; 
г) 5 атоми азот.

32. Знаејќи ја валентноста на елементите, одреди која од формулите е точно напишана:
         IV                                VII                                      I                                     IV
а) SnO3         б) Cl2O7          в) Ag2O            г) SO

33. Знаејќи ја валентноста на елементите, одреди која од формулите е точно напишана:

        III                                    I                                  II                             III
а) NH2        б) HCl          в) H2S2             г) AlO3

34. Во кое соединение точно е определена валентноста на азотот:
          I                                 V                                   II                                    II
а) NH2           б) N2O            в) N2O             г) NH3

35. Кај секое соединение кое е изградено од два елементи, производот од индексот и валентноста на едниот елемент мора да е еднаков со производот од индексот и валентноста другиот елемент. Овој заклучок можеме да го запишеме како:
а) x · m = y · n б) x + m = y + n в) x : m = y : n г) x · m =y : n

36. Кое од дадените тврдења е точно:
а) Хемиска промена, хемиски процес и хемиска реакција имаат различно значење.
б) Хемиска промена, хемиски процес и хемиска реакција имаат исто значење.
в) Со различно значење се поимите хемиска промена и хемиска реакција.
г) Со различно значење се поимите хемиска промена и хемиски процес.

37. Кое од дадените тврдења е точно:
а) Супстанците кои се присутни на почетокот на хемијската реакција се нарекуваат продукти;
б) Супстанците кои се присутни на крајот на хемискста реакција се нарекуваат реактанти.
в) Супстанци кои се присутни на почетокот на хемиската реакција се нарекуваат реактанти.
г) Супстанците кои се присутни на почетокот на хемијската реакција се нарекуваат смеси;

38. Која од наведените равенки е израмнета:
а) 2Fe + O2 = Fe2O3
б) Al + 3HCl = AlCl3 +H2
в) 2SO2 +O2 = 2SO3
г) 2Fe + Cl2 = 2 FeCl3

39. Цинк + хлороводородна киселина = цинк хлорид + водород
Дадената реакција со хемиски симболи и формули ја претставуваме на следниов начин:
а) Zn + H2SO4 = ZnSO4 +H2
б) Zn + H2S = ZnS + H2
в) Zn + 2HCl = ZnCl2 + H2
г) Zn + 4 HNO3 = Zn(NO3)2 + 2NO2 + 2H2O

40. железо + хлор = железо (III) хлорид
Дадената реакција со хемиски симболи и формули ја претставуваме на следниов начин:
а) Fe + Cl3 = FeCl3
б) 2Fe + Cl2 = 2 FeCl3
в) 2Fe + 3Cl2 = 2FeCl3
г) Fe2 + C2 = 2FeCl3