Monday, January 2, 2012

СЛЕДЕЊЕ НА НАСТАВЕН ЧАС

СЛЕДЕЊЕ НА НАСТАВЕН ЧАС

Основно училиште ___________________________ место________________
Година________паралелка________ насока/струка_____________________________
Наставен предмет____________________________ Наставник___________________
дата на следење_____________________________

I. УПОТРЕБА НА ФОРМИТЕ НА НАСТАВНА РАБОТА
  1. Фронтална форма на наставна работа,
  2. Индивидуална форма на работа,
  3. Работа во парови,
  4. Работа во групи.

II. УПОТРЕБА НА МЕТОДИТЕ НА НАСТАВНА РАБОТА
  1. Метода на разговор (дијалошка),
  2. Метод на усно излагање (монолошка),
  3. Метод на работа со помош на текст (текстуална),
  4. Илустративен метод,
  5. Практични и лабораториски вежби,
  6. Метод на демонстрација,
  7. Метод на решавање на проблеми (проблем-ситуации),
  8. Метод на игри, тимови и натпревари.

III.УПОТРЕБА НА НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА
  1. Графоскоп,
  2. ТВ и проекција на филмови,
  3. Аудио ленти , CD и сл.(аудио рекордер и плеер),
  4. Презентации и филмски прикази на ДВД,
  5. Компјутер,
  6. Power Point презентации,
  7. Табла,
  8. Креда,
  9. Цртежи, слики и илустрации,
  10. Фотографии,
  11. Скици и модели,
  12. Макети и апликации,
  13. Наставни ливчиња,
  14. Флип чартови,
  15. Работни листови.

IV.МЕТОДСКА АРТИКУЛАЦИЈА , ПОСТАВЕНОСТ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДЕЛОВИТЕ НА ЧАСОТ

Воведен дел на часот
  1. АКТИВНОСТИ НА НАСТАВНИКОТ:
  • Класично се надоврзува на новиот наставен час (предава пред класот),
  • Демонстрира и презентира пред целиот клас,
  • Ги води дискусиите на учениците, но ја има главната улога на часот,
  • Учениците ја имаат главната улога на часот, а наставникот само ги насочува во нивните размислувања и активности,
  • Ја набљува дискусијата на учениците во групи,
  • Ја следи и контролира индивидуалната работа на секој ученик,
  • Им помага на учениците во нивните експерименти, проекти и работни активности.

Главен дел на часот
  1. АКТИВНОСТИ НА НАСТАВНИКОТ:
  • Класично предава (екс катедра),
  • Демонстрира пред целиот клас,
  • Ја има главната улога како водач на часот, но ги насочува и слуша дискусиите на учениците,
  • Ја набљудува работата на учениците во групи,
  • Ја контролира и набљудува индивидуалната работа на учениците,
  • Учениците се главни „актери“на часот, а наставникот само ја контролира нивната работа,
  • Им помага на учениците во нивните групни работи (менторира на експерименти, проекти и други работни активности).

  1. АКТИВНОСТИ НА УЧЕНИЦИТЕ:
  • Слушаат и забележуваат на часот.
  • Набљудуваат демонстрации.
  • Се ангажираат и дискутираат во текот на часот.
  • Учествуваат во групните дискусии со наставникот.
  • Извршуваат лабораториски работи или работи на терен (експериментални или рачни работи).
  • Читаат во себе.
  • Читаат и раскажуваат на глас.
  • Пишуваат есеи или извештаи.
  • Прават презентации пред класот.
  • Работат на домашни задачи.
  • Образложуваат сопствени проекти.
  • Работат писмени вежби поврзани со темата.
  • Класично ги изложуваат или повторуваат наставните единици.
  • Работат и размислуваат на проблем-ситуации.
  • Идеите ги искажуваат преку групни дискусии или дебати.
  • Решаваат тестови назнаење или играат квиз-натпревари на наставниот материјал.
  • Употребуваат само готови податоци или понудени алтернативни решенија.

Завршен дел од часот
  1. АКТИВНОСТИ НА НАСТАВНИКОТ:
  • Класично предава или повторува пред класот
  • Демонстрира пред целиот клас.
  • Ги води дискусиите на учениците, при што ја има главната улога на часот.
  • Ги слуша, насочува или контролира учениците кои се главни „актери“ во овој дел од часот.
  • Ја набљудува работата на учениците во групи.
  • Ја контролира индивидуалната работа на секој ученик посебно.
  • Им помага на учениците во нивните индивидуални трудови, проекти и други работни активности.

