Thursday, September 6, 2012

ИНТЕГРАЦИЈА НА ЕКОЛОШКАТА ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ



ЕКО - СТАНДАРД 1.
 
Изјава
Полиса
Рационално користење на електричната и топлинската енергија.
Цели
Намалување на потрошувачката на електрична енергија за 10% во споредба со претходната година.
Точки за акција
  1. Замена на сите светилки со енергетско штедливи светилки.
  2. Санирање или замена на прозорците и вратите.
  3. Поставување на калориметри и тајмери за регулирање на температурата во зградата.
  4. План за намалена потрошувачка на изворите за греење (дрво, нафта и слично) - рационално користење и планирање на изворите за греење.
  5. Воведување на едносменско работење во зимскиот период (во училишта каде што има услови).
  6. Редовно чистење на прозорците (еднаш неделно) за максимално искористување на сончевата енергија.
  7. Истакнување на упатства за рационално користење на електрична и топлинска енергија.
  8. Назначување на одговорни лица согласно бројот на паралелки и смени во училиштето, односно бројот на групи во градинките за спроведување на горенаведените точки на акција.
  9. Формирање на еко-патроли (група на ученици, односно деца) вклучени во реализација на точките на акција, кои ќе го следат, надгледуваат и контролираат процесот на имплементација на овие активности.
Индикатори
  1. Број на енергетско штедливи светилки во зградата.
  2. Број на санирани или заменети со нови, врати и прозорци.
  3. Број на поставени калориметри и тајмери.
  4. Изготвен план на активности за намалена потрошувачка на дрво, нафта, енергија и слично; според сметки и количина на набавена нафта и дрва во споредба со претходната година.
  5. Воведено едносменско работење во училишта каде што е тоа можно.
  6. Чисти прозорци.
  7. Број на истакнати упатства за рационално користење на електрична и топлинска енергија во зградата.
  8. Имиња на одговорните лица и извештај за спроведувањето на горенаведените точки на акција.
  9. Листа со имиња на членовите на еко-патролата и број на спроведени акции.
КРАЕН РЕЗУЛТАТ
10% НАМАЛЕНИ СМЕТКИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА И ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ВО СПОРЕДБА СО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА.



ЕКО - СТАНДАРД 2.
 
Изјава
ЗАШТЕДА НА ВОДА
Полиса
Рационално користење на водата во училиштата и градинките.
Цели
Намалување на потрошувачката на вода за 10% во споредба со претходната година.
Точки за акција
  1. Анализа на состојбата на водоводната инсталација (цевки, славини, казанчиња и слично).
  2. Замена и санирање на сите нефункционални чешми во зградата.
  3. Замена и санирање на старите тоалетни казанчиња со нови штедливи тоалетни казанчиња.
  4. Обезбедување на техничка вода за одржување на зелените површини во дворот со поставување на буриња или цели инсталации за собирање на дождовницата (оваа вода ќе се користи за наводнување на зеленилото, чистење на дворот и слично).
  5. Истакнување на упатства за рационално користење на водата.
  6. Назначување на одговорни лица согласно бројот на паралелки и смени во училиштето, односно групи во градинките за спроведување на горенавдените точки на акција.
  7. Формирање на еко-патроли (група на ученици, односно деца) вклучени во реализација на точките на акција, кои ќе го следат, надгледуваат и го контролираат процесот на имплементација на овие активности.
Индикатори
  1. Извештај од анализата на состојбата на водоводната инсталација (цевки, славини, казанчиња и сл.).
  2. Број на нови и санирани чешми (сензорски, автоматски, со педали и сл).
  3. Број на нови и санирани штедливи тоалетни казанчиња. Казанчиња од кои не истекува вода неконтролирано.
  4. Број на поставени буриња или инсталација во дворот за собирање на дождовницата.
  5. Број на истакнати упатства за рационално користење на водата.
  6. Имиња на одговорните лица и извештај за спроведување на горенавдените точки на акција.
  7. Листа со имиња на членовите на еко-патролата и број на спроведени акции.
КРАЕН РЕЗУЛТАТ
10% НАМАЛЕНИ СМЕТКИ ЗА ВОДА ВО СПОРЕДБА СО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА.
 
ЕКО - СТАНДАРД 3.
 
Изјава
ОДРЖУВАЊЕ НА ЗГРАДАТА И ЗДРАВА СРЕДИНА ВО УЧИЛИШТЕТО И ГРАДИНКАТА.
Полиса
Цели
Обезбедување на здрави услови за работење и престој во училиштето и градинката.
Точки за акција
  1. Ослободување од непотребните предмети во зградата (скршени клупи, саксии, вазни, табли, стари и исушени цвеќиња и слично).
  2. Чистење на ходниците (по секоја смена), канцеларии, училници и фисклутурни сали (соблекувални, санитарни јазли и слично) со различни крпи.
  3. Чистење на ходници, канцеларии, училници и фисклутурни сали со еколошки или нетоксични средства.
  4. При бојадисување на ѕидовите се користат еко-бои или бои наречени ИОС (испарливи органски соединенија).
  5. Разубавување на ходниците, канцелариите и училниците со цвеќиња.
  6. Истакнување на упатства за одржување на зграда и здрава средина во училиштето и градинката во сите простории.
  7. Назначување на одговорни лица согласно бројот на паралелки и смени во училиштето, односно бројот на групи во градинката за спроведување на горенаведените точки на акција.
  8. Формирање на еко-патроли (група на ученици, односно деца) вклучени во реализација на точките на акција, кои ќе го следат, надгледуваат и ќе го контролираат процесот на имплементација на овие активности.
Индикатори
  1. Извештај за бројот на отстранети непотребни предмети во зградата.
  2. Број на означени крпи за чистење на: под, столарија, прозорци, тоалет и друго и посебни места на чување на крпите.
  3. Средства на кои е истакнато дека се еколошки или број на означени садови (шишиња, тегли и слично) со нетоксични средства за чистење.
  4. Документ (нарачка, испратница и слично) на кој јасно се гледа нарачката и видот на бојата.
  5. Број на добро одржани саксиски цвеќиња.
  6. Број на истакнати упатства за одржување на зградата и здрава средина во училиштето и градинката во сите простории.
  7. Имиња на одговорните лица и извештај за спроведување на горенаведените точки на акција.
  8. Листа со имиња на членовите на еко-патролата и број на спроведени акции.
КРАЕН РЕЗУЛТАТ
ЗДРАВА И ЧИСТА СРЕДИНА ЗА УЧЕЊЕ И РАБОТЕЊЕ ВО УЧИЛИШТЕТО И ГРАДИНКАТА.


