Sunday, July 31, 2011

Честит Илинден

     Илинден, или денот на Св. Илија е македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за македонскиот народ. Св. Илија (Громовникот) е еден од култните свеци кај православните Mакедонци, бидејки православната црква го има поистоветено со Перун Громовникот, од словенската митологија, кога вршела покрстување на Словените. Култот кон Перун бил широко развиен кај македонските Словени, па така тие го замениле своето омилено божество со христијанскиот светец. Овој култ кон Перун/Илија, и денес е присутен кај Mакедонците. Илинденското востание во 1903 и Првото заседание а АСНОМ во 1944 година, два историски моменти за Република Македонија кои се имаат случено на Илинден, даваат дополнително значење на овој празник. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најбитните празници во Македонија.

Илинден се празнува и како именден за православните христијани крстени како Илија, Илин, Илинка и слично. Да им е честит именденот!

Драги колеги, Ви го честитам празникот.

No comments:

Post a Comment