Monday, August 12, 2013

СИНА ПЛАНЕТА

Денот на водите 2010

Астронаутите од вселената планетата Земја ја гледаат сино обоена. Тоа е поради водата со која се покриени три четвртини од земјината површина. Иако ја има во изобилство само 1 % од водата на планетата Земја се користи за пиење, капење и перење.

Во водата е создаден животот и без неа би го снемало и животот на планетата Земја. Потребна му е на човекот, на животните и на растенијата.

Поточињата, реките, езерата содржат големи количества питка вода, која од ден на ден се повеќе ја загадуваме и ја правиме неупотребива за пиење . Природата и човекот се натпреваруваат, кој е побрз, природата во обновувањето на питките извори вода,а човекот во загадувањето на водата. Кога сончевите зраци ја загреваат водната површина, растенијата, почвата, водата од нив испарува и се претвора во пареа која се крева во погорните слоеви од атмосферата. Сета вода од Сината планета се движи во затворен циклус. Таму се среќава со студениот воздух кој ја лади, таа се кондензира и се создаваат облаци. Ситните капки на кондензираната вода се соединуваат во поголеми капки кои повторно паѓаат и се враќаат на површината на Земјата во форма на дожд, снег или град.

Кога ќе се врати на Земјата еден дел повторно испарува, еден дел се впива во почвата, а еден дел оди во реките, езерата и морињата. Оваа нејзино кружење се случува непрестано и овозможува да се одржува рамнотежа на количествата на вода на површината на Земјата и во нејзината атмосфера. Растенијата од почвата ја зимаат водата во која се растворени минералните материи и создаваат храна. Растенијата се фабрики на храна за сите живи суштества на планетата Земја. Само од вода и јаглероден диоксид произведуваат храна и овозможуваат живот за сите.

Што правиме ние, едни од најмладите суштества, создадени на оваа планета?

Сината убавица постои многу порано пред да се појави првиот човек. Тој човек е единствениот што во толку кус временски период успеал да влијае на изгледот и на природните циклуси на оваа наша единствена планета.

Свесно ја загадува водата, почвата, воздухот , нанесувајќи огромни штети и неизлечиви рани, надевајќи се дека Сината планета ќе се самоизлечи. Но не бидува така. Нејзините сили се при крај.

Ако не се освестиме и почнеме да работиме да ја отстраниме направената штета, ќе не снема. Ќе ја снема Сината убавица, а со тоа ќе не снема и нас, оти и ние сме нејзиниот дел.

Што треба да правиме?

1. Да пошумуваме. Дрвјата се филтри за прочистување на воздухот и на водата. Тие се извор на храна и дом за многу животни. Ако не садиме дрвја, а постоечките ги сечеме ќе нема кој да ги впива обилните дождови и често ќе имаме поплави и штети, ќе бидеме гладни и без домови.

2. Да не ги фрламе отпадоците на улица, плажа, планина, клозетска шоља. Сите тие отпадоци , когаш – тогаш доаѓаат до рeчните корита, а преку нив до морињата. Реката ќе го однесе отпадот до морето и таму ќе се собира во огромна депонија, зошто морето не тече и нема на кого да го предаде. Често водните животни го голтат отпадоците мислејќи дака се храна и се задушуваат. На таков начин завршиле многу морски желки кои денес се многу ретки и изумираат.

Како водата влијае на нашето здравје?

Знаеме дека без вода нема живот.

Среќни сме што имаме чиста и здрава вода во изобилство. Но до кога?

Во Африка и Азија три четвртини од населението немаат чиста вода за пиење. Околу 5000000 луѓе умираат секоја година од болести што се пренесуват со загадена вода.

Околу 80 % од сите болести се случуваат поради нечиста вода за пиење. Мораме да ги сочуваме нашите извори, зарад и нашето здравје и заради идните поколенија.

Што сторивме досега?

Штедиме вода, садиме растенија, рециклираме, употребуваме повторно. Се трудиме на разни начини да влијаеме на помладите и на повозрасните истото да го прават ( организираме кампањи, изработуваме брошури, соработуваме со медиумите и многу др.

Како го одбележиме Денот на водите?

Сите членови на клубот Млади истражувачи поднесоа кусо известување за тоа што сториле од септември 2009 год. до денес.

Своите активности ги претставија преку презентации, постери и брошури.

Балетската група изведе неколку музички точки  од најновиот репертоар.

Организираме трка на еко - автомобили, а победниците ги наградивме со највкусните ресенски јаболки.

Изведовме акција во собирањето на пластичните шишиња и собравме повеќе џамбо кеси. Сите активности ги документиравме.