ЕКО - СТАНДАРД 4.

Изјава
УРЕДЕН И ЕКОЛОШКИ ДВОР
Полиса
Уреден и функционален двор кој е во согласност со потребите за заштита на животната средина.
Цели
Функционално уреден двор според сите еколошки параметри на начин на кој максимално ќе користи за потребите на сите кои престојуваат во училиштето и градинката.
Точки за акција
  1. Отстранување на непотребни и нефункционални предмети и растенија од дворот (исушени цвеќиња и дрва, скршени клупи, скршени корпи и слично).
  2. Садење на листопадни дрвја на соодветна локација кои во лето ќе служат како заштита од сонцето а во зима ќе ја пропуштаат светлината.
  3. Садење на локални цвеќиња.
  4. Оградување на дворот со жива ограда и поставување клупи.
  5. Поставување и означување на корпи за органско ѓубре, за хартија и за пластика.
  6. Санирање (бојадисување, врзување, лепење и слично) на оградата или замена на оштетената ограда со нова.
  7. Изработка на план за наводнување (систем капка по капка, собирање на дождовницата, распоред на денови за наводнување според зеленилото со користење на техничка вода и слично)
  8. Одржување на зеленилото (редовно кастрење на зеленилото и косење на тревата).
  9. Поставување патека до влезот на зградата.
  10. Означени места со изработени и поставени знаци видливи за сите во дворот (за место за игра, место за одмор, место каде што не треба да се гази и слично.
  11. Истакнување на упатства за одржување на дворот.
  12. Назначување одговорни лица согласно бројот на паралелки и смени во училиштето, односно бројот на групи во градинката за спроведување на горенаведените точки на акција.
  13. Формирање на еко-патроли (група на ученици, односно деца) вклучени во реализација на точките на акција, кои ќе го следат, надгледуваат и ќе го контролираат процесот на имплементација на овие активности.
Индикатори
  1. Извештај за бројот на отстранети непотребни предмети и растенија во дворот.
  2. На 5м2 засадани локални дрвја (во зависност од големината на дворот).
  3. Број на правилно засадени листопадни дрвја пред прозорците на училниците; засадени на соодветно растојание.
  4. Број на засадени локални цвеќиња.
  5. Ограден двор со жива ограда и број на поставени клупи.
  6. Број на поставени и означени корпи за органско ѓубре, хартија и пластика.
  7. Бојадисана или нова ограда.
  8. Изработен план на денови и часови за наводнување (посебно за летниот период, пролет, есен) и поставен систем за рационално наводнување и користење на техничка вода: систем капка по капка, собирање на дождовницата.
  9. Чист и уреден двор.
  10. Искосена трева, искастрени и уредени дрвја.
  11. Поставена патека од влезот на дворот до зградата.
  12. Изработени и поставени знаци во дворот.
  13. Број на истакнати упатства за одржување на дворот.
  14. Имиња на одговорните лица и извештај за спроведување на горенаведените точки на акција.
  15. Листа со имиња на членовите на еко-патролата и број на спроведени акции.
КРАЕН РЕЗУЛТАТ
УРЕДЕН И ФУНКЦИОНАЛЕН ДВОР.

ПРЕДЛОГ - ЕКО правилник на


ОУ ,,Димитар Миладинов”– Општина Центар Скопје


Вовед:

    Препознатливи сме по проектотите  од областа на екологија, поточно по повекегодишните проектни активности во кои учествуваме во периодот од 1998 до 2011 год. Онаа што го започнале нашите претходници ние го продолживме и се гордееме со стореното. Веќе 13 години сме ГЛОБЕ училиште, 3 години ЕНО училиште, 2 години АРМАЛОВО училиште, 4 години ЕКО училиште,  а завршивме и многу наши Еко проекти предводени од нашите екологисти чии маскоти се Шарко и Жапко. Се обидуваме да го решиме проблемот на глобалното  затоплување и климатските промени и да оставиме убави спомени на Земјата.



Цели на проектот:

-  Сакаме на сите жители на нашиот град да им ја наметнеме грижата  за  нашата планета;

-  Сакаме да не подржат сите училишта ширум светот и да влијаат на  жителите во своите земји;

-  Сакаме да живееме во почиста и позелена средина.

-  Сакаме целосно да се исфрлат од употреба најлонските кеси;

-  Сакаме целосно да се отстранат пластичните шишиња;

-  Не сакаме диви депонии;

-  Сакаме секое празно место да биде засадено со дрво или цвет.



Како ќе дојдеме до саканата цел:

-  Ќе направивме повеќе истражувања. Најинтересниот начин на прибирање на значајни информации е од најмалите соученици. Ќе  им одржуваме неколку работилници (ќе изработуваме играчки и честитки од отпад), ќе  им дадовме задача да набљудуваат и да не известуваат, како се однесуваат возрасните во нивното семејство:

Кога одат да купуваат, дали носат платнени торби?

Како ги мијат рацете?

Дали се тушираат или ја полнат  кадата при бањање?

Какви светилки користат?


Истражување во однос на историјата на нашиот проект:

13 години успешно го спроведуваме меѓународниот проект „GLOBE“ (глобално учење и набљудување во корист на животната средина), 3 години „ENO“ ( околина на линија), 2 години„ARMAL“ - заштита на питката вода во училиштето и многу други училишни проекти како што се: "Македонија – ризница на здава храна"; „Вреди да се штеди“; „ Кажи да, да за животот“; „Одржување на личната хигиена“; „Светилки за оние без светлина“, „Како јас да придонесам  да се намали загадувањето и глобалното затоплување на планетата Земја „ и др.

Сите ги почувствувавме придобивките од секоја проектна активност. Податоците од „ГЛОБЕ“ ги користиме во редовната настава по физика за натпреварите по метеорологија (2009 год. Освоивме II награда на државниот натпревар – Теа Спасовска, 2010 год. IV награда  – Емилија Лазаровска).

Со „ЕНО“ создадовме пријатели низ целиот свет. Со нив досега засадивме повеќе од  50 000 дрвца, ги направивме првите кампањи против климатските промени, научивме многу за животната средина, истите знаења ги користевме за натпреварите по екологија (2009 год. III награда на регионален натпревар– Вера Трајчева, 2010 год.  III награда - Ангела Трајковска)

Од „АРМАЛ“ Мариборската леарница добивме 15 чешми – за проектот „Заштита на водите“.