НАСТАВНИКОТ НА ЧАСОТ:
  • Има оперативен план за час (дневно планирање за наставата).
  • Дневната подготовка е во согласност со тематското планирање на наставата, односно со наставниот план и програма.
  • Работи според наставен план и програма.
  • Предава на висок стил и тешко разбирлив начин.
  • Предава на разбирлив и јасен начин.
  • Има добра комуникација со учениците.
  • Има слаба комуникација.
  • Работи само со неколку ученици од класот.
  • Работи и ги активира сите ученици од класот.
  • Нема никаква комуникација и соработка со учениците.
  • Им помага и дава поддршка во текот на часот.
  • Често подвикнува, ги плаши или укорува учениците.
  • Често ги мотивира и поттикнува на работа.
  • Создава позитивна клима за работа.
  • Има строго професионален однос кон учениците.
  • Има пријателски, но коректен однос кон учениците.
  • Има работна клима и дисциплина во текот на часот.
  • Часот го започнува на време.
  • Временски се реализирани сите делови на часот и целосно е запазена методската поставеност и содржинската артикулација во текот на часот.

Евалуација на часот и констатации од реализираниот час:
___________________________________
___________________________________
___________________________________
___________________________________

Стручен соработник,                                     Директор,

Wednesday, November 9, 2011

ОДДЕЛЕНСКИ ЧАС 2005/2006

Ориентациона програма за работа на одделенскиот час за учебната 2005/2006
oдделение VII - Б
Одделенски раководител - Аида Петровска
ОУ "Димитар Миладинов" – Општина Центар, Скопје

1. Педагошко раководење со паралелката
Во програмата се предвидуваат 2 одделенски часа (понеделник прв час – давање инструкции за работната недела, петок последен училишен час – импресиите од изминатата недела). Со зголемувањето на бројот на одделенските часови раководителот на паралелката ќе може да ја следи работата на учениците, нивниот развој, ќе има поголемо влијание и можност за нивното воспитување, на кое полагаме многу малку внимание заборавајќи дека сме и воспитна установа. На овој начин полесно би ги анимирале учениците и би ги реализирале училишните активности, кои се исто така од големо значење за учениците и за училиштето.

2. Цели на педагошкото раководење на паралелката се:
- Следење и поттикнување на психофизичкиот развој на учениците;
- Следење и решавање на проблемите во воспитно – образовниот процес; 
- Анимирање на учениците за учество во организацијата и реализацијата на училишните активности;
- Мотивирање на учениците да учат и да постигнуваат подобри резултати;
- Охрабрување на учениците да преземаат одговорност за сопственото учење и поведение;
- Поттикнување на учениците да учат еден од друг и еден со друг;
- Создавање заедница во која учениците ќе се чувствуваат пријатно;
- Меѓусебна доверба и почитување меѓу учениците;
- Почитување на соговорникот со различно мислење;
- Развивање соработнички односи меѓу учениците;
- Пријателски односи и разбирање меѓу учениците;
- Развивање самодоверба и уверување дека секој може да учи и да постигнува добри резултати, ако сака;
- Развивање партнерска соработка меѓу учениците;
- Квалитетни меѓуученички односи во и надвор од училиштето, а сето оваа ќе се постигне добра соработка на раководителот со родителите, наставници, стручната служба во училиштето, надворешни лица и директорот на училиштето.

3. Проектни одделенски активности
 -  Покрај задолжителна административна работа и грижа за одделението одделенските часови  би течеле и две проектни активности:
1. "Македонија ризница на здрава храна" и
2. "Светилки за оние без светлина"
- Во проектната активност "Македонија ризница на здрава храна"планирам да изработиме календар. Секој месец од годината би бил обележан со овошка или зеленчук што најмногу се конзумира во тој месец, со повеќе рецепти како да се приготват.
- Во проектната активност "Светилки за оние без светлината"би изработиленеколку портрети на етичките личности кои со своите постапки и дела станале  бесмртни ( Климент Охридски, Мајка Тереза, Гоце Делчев, Максим Горки, Толстој, Ганди, Со, Заратустра или други).

