Saturday, November 17, 2012

Да го споделиме знаењето!




Одржана Осмата меѓународна конференција е-Општество.Мк 2012
Заврши осмата меѓународна конференција Е-Општество.Мк на тема  „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“. На конференцијата присуствуваа околу 250 учесници од земјата и од странство. Учесниците беа од образовниот сектор, од основните и средните училишта, од високообразовните државни и приватни институции, деловниот и граѓанскиот сектор. Конференцијата траеше два работни дена (14 и 15.11.2012). Во осум  сесии се дискутираше на осум теми со особен нагласок на отворените образовни ресурси. 36 говорници од Македонија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Хрватска,  Албанија и Америка, со своите говори предизвикуваа интересни дебати. Во сите земји образованието се сретнува со слични или исти проблеми. Кога се во прашање отворените образовни ресурси, сите сме на слично ниво.
По милионитти пат се уверив: „Кој сака да направи нешто, бара начин, а кој не сака ништо да направи, бара оправдување.“ (Пикасо)

Sunday, October 7, 2012

Поинаков час

25.09.2012 - Вештини за живеење - Стојка Даскаловска 
Филип Поповски VII в одделение


Секој е одговорен за своето здравје

Секој е господар на своето здравје.Оваа максима ме води да размислувам за здравата храна, за исхраната како егзистенцијален фактор, општо за сопственото здравје, дали и како треба да го подобриме истото.

Секојдневно слушаме што е здрава храна, како да ги внесеме потребните материи за добар и здрав начин на живот. Храната што ја внесуваме во организмот треба да биде во доволна количина за снабдување со енергија во текот на целиот ден. За таа цел, јадам во умерена количина, три оброци во денот со разновидна храна, со доволна количина потребни масти, белковини, јаглени хидрати и протеини. Овошјето и зеленчугот се составен дел од мојата исхрана. Минимум пет овошја и зеленчуци се потребни за сечиј правилен раст и развиток. Месните и млечните производи се неизоставен дел од мојата исхрана, бидејќи по препорака на многу нутриционисти е препорачливо во текот на растот да се внесува доволно количина на месо и белковини.
 Заклучно, сметам дека здравата, умерена и разновидна исхрана е неопходен услов за секојдневно функционирање, за полнење на нашето срце, ум и тело со високо квалитетни материи во балансирани квантитативни количества и за воспоставување и овозможување на континуиран здрав однос на здрав дух во здраво тело на секоја индивидуа.