За сработеното секоја година во училиштето донесуваме многу сертификати и  дипломи.


Каква беше ситуацијата на самиот почеток од проектната активност?

Ситуацијата на нашите почетоци е помалку интересна од почетоците  на  нашите претходници. Како што раскажуваат, редовно ги мереле температурите на воздухот и почвата, влажноста на воздухот, облачност, но немале интернет и не можеле редовно да ги праќаат податоците. Оделе во интернет кафулиња, и по разни претпријатија молеле да им се дозволи да ги испратат податоците. Кога ја собирале пластиката и отпад по дворовите им се смееле врсниците. На нас тоа не ни се случува. Имаме интернет дома и никој не ни се смее за нашата работа. Често не пофалуваат, но ние сакаме да ни се придружат.



Сакаме поголема поддршка од возрасните.

Ние сме мали и тешко можеме да заинтересираме некого. Можеби грешиме, но мислиме дека сепак не забележуваат и им служиме како извор на идеи. Горди сме на тоа што ги поттикнуваме возрасните да се грижат за нашата планета , така ќе се исполнат и нашите цели.

ГЛАВЕН ДЕЛ:
 Се обидовме да ги разработиме и комплетираме седумте фази за внесување на Еко програмата во училишни рамки и континуирано и постапно да ја менуваме свеста за заштита на животната средина, како и подигнување на нивото на свесно размислување за значењето кое го има животот во чиста и еколошки здрава животна средина и околина, но ова се само дел од пропишаните цели за заштитата на животната средина, нејзиното чување и одржување за придобивки не само на вработените и учениците во ОУ,,Димитар Миладинов,,  Општина Центар Скопје, туку и на сите оние кои се во постојан посреден или непосреден допир со нашето училиште.

Со почетокот на учебната 2011/2012 година, училиштето ќе треба да помине низ седумте Еко фази и тоа:

1. Формирање на Еко Одбор;

2. Анализа на состојбата на животната средина;

3. План на активности;

4. Следење и евалвација на напредокот;

5. Поврзување на животната средина со наставната програма;

6. Информирање на пошироката јавност за нашата работа.

7. Дополнување на постоечкиот Еко кодекс.


На почетокот на учебната година ќе се започне со Фаза 1 и тоа:

1. Формирање на Еко Одбор

Еко Одборот ќе биде  составен од наставници, ученици, помошниот пресонал, хаусмајсторот и заинтересирани родители преку анкети, прашалници и разни алатки за да може да се идентификуваат вистинските членови на Еко Одборот за да може да дејствуваат како тим да соработуваат; и истиот мора да биде хетероген.

Целокупната работа ќе ја  координираат наставниците: _____________________

од кои  ќе се избере координатор на програмата и  претседател на Еко – одборот .

Еко одборот е суштината на целокупната методологија, затоа што од него ќе зависи целокупната понатамошна реализација на сите останати фази од Еко програмата. Истиот ќе поминува заедно низ сите фази, детално ќе ги разработува и комплетира и исто така будно ќе ја следи тековната состојба во сите сфери и аспекти за заштита на животната средина. Еко Одборот ќе се придржува кон пропишаните Еко стандарди и тоа:

• Заштеда на електрична енергија,

• Заштеда на вода,

• Оддржување на училишната зграда, здрава средина во училиштето и надвор од училиштето,

• Уредување на училишниот двор.

Во понатамошната своја работа Еко Одборот ќе треба да се насочи преку својата работа на еден или повеќе од пропишаните Еко стандарди, за кој смета дека се најакутени и  ќе бара истите итно да се решат, но истовремено ќе води грижа и за сите останати аспекти од останатите пропишани Еко стандарди. Отакако ќе се помине низ седумте фази во текот на целокупната учебна година; на крај ќе треба да се доработи Еко кодекс како 7 ма фаза. Еко кодекс ќе биде официјален пропишан документ кон кој сите ќе се раководат и почитуваат,се до изработката на нов Еко кодекс.  Еко Одборот својата работа ќе ја води преку работа на терен – во и околу училиштето, а недостатоците, резултатите и целокупните согледувања ќе ги презентира  на состаноци со активно водење на записници.

Откако ќе биде формиран Еко Одборот и откако ќе се дефинираат целите, очекувањата и задачите што ќе треба понатаму да се имплементираат, се преминува на Фаза 2:

2. Анализа на состојбата на животната средина

Еко Одборот ќе треба најпрвин да ги разгледа и утврди пропишаните Еко стандарди по кои и ќе работи и понатаму. Методологијата на Фаза 2 во случајов ќе се одвива со конкретно согледување  и регистирање на посточеката состојба по соодветните области и писмено забележување на недостатоците преку кои ќе произлезе Фаза 3- План на активностите. Покрај тоа што  ќе се согледуваат состојбите, Еко Одборот, тимски, ќе ја  согледа тековната состојба, а училиштето на Еко планот самото ќе си направи самоевалвација и ќе ги утврди своите приоритети и одлучи на кој Еко стандард понатаму ќе работи како негова главна стратешка цел. Од анализата на состојбата на животната средина, на самоевалвацијата произлегува Фаза 3

3. План на активности

Планот на активности произлегува од анализата на состојбата и  Еко одборот ќе треба да ги зацрта и дефинира идните приоритети коишто ќе треба да се сработат во иднина. По однос на одржување на конструктивнио состаноци Еко Одборот ќе има јасна задача да ги постави идните задачи што ќе треба да се остварат и да го  состави идниот план на активности.

Во планот на активности ќе треба да се дефинираат задачите за секој Еко стандард. Се избира еден или повеќе Еко стандарди за кои Еко одборот смета дека треба да се работат и на нив се дефинираат задачите и развојните цели. Откако ќе биде утврден планот на активности, се оди на реализација на четвртата фаза и тоа:

4. Следење и евалвација на напредокот

Оваа фаза е доста карактеристична со тоа што истата се спроведува тековно, постојано и континуирано затоа што Еко Одборот во оваа фаза има мониторинг функција за да будно ја следи состојбата и напредокот; дали активностите од Планот за активности се реализираат; како оди работата; дали се добиваат очекуваните резултати; дали има напредок; позитивна промена и прогрес. Сите коментари на тековното согледување на состојбата се преточуваат во своевидни записи и се формираат т.н Еко патроли на ученици коишто одат во и околу училиштето и ја следат состојбата на поставените Еко стандарди. Посебен акцент се става на избраниот Еко стандард. Четвртата фаза не завршува тука- таа е долгорочна и води кон одржливост на целиот проект.