4. Цели на проектните активности:
- Ангажирање на учениците да стекнуваат соодветни искуства кои го помагаат нивниот развој;
- Поттикнување на помалку успешните ученици;
- Негување на взаемно почитување и толеранција меѓу учениците;
- Социјална интеракција преку групна работа на учениците;
- Самоорганизираност на учениците во нивната работа;
- Поттикнување на усното и писменото изразување на учениците;
- Наведување на истражувачко учење;
- Развивање критички однос на учениците кон усвоените факти и сознаниа;
- Вештини за донесување одлуки и заземање ставови;
- Промоција на училиштето и образованието во целина и др

време на раализација
вид и содржина на активностите

септември

1.а) Запознавање со куќниот ред на училиштето,
б) Избор на одделенското раководство,
в) Права и должности на одделенската заедница,
г) Средба со Рина Усикова – руска македонистка,
2. Проектна активност "Светилки за оние без светлина"
- Портрет на Мајка Тереза,
3. Лична и општа хигиена
а) " Збогум вирози"
б) "Не фрлајте отпадоци".
4. Планирање и активности за уредување на училишниот простор.
5. Проектна активност "Македонија ризница на здрава храна"
- јули – тиква или кајсија,
- август – лубеница или модор патлиџан,
- септември – домат или пиперка.
6. ____________________________________________________________
____________________________________________________________
7. ____________________________________________________________
____________________________________________________________
Забелешки: _____________________________________________________
______________________________________________________________

октомври

1. Методи, форми и техники за успешно учење,
2. Проектна активност "Светилки за оние без светлина"
- Портрет на Св. Климент Охридски,
3. Согледување на нашите постапки во меѓусебната комуникација
– што да отфрлам, а што да негувам – разговор,
4. Проектна активност "Македонија ризница на здрава храна" - грозје,
5. Договор за учество во активностите за Денот на училиштето.
6. _____________________________________________________________
_____________________________________________________________
7. ____________________________________________________________
_____________________________________________________________
8. ____________________________________________________________
____________________________________________________________

Забелешки: _____________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________

Време на реализација
вид и содржина на активностите

ноември

1. Проектна активност "Светилки за оние без светлина"
- Портрет на Димитар Миладинов,
2. Како да се однесуваме во училиштето и надвор од него,
3. Јас и моето семејство – Што би сменил во релацијата меѓу мене и
моето семејство?
4. Анализа на успехот и поведението во првото тримесечие.
5.Проектна активност "Македонија ризница на здрава храна" - дуња,
6. ___________________________________________________
___________________________________________________
7. ___________________________________________________
___________________________________________________
8. ___________________________________________________
___________________________________________________

Забелешки: _____________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________

декември

1. Проектна активност "Македонија ризница на здрава храна" - пченка,
2. Проектна активност "Светилки за оние без светлина"
- Портрет на Заратустра,
3. Презентација на изработените проектни активности,
4. Договор за заедничка прослава на Нова година и планови за зимскиот
распуст.
5. ___________________________________________________
___________________________________________________
6. __________________________________________________
__________________________________________________
7. __________________________________________________
___________________________________________________

Забелешки: _____________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________

Време на реализација
вид и содржина на активностите

јануари

1. Дали сум задоволен од мојот успех и поведението во првото полугодие,
како ќе го подобрам успехот и кој може да ми помогне? - разговор,
2. Проектна активност "Македонија ризница на здрава храна" - зелка,
3. Проектна активност "Светилки за оние без светлина"
- Портрет на Максим Горки,
4. ___________________________________________________
___________________________________________________
5. ___________________________________________________
___________________________________________________
6. ___________________________________________________
___________________________________________________

Забелешки: _____________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________

февруари

1. Релации помеѓу врсници,
2. Значењето на меѓународната соработка,
3. Проектна активност "Светилки за оние без светлина"
- Портрет на Лав Николаевиќ Толстој,
4. Проектна активност "Македонија ризница на здрава храна" - компир.
5. _____________________________________________________________
_____________________________________________________________
6. _____________________________________________________________
_____________________________________________________________
7. _____________________________________________________________
_____________________________________________________________

Забелешки: _____________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________

Време на реализација
вид и содржина на активностите

март

1. Што ми се допаѓа а што не во моето училиште,
2. Проектна активност "Светилки за оние без светлина"
- Портрет на Хипократ,
3. Проектна активност "Македонија ризница на здрава храна" - лук.
4. Активности по повод Денови на екологијата
(литературни и ликовни творби, акции за уредување на
училишниот простор, саксиско растение, миленици)
5. Анализа на успехот и поведението во третото тримесечие,
6. Подготовки за Денот на шегата.
7. _____________________________________________________________
_____________________________________________________________
8. _____________________________________________________________
_____________________________________________________________

Забелешки: _____________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________

април

1. Акција – собирање стара облека, обувки, играчки и книги,
- значењето на хуманитарните акции – разговор,
2. Нашиот однос кон културните и природните богатства,
3. Моето мислење за загадувачите на животната средина,
4. Проектна активност "Светилки за оние без светлина"
- Портрет на Демокрит,
5. Проектна активност "Македонија ризница на здрава храна"
- спанаќ или јагоди.
6. ___________________________________________________
___________________________________________________
7. ___________________________________________________
___________________________________________________
8. ___________________________________________________
___________________________________________________