ОУ “Димитар Миладинов”
Општина Центар - Скопје Македонија

Sunday, July 21, 2013

Читањето го подобрува животот


 
12 научно докажани факти дека читањето го подобрува животот

Благодетите од читањето можеби не ги чувствуваме веднаш, но тоа не значи дека не постојат. Уште како мали нè учеле дека ако читаме книги ќе бидеме попаметни, но тоа не е само уште еден клише израз туку нешто што навистина „држи вода“. Со читањето ни се збогатува вокабуларот, развиваме аналитичко мислење, учиме како подобро да се изразуваме, а може да послужи и како терапија кога поминуваме низ тежок период во животот. Ова се дел од фактите кои докажуваат дека читањето навистина го подобрува начинот на живот.
1. Читањето спречува заболување од Алцхајмеровата болест. Според истражување од зборникот на Националната академија на науките, постарите личности кои редовно читаат или играат игри кои поттикнуваат ментална активност, имаат поголеми шанси да ја спречат појавата на оваа болест. 
 2. Ви ја „полни“ главата со корисни информации.
Во својот труд „Што читањето му прави на вашиот мозок?“, Ени Канингем тврди дека страсните читатели се попаметни. Не само што со читањето добивате многу информации, исто така активното читање ќе ви помогне да го задржите вашето знаење низ годините. Колку често ви се случило реченицата да ја започнете со Еднаш негде прочитав дека…? Најчесто несвесно преку читањето примаме многу информации за кои никогаш не се знае кога ќе ни притребаат. 
3. Луѓето кои читаат се поинволвирани во своите граѓански должности. Едно истражување на Националната фондација за уметност потврдува дека оние кои редовно читаат активно се ангажирани во своите граѓански должности, но и културно се поиздигнати. Што би значело дека читањето нè прави примерни граѓани. 
4. Читањето книга ви помага во намалување на стресот и ве расположува. Кога читате вашиот ум е на сосема друго место, па макар за момент ќе заборавите на вашите грижи. Истражување од 2009-та година, докажало дека доколку читате само 6 минути вашето ниво на стрес е намалено за дури 68%. Доколку сте под стрес, фаќајте се за книгата која е најблиску до вас! 
5. Читањето може да ви послужи како терапија. Според Кристел Расел, читањето е најдобар начин да се преиспитаат минатите искуства и да се создаде нова перспектива за нештата. Читањето, исто како слушањето музика, може да ви помогне кога поминувате низ тежок период во животот бидејќи ви нуди нови гледишта, особено доколку читате книга каде главните ликови се соочуваат со слични проблеми како вашите. 
6. Ја подобрува вашата меморија. Со секој внес на нова информација во вашиот мозок, вие ја зајакнувате вашата меморија. Мозокот создава нови белешки, ги зајакнува постојните и ја подобрува мемориската функција. 
7. Читањето ве прави попривлечни за другиот пол. Ова особено важи за тоа како изгледате во очите на жените. Интелигенцијата ве прави привлечни и поголеми се шансите девојката да почне да ве симпатизира само затоа што ѝ изгледате паметен. Па момци, крајно време е да почнете да минувате повеќе време над книгите. 
8. Читањето ве поттикнува на аналитичко размислување. Со помош на читањето вие полесно ќе забележувате и паметите шеми и ќе го навикнете мозокот на аналитичко размислување. 
9. Го зголемува вашиот вокабулар. Колку повеќе читате толку повеќе сте изложени на најразлични зборови. Со читањето го збогатувате фондот на зборови и изрази, полесно ќе може да се снајдете во разговорите и подобро ќе ги искажувате своите мисли. 
10. Со читање станувате и подобар писател. Можеби ви се случило кога читате книга од еден автор да го забележите влијанието на сосема друг автор. Исто како што музиката која ја слушате влијае врз формирањето на вашиот стил, добрите автори влијаат врз вашиот начин на пишување и изразување. 
11. Книгите со фиктивни приказни ви помагаат да сочувствувате со другите. Иако читате за замислен свет кој не постои, со читањето вакви книги вие искусувате нешто надвор од вашиот ограничен свет. Исто, доколку читате книги за земји каде никогаш не сте биле, вие наоѓате допирна точка со нивната култура и начин на живот. Со читањето може да патувате до најдалечни земји без да го напуштите вашиот дом. 
12. Читањето го прави животот полесен. Вилсон Флечер, директор на The National Year of Reading, вели дека „читањето ви ги отвора вратите и ви го прави животот полесен, така што не е важно што читате – колку е повеќе толку подобро ќе се чувствувате”.

Thursday, January 31, 2013

Работилница - Формативно оценување

"Согледување од досегашното искуство во примената на формативното оценување"
Токму така, црвен  :)
31.01.2013 год.
организатори:
педагог - Маре Николиќ
психолог - Ана Ристeска