Понатаму, се преминува на Фаза 5

5. Поврзување на заштитата на животната средина во сите видови на наставни предмети

Оваа фаза е започната уште од почетокот, затоа што на сите наставници им беше дадена задача пред завршувањето на минатата учебна 2010/2011 год. да во нивните годишни глобални, тематски процесни и дневни планирања да ја вметнат заштитата на животната средина секој во својот предмет поединечно и со тоа да најдат одредени поврзувања на животната средина со предметот кој го предваат- и во одделенска и во предметна наства- без разлика дали се работио за природна, општествена или уметничка група на предмети. Со ова секој наставник е задолжен во реализацијата на наставните единици, нормално, онаму кадешто е возможно, да изврши или предавања или конкретни нагледни часови во природа според своето поврзување што си го направил по однос на својот наставен предмет. И фаза 5 се спроведува тековно – во текот на целата учебна година и откако истата ќе биде реализирана се преминува на Фаза 6

6. Информирање на пошироката јавност со работата на Еко клубот

Оваа фаза е исто така многу важна, затоа што Еко програмата не останува само во училиштни рамки, туку и пошироката заедница ќе има можност да се запознае со Еко активностите и истата може активно  да се вклучи во ширење на идејата за придржување кон воспоставените Еко стандарди. Нашето училиште, врши информирање на пошироката јавност со својата целокупна работа преку својот блог http://aidafizika.blogspot.com/  (КЕ ОТВОРАМ УЧИЛИШЕН)

7. Дополнување на Еко кодекс:

Еко-стандард 1.

Изјава: Заштеда на енергија

Полиса: Рационално користење на електрична и топлинска енергија

Цели: Намалување на потрошувачката на енергија за 10% во период од 01. септември до 10 . јуни во споредба на претходната година.

Точка на акција
Предмет
Содржина
Одд.
Време на реализација
1.  Топлинска
      изолација


2.  Истакнување на 
     упатство за
     рационално 
     користење на
     електрична и
     топлинска енергија

3. Избор на одговорни
    лица согласно бројот
    на паралелки

4.  Формирање на еко –
     патроли- вклучени
     во реализација на
    точките на акција
физика



физика






ученичка заедница


ученичка заедница
 Изработка макети на куќи, облека, термос

ЕНЕРГИЈА






одделенски час



одделенски час


7



7






5 – 8 одд


5 – 8 одд




Еко-стандард 2.

Изјава: Заштеда на вода

Полиса: Рационално користење на водата во училиштето

Цели: Намалување на потрошувачката на вода

Точка на акција
Предмет
Содржина
Одд.
Време на реализација
1.  Анализа на состојбата на инсталацијата
2. Истакнување на упатства за рационално користење на водата
3.  Назначување на одговорни лица согласно бројот на паралелки и смени во училиштето
4.  Формирање на еко – патроли- вклучени во реализација на точките на акција
5. Учество на конкурсот АРМАЛ
македонски јазик


ликовно
македонски јазик



Час на одд. заедница


Час на одд. Заедница



Ученичка заедница
Изразување и творење- Пишување извештај за грижата во тоалетот
Значење на водата во природата
Изразување и творење составување пораки „ Штеди вода“

Заштита на планетата Земја- работилница – Вода

Тимска работа



Планирање на конкурсен проект
5 – 8 одд.


5 – 8 одд.




5 – 8


5 – 8



1 - 8

Еко -  стандард 3.
Изјава: Одржување на зградата и здравата средина во и надвр од училиштето

Полиса: Здрава и чиста внатрешна средина за учење и работење

Цели: Обезбедување на здрави услови за работење и  престој во училиштето
Точка на акција
Предмет
Содржина
Одд.
Време на реализација
1. Ослободување на непотребните  предмети од  зградата

2. Разубавување на ходниците канцелариите и училниците со цвеќе

3 Истакнување на упатства за чистење на зградата и здравата средина во училиштето

4. Формирање на еко- патроли вклучени во реализација на точките на акција

5. Кампања против климатските промени
ФЗО



биологија



ликовно, македонски јазик


ученичка заедница



час на одд. заедница
Животот во заедницата ( училиштето)

растенија



творење




тимска работа




тимска работа
7 и 8



6 одд.



1 – 8




1 – 8




1 - 8

Еко-стандард 4.

Изјава: Уредување на еколошки двор
Полиса:Уреден и функционален двор кој е во согласност со потребите за заштита на животната средина
Цели: Функционален уреден според сите еколошки параметри на начин на кој максимално ќе користи за потребите на сите кои престојуваат во училиштето.
Точка на акција
Предмет
Содржина
Одд.
Време на реализација
1 Отстранување на непотребните и нефункционални предмети од дворот

2.Поставување и означување на корпи за органско ѓубре за хартија и пластика

3. Редовно чистење во дворот




4. Истакнување на упатства за чистење во дворот

5. Формирање на еко – патроли- вклучени во реализација на точките на акција
ФЗО




Биологија,
Природа
Техничко


биологија, техничко




македонски, ликовно


одделенски час

Тимска работа и соработка со комуналец


соработка со
комуналец и општина


Примена на различни материјали
изработка на корпи за отпадоци

творење



тимска работа
5 – 8




8




5 – 8





1 – 8



5 - 8



ЗАВРШЕН ДЕЛ:

ПРИМЕР НА ПЛАН ЗА РАБОТА ВО УЧЕБНАТА 2011/2012 НА ЕДЕН НАСТАВНИК
содржина
активност
Време на реализација





проект - ГЛОБЕ
~ Секојдневно мерење на температурата на воздухот  (минимална, максимална, моментална), влажноста на воздухот, облачност, температура на почва, врнежи и внесување на податоци.
~ Квартални анализи на измерените вредности и подготовки за натпревар од областа на метеорологија и екологија.


Септември - јуни
ЕНО ден за садење дрвја,   Ден на мирот,
Кампања против климатските промени
~ Бирање локации за садење дрвја, изготвување говор за настанот, садење и негување на засадените садници.