Забелешки: _____________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________

Време на реализација
вид и содржина на активностите

мај

1. Активности за Денот на Европа,
2. Проектна активност "Светилки за оние без светлина"
- Портрет на Гоце Делчев,
3. Проектна активност "Македонија ризница на здрава храна"
- краставица или рибизла ,
4. Кои човечки особини треба да ги негуваме, а од кои да се ослободиме,
5. Што мислам за штедењето?
Што се може и треба да се штеди?
6. _____________________________________________________________
_____________________________________________________________
7. _____________________________________________________________
_____________________________________________________________

Забелешки: _____________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________

јуни

1. Проектна активност "Македонија ризница на здрава храна"
- цреши или морков,
2. Анализа на успехот и поведението во изминатата учебна година,
3. Презентација на проектните активности.
4. _____________________________________________________________
_____________________________________________________________
5. _____________________________________________________________
_____________________________________________________________
6. _____________________________________________________________
_____________________________________________________________

Забелешки: _____________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________
______________________________________________________________

Wednesday, November 2, 2011

ЕКОЛОШКО ДВИЖЕЊЕ НА НИКОЛА ТЕСЛА

Еколошко движење на Никола Тесла
         Никола Тесла човек што ја осветли Америка, човек за сите времиња, човек надвор од времето, човек за кого епитетот гениј е премал. Оваа се реченици со кои најчесто го опишуваат Никола Тесла. Со своите 700 патенти се смета за најплодниот пронаоѓач во светот на науката. За сите негови откритија веројатно сте слушале и читале, но дали сте знаеле дека тој е оснувач на современите еколошки движења во Америка и во Европа. Уште во јуни 1900 год. објавил статија “Проблеми во подобрувањето на човековата енергија” и со неа предизвикал сензација не помала отколку со своите изуми. Со оваа статија советувал како правилно да се живее и колку е важна личната хигиена. Советувал умерено да се конзумира виното, чајот, кафето, цигарите, а водата, најдрагоцената течност да се конзумира во изобилство, но и да се чува, да не се загадува. Доколку се почитуваме себе си, а би требало зошто сме бесценет подарок од оној кој ни го дал животот, треба редовно да внимаваме на личната хигиена и да се негуваме. За најголемо зло кое може да му се случи на човекот го сметал недостигот на храната зошто тоа зло ја носи бедата, гладот и сиромаштијата. Не мислел само на класичниот недостиг на храната туку и за недостиг на здрава храна што не е проблем само на сиромашните, туку и на развиените земји. За него било најважно обезбедувањето на здрава храна, но под тоа не подразбирал користење на животните за таа цел. Како најдобро решение Тесла го гледал вегетаријанство. Со конзумирањето на овошјето и зеленчукот не само што се храниме на најздрав и најправилен начин, туку и придонесуваме за баланс во животната средина. Тогаш животните би биле правилно искористени (во земјоделство, сточарство,...), а човекот покрај здрава исхрана ќе се здобие со подобра физичка сила. Немилосрдно и сурово колење на добиток деструктивно влијае на моралот на човекот. Тесла бил свесен дека брзиот развој на човештвото ќе доведе до употреба на вештачка храна која ќе предизвика катастрофални последици. Според него, со оваа зло ќе се справиме само ако ја подобриме плодноста на обработливите површини. Особено бил загрижен за шумите кои во тоа време немилосрдно се сечеле за огрев без да се обновуваат иако и тогаш се знаело дека тоа се бели дробови на нашата планета. Предлагал наместо дрвја да се користи соларна енергија. Сета енергија на планетава доаѓа од сонцето, изворот кој движи се, го одржува и осветлува животот на нашата планета Земја. Уште од почетокот на цивилизацијата постоеле неколку начини за користење на сончевата енергија кои му биле достапни на човекот. Додека пловел по реката ја користел сончевата енергија од атмосферата и вода. Конечни резултати од оваа примитивно користење на сончевата енергија се: 1. Согорување на јаглехидратите со ладен процес; 2. Ефикасно користење на енергијата од животната средина; 3. Безжично пренесување на електрична енергија на сите далечини. Доколку сето оваа би се остварило би се зголемиле полезните дејности на човештвото. Железото како еден од побитните пронајдоци за човештвото има и негативни страни. За неговата преработка се користат големи количества јаглен, кој