21 септември
ЕКО - календар
~ Обработка на фотографии, уредување текст, селектирање на позначајни датуми за нашиот календар.
октомври, ноември
проект - Миење раце
~ Демонстрирање на правилно миење на раце (работилница со помалите ученици).
Октомври - ноември
Македонски ден на дрвото
Садење дрвја
ноември
Изработка на маски – ШАРКО и ЖАБКО, постери, страничници, флаери
~ Изработка на маски, слики, постери, публикации, презентации, работа во Photoshop, Power Point, Publisher, Movie Maker.


ноември
Како јас придонесувам да се намали загадувањети и глобалното затоплување на планетата Земја


Избор на најуспешни маски, слики, постери



декември
Кампања против климатски промени
 Шарко и Жапко  го спасуваат светот
Февруари 2011
Денот на водите
Манифестации – Како да ја зачуваме водата за пиење
март
Македонски ден на дрвото
Садење дрвја
март
Ден на планетата Земја
Акции: чистење на училишните кабинети и училишниот двор
април
Ден на Европа
Приредба на плоштад
април

ЕНО – Ден за садење дрвја
 Бирање локации за садење дрвја, изготвување говор за настанот, садење и негување на засадените садници.
  
мај
Сите акции и кампањи што ќе ги организира нашата Општина Центар, градот Скопје и државата Македонија
Ќе ги следиме инструкциите што ќе ги добиеме од надлежните


Од септември 2010 до јуни 2011
План за работа за една од проектните активности - ШАРКО И ЖАПКО ГО СПАСУВААТ СВЕТОТ – прв дел (од ДЕКЕМВРИ до ФЕВРУАРИ)

1. Распишвање конкурс за постер, маска, парола, есеј,  флаер, брошурка.
декември
2. Изработка на постер, маска, парола, есеј, флаер,  брошурка.
декември и јануари
3. Избор на најубава постер, маска, парола, есеј, флаер,  брошурка.
февруари
4. Изработка на пропаганден материјал за кампањата
февруари
5. Ивестување на јавноста, нашата општина, министерство за образование, министерство за екологија, медиумите, ..
февруари
6. Праќање покани до другите училишта да ни се придружат.
февруари
7. Пријавување во МВР
февруари
8. Одржување кампања
февруари
9. Средување впечатоици и заклучоци
март
10. Изработка на развојно проектно портфолио
декември до април
11. Оцена, мнение
мај
12. Публикување
мај
Докази за досега превземени активности:

http://www.youtube.com/watch?v=VTi4uTe6UTU&feature=channel_video_title
http://www.youtube.com/watch?v=1HXnNfqhPS8&feature=channel_video_title
http://www.youtube.com/watch?v=z0Y5P4wkPqc&feature=channel_video_title
http://www.youtube.com/watch?v=GMCjDlM7lHQ&feature=channel_video_title
На  приложените линкови можете да видите:
- Внесовме  околу 10000 податоци на ГЛОБЕ,
- Освоивме награда за труд на тема ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ – 2009 и 2010,
-  Редовно учествуваме на ЕКО конкурси и освојуваме награди,
-  Освоивме награди за трудовите на теми од ЕКОЛОГИЈА во 2009 и 2010,
-   Освоивме награда во конструкторство 2010 (Теслин трансформатор од отпадоци),
- Изработивме еколошка машина која пренесува енергија,
- Направивме ЕКО календар,
- Садевме дрвја заедно со 150 земји од светот,
- Организиравме неколку кампањи против климатски промени,
- Изработувавме еколошки весници и др.

Наши досегашни резултати:
Научивме да организираме ефектна ЕКО – кампања,
Научивме да изработиме еко – постер, еко – маска, еко – флаер, еко – парола,  еко – порака и друг пропаганден материјал за подигнување на еколошка свест.;
Ја запонаваме пошироката јавност со наши проекти.
Засадивме многу дрвја.
Исчистивме многу депонии.
Учиме да соработуваме со локалната самоуправа и медумите;
Ги учиме возрасните да ја почитуваат нашата планета, да направат секој ден да биде Ден на планетата Земја и да ни ја остават во наследство здрава  богата со плодна почва и изобилство вода за пиење. 

Како досега го меревме нашиот успех:
По квалитетот на трудовите со кои учествуваме на разни натпревари и добро се пласираме, по заклучоците до кои доаѓаме со нашите истражувања, а подоцна биле потврдени од некои научни институции, по количествата на собраните пластични шишиња, по бројот на засадените дрвца . . . .
 

Friday, July 20, 2012

„Ова е мал чекор за човекот, но огромен за човештвото“

Американскиот астронаут Нил Армстронг на 20 јули 1969 година стана првиот човек во историјата кој стапна на Месечината, со летот Аполо 11.
Пред точно 43 години човекот за првпат зачекори по површината на Месечината. За колкаво постигнување се работи, зборува фактот дека луѓето оттогаш не мрднаа нешто повеќе во вселената.
Низ светот се одбележува годишнина од историското прво човечко спуштање на Месечината. Американските астронаути во мисијата Аполо 11 учествуваа во еден од највпечатливите настани на 20 век.
Спуштањето на Месечината на американската астронаутска мисија Аполо 11 во живо преку телевизиски и радиски пренос го следеа околу 600 милиони луѓе.
На 20 јули 1969 година во 16:18 часот по источноамериканско време, испрекинатиот глас на Нил Армстронг, астронаутот кој ја предводеше мисијата и објави на публиката на Земјата: „Хјустон, овде базата Мир. Игл слета“.
Кратко потоа Армстронг стана првиот човек кој стапна на второто вселенско тело. Спуштајќи се по скалите од кабината, тој зачекори низ сивата прашина на Месечината, изговарајќи ја познатата реченица „Ова е мал чекор за човекот, но огромен за човештвото“.
Наскоро на Армстронг му се придружи астронаутот Едвин Баз Олдрин, опишувајќи ја површината на Месечината како „величенствена пустина“.
Армстронг и Олдрин два и пол часа ја истражуваа месечевата површина, собирајќи примероци и фотографирајќи. Тогаш тие го поставија и американското знаме.
Двајцата астронаути потоа се спуштија во Тихиот океан на 24 јули, исполнувајќи го ветувањето дадено во 1962 на тогашниот американски претседател Џон Кенеди, дека до крајот на таа деценија човекот ќе стапне на Месечината.
Американските власти ја започнаа мисијата за стапнување на Месечината по стравувањата дека Русија ги надминала во тој поглед, откако во 1961 рускиот космонаут Јуриј Гагарин, стана првиот човек кој замина во Вселената.
Аполо 11 – Армстронг, Колинс и Олдрин

Wednesday, May 30, 2012

СУМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ

ОУ “Димитар Миладинов” Општина Центар Скопје
ИНТЕРНА ОБУКА
( РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ПОМЕЃУ ОДДЕЛЕНСКИТЕ
И ПРЕДМЕТНИТЕ НАСТАВНИЦИ - 29.05.2012 )
"Подобрување на оценувањето на ученицитe"
СУМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ
ОБУЧУВАЧИ
Теми:
  1. Сумативно наспроти формативно оценување


     (Цели: 

    - Да се сфати разликата меѓу формативното и

     сумативното оценување.

    - Да се согледа дека меѓу формативното и 

     сумативното оценување не постои остра граница

     – споделуваат методи и влијаат едно на друго )

  2. Видови сумативно оценување
     
    ( Цели:

    - Да се направи разлика меѓу наметнато, вградено 

    и барано оценување.

    - Да се направи разлика меѓу

     нормативно,критериумско и развојно оценување

     и да се согледаат нивните предности и слабости )

  3. Фактори кои влијаат на оценките
     
    ( Цели:

    - Да се увиди дека оценките не се еднозначни и 

    дека вклучуваат извесна доза на субјективност и

    релативност.

    - Да се согледаат факторите кои ја намалуваат

    ефективноста на оценките.

    - Да се увиди потребата од посебно оценување на
     однесувањето на ученикот, издвоено од неговата

     оценка по предметот )

  4. Тестови на знаење
    ( Цели: 
    - Да се направи разлика меѓу различните видови
     објективни прашања.

    - Да се согледаат вообичаените грешките што се 

    прават при составување на објективни прашања.
    - Да се направи разлика меѓу објективните и 

    есејските тестови)

  5. Нивоата на знаење и оценките
     
    ( Цели:
    - Да се прави разлика меѓу три вида на знаење и

     во рамките на секој од нив, на три нивоа на 

     знаење што се проверуваат со три типа на задачи
    - Да се согледа врската меѓу оценките и нивоата

     на знаење – како се става оценка базирана на

     нивото на знаење на дадена тема)

  6. Нивоата на знаење и методите на оценување
     
    ( Цели:
    - Да се согледаат можностите и ограничувањата 

    на објективните и есејските тестови во мерењето

     на усвоеноста на различните нивоа и различните 

    ви дови знаење.
    - Да се сфати потребата и начинот на користење 

    на другите методи на оценување како

    дополнувањa и/или како алтернатива на 

    тестовите )

  7. Изведување оценка за една тема
     
    ( Цели:
    - Да се сфати важноста од соодветна застапеност

     на различните видови знаења и во рамки на нив, 

    на различните нивоа на знаење, при 

    изведувањето на оценките.
    - Да се увиди како може да се користат различните
     методи на оценување при изведување оценка на

     дадена тема од конкретен предмет)

  8. Изведување сумарна оценка
     
    ( Цели:
    - Да се согледа дека сумарната оценка треба да 

    биде одраз на тоа што ученикот научил по однос 

    на сите теми што се покриени со оценката.
    - Да се увиди дека сумарната оценка не може да се
     пресметува како прост просек од оценките 

     добиени за одделните теми .
    - Да се сфати дека ученикот има право да покаже 

    дека дополнително ја научил и темата што 

    претходно била оценета )