немилосрдно се трошел без страв за неговото исчезнување. За Тесла штедењето на јаглен било обврска кон идните генерации на кои бездруго ќе им биде повеќе потребен, а преработката на железната руда да се преориентира на сончевата, на тој начин што електричната енергија што се користи за тие цели би се добивала од енергија на водопадите која потекнува од сончевата. Енергијата на водопадите е обновлив природен извор на енергија кој не се троши, а и човековата работна сила се сведува на минимум. При вакво производство на електрична енергија се заштедуваат големи количества на гориво што е чиста добивка на човештвото. Единствена цел на Тесла му била да произведе енергија без трошење на друг додатен материјал (природно гориво). Идејата за вакво нешто не ја гледал само во водата туку и во ветерниците. Силата на ветерот со векови му била позната на човекот и од големата корист. Ја користел да ги поминува морињата, а и денес е важен фактор во патувањата и во транспортот. Сепак предноста ја има сонцето со своите зраци кои секогаш доаѓаат на Земјата и даваат максимално количество на енергија. Размислувал како да ја претвори енергијата на земјината кора, од воздухот и океаните во друг вид енергија. Како да ја акумулира енергијата од електричните празнења во атмосерата или пак да ја трансформира. Бил убеден дека високо фреквентните осцилации можат да создадат светлина и со систем за осветлување со вакум цевки би се замениле сите светилки со вжештени жици а и во зградите не би имало потреба од разведување на кабли. Размислувал за употреба на електричната струја во земјоделство за земјоделските машини, за заштита на шумите од пожари, за уништување на вируси, бактерии, инсекти, глодари и други штетници. Никола Тесла претпоставувал дека примената на електрицитетот ќе даде неограничени можности за примена на електротерапија во медицината, особено струите со висока фреквенција дека ќе имаат голема иднина и ќе се применуваат дури во секој дом. Имал идеја за суво капење со помош на електрицитет кој ќе делува на површината на телото (по кожата), самото капење би траело пократко, би се штедела водата, хигиенските средства, природата не би се загадувала, а на човековото тело би имала благотворно терапевтско дејство. Исполнувајќи го својот детски сон, изградба на хидроцентрала на Нијагара – Канада, Тесла се истакнал не само како физичар туку и како еколог. Тој ја искористил потенцијалната енергија на водата без да гради вештачки езера. Со изградба на вештачките езера природата се повредува и доаѓа до многу негативни промени во животната средина. На дното од езерата се таложи тиња, се уништува растителен и животински свет, се потопуваат речните долини, се менува климата во нивната околина. Произведената електрична енергија преку далноводи, изработени од стотици тони метал, доаѓа до нашите домови. Сето тоа само ја нагрдува околината.Тоа беше и една од причините Тесла да работи на откривањето на бежичниот пренос на енергија, дојде до тоа откритије кое што никогаш не се примени и усоврши, се поради бизнисот на цна металургија. Уште на крајот на 19 век Тесла претпоставил дека ќе дојде до ефектот на стаклена градина со кој денес се соочува целиот свет. Тогаш патентирал два вида на уреди кои можат да произведат огромни количества на озон. Ако се запрашаме зошто тогаш му бил потребен озон во толку големи количества не би знаеле да одговориме, но денес го најдовме одговорот. Тесла е без сомнение е првиот научник, кој се грижел да ја заштити и да ја зачува природата. Тој е предвесник на еколошкото движење на современиот свет. Многу одамна им се посвети на еколошките проблеми со кои денес се соочува нашата цивилизација. Пред повеќе од еден век Никола Тесла сватил дека човештвото нема резервна планета, па се однесувал, творел, размислувал, се со цел да не ја истоштува, да ја зачува за идните поколенија. Живеел согласно со сите природни закони не сакајќи во ниту еден момент да ја повреди природата, туку само да и помогне, да ја заштити, да ни ја остави во наследство, здрава и богата потсетувајќи не дека и ние сме дел од неа, да продолжме да ја чуваме и да ја заштитуваме.

Tuesday, October 25, 2011

Заедно за училишта без насилство

Together for the schools without violence

1. Violences happen even at school.
2. What can I do in school to stop violence.
3. To stop violence I neet to encourage the others to study and  

    behave.
4. When I walk in class I should always have a smile an my face.
5.When I get a bad grade I neve hold a greudge.
6. I recognize when needs help.
7. I share my Knoledge.
8. I share hapiness.
9. I encoorege other peoples sucsess.
10. I join the after school clob "LITTLE INVESTIGATOR"

                                         Dimitar Miladinov - Macedonia

ХЕМИСКИ ЕКСПЕРИМЕНТИ