Sunday, May 13, 2012

СВЕТЛИНСКИ ПОЈАВИ


Прашања и задачи собрани од наставните ливчиња:
  1. Искажи го законот за рефлексија: ..............
  2. Ако аголот што го зафаќа упадниот зрак со нормалата изнесува 40°, колку изнесува аголот на одбивање што го зафаќа одбиениот зрак со нормалата? Што ќе се случи со одбиениот агол ако упадниот агол се зголеми за 5°?
  3. Горан стои на 5 m пред рамно огледало. Колку е оддалечен неговиот лик од огледалото? Потоа приоѓа 2 m поблизу до огледалото. Колкаво е сега растојанието од ликот до огледалото?
  4. Дополни: Сферните огледала можат да бидат:
    а) _____ или ______ кога огледалната површина е _...
    б) _____ или ______ кога огледалната површина е _...
    Карактеристични зраци на сферно огледало се:
    а)...... кој по одбивањето .......
    б)......кој по одбивањето ......
    в).... кој по одбивањето.....
    г) ...... кој по одбивањето....
  5. Пресметај го растојанието на ликот, чиј предмет се наоѓа на оддалеченост 4m од конкавното огледало со f = 20 сm.
  6. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа помеѓу темето и фокусот на едно конкавно сферно огледало.
  7. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа на растојание 3 cm од едно конвексно сферно огледало.
  8. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа помеѓу фокусот и оптичкиот центар на едно конкавно сферно огледало.
  9. Одговори на поставените прашања:
    а) Што се подразбира под поимот прекршување на светлината?
    б) Кога светлинскиот зрак може да премине од една оптичка средина во друга, без да го промени правецот на простирањето?
    в) Што е дисперзија на светлината?
    г) Што е фатаморгана?
  10. Одговори на следните прашања:
    a) Што е леќа?
    б) Какви видови леќи познаваш?
    в) Што се нарекува главна оптичка оска, оптички центар и фокус на една леќа?
    г) Како се определува јачината на леќата?
    д) Како гласи равенката за леќата и кои величини ги поврзува?
    ѓ) Кои карактеристични зраци се користат за геометриското конструирање на ликови при леќите?
  11. Дополни:
    а) Апаратите кај кои со помош на оптички леќи, призми и огледала може да се набљудуваат или регистрираат ситни и оддалечени предмети се нарекуваат _____ .
    б) За набљудување на многу ситни предмети се користат   ______ и ______, а за оддалечени предмети ........
    в) За набљудување на многу оддалечени тела, како што се небеските, се користи _____ .
    г) За корекција на недостатоците на човечкото око се користат ........и тоа:
    - кај кратковидоста - _______________,
    - кај далекувидоста - _______________ .
  12. Светлински зрак паѓа нормално на рамно огледало. Колкав ќе биде аголот меѓу одбиениот и упадниот зрак, ако огледалото се завр ти за 30º.
  13. Сончевите зраци паѓаат под агол од 60º. Под кој агол треба да се постави рамно огледало за да зраците се одбиваат вертикално?
  14. Пред рамно огледало на растојание од 25 cm е поставен предмет. За колку ќе се зголеми растојанието меѓу предметот и неговиот лик, ако предметот се оддалечи од огледалото за 15 cm?
  15. Пред сферно вдлабнато огледало на растојание 0,8 m е поставена запалена свеќа. На кое растојание од огледалото ќе се добие нејзиниот лик, ако радиусот на огледалото е 0,6 m?
  16. На растојание од 80 cm од темето на сферно вдлабнато огледало се наоѓа светол предмет. Неговиот лик е 4 пати помал од предметот. Најди го растојанието на ликот и фокусното растојание на огледалото.
  17. Предмет висок 4 cm поставен е на растојание 12 cm од темето на сферно вдлабнато огледало со радиус на кривината од 18 cm. Определи ја положбата и големината на ликот.
  18. Колку време треба да патува светлината од Сонцето до Земјата, ако растојанието меѓу нив е приближно 1000000000 km?
  19. На кое растојание од Сонцето се наоѓа "планетата" Плутон, ако светлината го минува тоа растојание за 5,5 часа?
  20. Пред двојно испакната леќа на растојание 45 cm е поставен предмет. Неговиот лик се добива на растојание 15 cm. Колкаво е фокусното растојание на леќата?
  21. На кое растојание од собирна леќа со фокусно растојание 10 cm треба да се постави предмет, за да биде неговиот лик 2 пати поголем од предметот?
  22. Определи ја оптичката јачина на собирна леќа со фокусно растојание 20 cm.
  23. Оптичка јачина на леќа е + 4 диоптри. Колкаво е нејзиното фокусно растојание? За каква леќа станува збор?
  24. Пресметај ја фокусната далечина на леќа со јачина 1,5D.
  25. На оптичка оска на вдлабнато (конкавно) огледало чиј радиус на кривината е 50 cm на растојание од 2,5 m се наоѓа предмет АВ. На кое растојание ќе се добие јасно неговиот лик?
  26. На растојание од 60 cm од темето на сферно вдлабнато огледало се наоѓа светол предмет. Неговиот лик е 4 пати помал од предметот. Најди го растојанието на ликот и фокусното растојание на огледалото.
  27. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа помеѓу оптичкиот центар и фокусот на собирна леќа со фокусно растојание од 3 cm. Што заклучуваш?
  28. Конструирај лик во конвексно (испакнато) сферно огледало. Големините на предметот и огледалото нека бидат по твоја желба. Каков е добиениот лик?
  29. На собирна леќа чија фокусна далечина е 100 mm пресметај ја нејзината јачина.
  30. Колкаво е фокусното растојание на вдлабнато сферно огледало, ако предметот поставен на растојание од 0,4 m дава лик на растијание од 20 cm?
  31. Пред собирна леќа со јачина од 4 D се наоѓа предмет на растојание од 50 cm. На кое растојание од леќата се наоѓа неговиот лик?
  32. Конструирај го ликот на предметот што се наоѓа помеѓу фокусот и оптичкиот центар на едно конкавно (вдлабнато) огледало чиј радиус на сферата е 6 cm. Што заклучуваш?
  33. Конструирај го ликот на предметот (стрелка) што се наоѓа помеѓу оптичкиот центар и фокусот на собирната леѓа со фокусно растојание од 3 cm. Што заклучуваш?

Saturday, May 12, 2012

ПРИТИСОК

ПРИТИСОК
Прашања:
  1. Што е притисок?
  2. Што е хидростатички притисок?

  3. Што е атмосферски притисок?

  4. Како гласи Архимедов закон?
  5. Како се пренесува притисокот кај гасовите?

  6. Од кои величини зависи хидростатичкиот притисок на дното од садот?
  7. Две еднакви дрвени призми, едната е ставена во вода, другата во масло. Дали призмите пропаднале до иста длабочина?
  8. Зошто со зголемување на висината атмосферскиот притисок е се помал?
  9. Што треба да се направи да се намали притисокот што го врши една сила врз подлогата?

  10. Објасни го хидростатичкиот парадокс?
  11. Што е причината што гасот во балонот со качување во висина го зголемува својот волумен?

  12. Кои услови треба да бидат исполнети за да телото во течноста тоне?
  13. Зошто празна конзерва плива по површината на водата, додека наполнета со вода пропаѓа (тоне)?
  14. Што треба да се направи да се зголеми притисокот што го врши една иста сила врз подлогата?
  15. Како се пренесува притисокот кај тврдите тела?

  16. Како гласи Паскалов закон?
  17. Зошто балонот исполнет со топол воздух се крева во атмосферата?

    ЗАДАЧИ:
  18. Претвори:
    а) 200000 Ра во mmHg;
    б) 150000 Ра во mmHg;
    в) 600 mmHg во Ра;
    г) 600 mmHg во Ра;
    ако густината на живата е 13600 kg/m³.

  19. Површината на поголемиот клип на хидраулична преса е 400 сm². Колкава треба да биде површината на малиот клип за да можеме дејствувајќи врз него со сила од 200 N да пресуваме со сила од 4000 N?
  20. На подлогата стои стаклена чаша. Колкава е масата на чашата ако допирната површина е 27 сm², а притисокот што го врши на подлогата 908 Ра?
  21. Брод кој со машините и друга опрема има маса 2000 t , кога ќе се натовари истиснува 6000 m³ вода. Со колкав товар е натоварен бродот во овој случај?
  22. Притисокот во градската мрежа е 409,5 Ра. До кој кат на некоја зграда може да се искачи водата под дејдтво на тој притисок, ако висината на едниот кат е 3 m?

  23. Лизгач со маса 48 kg се лизга на лизгалки кај кои ширината на острицата е 3 mm, а должината на острицата е 30 сm. Колкав притисок врши лизгачот ако стои на двете лизгалки?
  24. Висината на нафтата мерена од дното на голем резервоар во една рафинерија е 15 m. Со колкава сила дејствува нафтата врз дното на резервоарот ако површината на дното е 200 m²? ( φ = 800 kg/m³)

  25. Површината на поголемиот клип на хидраулична преса е 100 сm², а на помалиот 5 сm². Со колкава сила треба да притиснеме на помалиот клип за да добиеме сила од 8000 N m² кај поголемиот клип?
  26. Едно тело е потопено во вода и е полесно отколку во воздух за 2 N. Пресметај го волуменот на телото?

  27. Колкав е притисокот под прстите на балерината која изведува фигура на една нога . Балерината има маса 48 kg, а површината на прстите 5 сm²?
  28. Колку би требало да биде висока цевката на живиниот барометар ако при притисок на воздухот од 750 mm живин столб, место жива во цевката се стави вода? (φ = 13600 kg/m³)
  29. Колкава е тежината на сидрото во воздух ако неговата тежина во морската вода е 111,8 N. Волуменот на сидрото е 3,5 dm³? (φ = 1030 kg/m³)

  30. Предмет тежок 800 N плива по површината на водата. Делот од предметот над површината на водата има волумен од 6 dm³. Колку изнесува волуменот на предметот? 
  31. Коцка со раб 10 сm потполно е потопена во вода. Колкава сила на потисок дејствува на коцката? 
  32. Куче тешко 120 N кога стои врши притисок на површината од 37,5 kРа. Пресметај ја допирната површина на едната нога од кучето. 
  33. Плоштините на клиповите на хидраулична дигалка се ѕ1 = 10 сm² и ѕ2 = 50 сm². На помалиот клип дејствува сила од 500 N. Колкава сила дејствува на поголемиот клип?                        

Внатрешна енергија и топлина


Внатрешна енергија и топлина
Прашања:
  1. Кое движење е наречено топлинско движење?
  2. Што е внатрешна енергија на телото?
  3. Што е апсолутна температура?
  4. Што е целзиусов степен?
  5. Кој целзиусов степен се зема за апсолутна нула?
  1. На кои начини може да се промени внатрешната енергија на телата?
  2. Што се подразбира под поимот топлина?
  3. Што е количество топлина?
  4. Што е специфичен топлински капацитет?
  1. Од што зависи количество топлина што ја испушта (прима) телото при ладење или загревање?
  1. Напиши ја равенката за топлинската рамнотежа меѓу две тела?
  1. Со што е определен топлинскиот капацитет на едно тело?
  2. Зошто со промената на температурата, телата го менуваат својот волумен?
  3. Што е коефициент на линеарното ширење на некоја супстанца?
  4. Напиши ја равенката за линеарното ширење на телата.
  5. Поради што е значајна аномалијата на водата за животот на Земјата? (објасни)
  6. Како се менува волуменот на гасовите со промена на температурата при константен притисок? (напиши ја равенката на овој закон)
  7. Како се менува притисокот на гасот со промена на температурата при постојан волумен? (искажи го овој закон и со равенка)
  8. Каква е разликата меѓу специфичен топлински капацитет и топлински капацитет на едно тело?
  9. Во пустините дење е многу жешко, а ноќе многу ладно. На каков заклучок не наведува тоа?
  10. Зошто при централните греења се користи водата, а не било која друга течност?
  11. Ошто течностите и гасовите многу слабо ја спроведуваат топлината кога се загреваат од згора?
  12. Зошто земјата кога е покриена со снег не замрзнува?
  1. Зошто ветерот преку ноќта дува од копното кон морето, а преку ден од морето кон копното?
  2. Зошто заболекарите не препорачуваат да се јаде многу жешка храна или после жешка храна да се пие студена вода?
  3. Зошто цистерните за бензин не смее да се полнат до горе?
  1. Топче не плива во топла вода, а плива во ладна. Што го условува ваквото однесување на топчето?
  1. Објаснете зошто во студена зима водата во езерата не замрзнува до дно?
  2. Зошто загреани медицинските чаши се прилепуваат кон телото на човекот?
  3. Во која агрегатна состојба материјата нема определена форма и волумен?
  1. Дали водата на 0ºС се шири при загревање? Објасни!
  2. Дали им се менува густината на телата при нивното загревање? Објасни!
  3. Какво својство има водата на 4ºС кога е во топла или ладна вода?
  4. Што е дифузија?
ЗАДАЧИ:
  1. Железна прачка при 0ºС е долга 20 m. Колкава е должината на прачката на 30ºС. (α = 0,000012 1/ºС)
  2. Прачка од платина на 10ºС е долга 995 mm. При која температура прачката ќе биде долга 1 m? (α = 0,000009 1/ºС)
  1. Должината на бакарен проводник од далноводот меѓу два столба е 200 m при 0ºС. За колку ќе се издолжи овој проводник на температура од 35 ºС? (α = 0,000017 1/ºС)

  1. Притисокот на гасот е 25000 Ра, а волуменот 1m³. Колку ќе изнесува притисокот на гасот ако волуменот се намали на ½ и ¼ . Нацртај табела и графикон.
  2. Во метален сад затворени се 10 l водород при температура 27ºС и има притисок од 100000 Ра. Колкав ќе биде притисокот во садот ако тој се загрее на температура од 327ºС, ширењето на садот се занемарува.
  3. Кислород чиј волумен е 200 l и притисок 100 kРа збиен е во метален сад со волумен 20 l. Колкав е притисокот на кислородот во садот ако при тоа температурата останала непроменета?
  4. Када долга 2 m, широка 0,75 m исполнета со вода до длабочина од 0,5 m. Колку топлина ќе се ослободи кога водата ќе се излади од 20ºС на 18ºС?
  5. Бакарна топка со маса 1,5 kg треба да се загрее од 15ºС на 100ºС. Колку топлина е потребно за загревањето? (с = 328 Ј/kgºС)
  6. Колку топлина е потребно да се загрее од 0ºС до 15ºС соба долга 4 m, широка 3,5 m и висока 2,5 m? (с = 328 Ј/kgºС)
  7. Во еден сад е налеано 420 g вода чија температура е 20ºС и 900 g вода на 70ºС. Колкава е температурата на водата по мешањето?
  8. Колкаво количество (маса) на вода ќе може да се загрее од 25ºС до 65ºС кога ќе се потроши 6720 kЈ топлина?
  9. Еден сад треба да се наполни со 120 l вода чија температура да биде 35ºС. Ако располагаме со вода загреана на 75ºС и вода на 15ºС, колку треба да се земе од едната, а колку ов другата вода?
  1. Тело тешко 8 N паѓа на земјата со брзина од 40 m/ѕ. Колкаво количество топлина ќе се развие при судирањето (претпоставка: целото количество механичка енергија се претвора во топлина)
  2. Оловно топче со маса 3 kg паѓа на земјата од висина 24 m. За колку ќе се зголеми температурата на топчето ако тоа прима 50 % од количеството на топлина што се развива при судирањето. (с = 120 Ј/kgºС)